Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми треба мрсничка, мазна хартија. Не знам како си вика :unsure: Како за флаери што е таа.
Е таква. Каде можам да купам? И дали има некаде да се продава на парче, да не купувам паковање од по еден тон?
Фала ви :love:

Хартијата мислам дека се вика „сјаен кунздрук“. Инаку скоро секаков вид на хартија на мало има во книжарниците на Офис Плус.[DOUBLEPOST=1401179646][/DOUBLEPOST]
Некаква продавница за самоодбрана во Скопје? (Електрични пиштоли, спрееви ...)

Микеи интернационал продаваат оружје и ловна опрема, но имаат и производи кои може да се користат во самоодбрана.[DOUBLEPOST=1401179844][/DOUBLEPOST]
Барам фудбалче ваков стил нешто не од оние флиперските :)
http://www.spil-aps.dk/files/webshop/images/1814/0.jpg

Или вакво пикадо http://istra-kvarneroglasi.com/images/listings/ac7cc804-1311337953-d_pic.jpg :) ??
пазар3, реклама5 и слично слабо стојат со некоја понуда, ако имате некое инфо тука сум . :)

Фудбалче на маса имаат во Атлантик Комерц. Прашај може и слично пикадо да имаат.[DOUBLEPOST=1401180119][/DOUBLEPOST]
Од нигде никаде ми се појавија мравки дома, имам дома инсектицид ама страв ми е да прснам, најмногу поради маченцето, додека да изделува два-три саати ќе го тргнам и ќе седи, и ние ќе се тргнеме, ама работава е да не е штетно за него и после дејството, баш немам искуство со вакви работи, некој да имал вака, совет, мислење, што да правам, кој инсектицид да го користам?

Еве неколку производи кои може да ти помогнат:
Неопитроид
Неопермин
Соларен бркач на мравки
Бркач на мравки
 
Последно уредено:
Каде може низ градов да најдам дехидрат (храна) за мало куче?
Бев во оние околу Буњаковец трговскиот и пазарчето и немаше во ниедно.
 
Каде може низ градов да најдам дехидрат (храна) за мало куче?
Бев во оние околу Буњаковец трговскиот и пазарчето и немаше во ниедно.
Фауна се наоѓа позади Мечос, и сигурно имаат храна за мали кученца. Секогаш имаат неколку вреќи (не килограми на залиха), а продаваат и на кило. Е сеа они си имаат и малку помрсни цени немаат од оние никаквоте храни што се по 70-80 денари.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
И таму бев. Немаат. :( Некој друг поснабден пет шоп?
 
И таму бев. Немаат. :( Некој друг поснабден пет шоп?
Чудно, иначе они ти се еден од поснабдените, а ти да не бараш онаа што е за под 3 месеци? Во таа околина друг со поголем избор ти е петсуплај се наоѓа на рузвелтова на сама кривина е неможеш да го промашиш. Ако е за толку мали кучиња кај увозниците на ројал сигурно има, а мислам дека и кај увозникот на брит се наоѓа.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
Да не знаете каде има големи декоративни корпи од плетен бамбус, со капак?

Веќе бев во пластичарска улица, но таму имаат корпи за алишта, а не декоративни.

Нешто вакво отприлика, да може да се стават работи и ситници внатре.

24961.jpg
 
Каде можам да ги најдам тие освежителните напитоци од докторс каде ги има во секој кафич низ Македонија.Имаат вкус на лубеница, диња, јагода, лимон, цитрон и многу други овошја претежно тропски.

Благодарам однапред.
 
Ме интересира дали некој од тука работи или познава некој што работи во шопинг центаров Елит во ГТЦ, и како се движат платите? :D
 
Има ли тема на форумов за поскапувањето на цигарите ?
 
Евтино мотелче во Скопје, ми треба за една вечер, и колку се движи цената одприлика?
 
Евтино мотелче во Скопје, ми треба за една вечер, и колку се движи цената одприлика?
https://www.facebook.com/pages/ROYAL-Hostel-skopje/374051759371789

не верувам да е скапо, зашто е подалеку од центар имаш околу 5км. А постојано го гледам полно со странци, веројатно е добро.
 
Чудно, иначе они ти се еден од поснабдените, а ти да не бараш онаа што е за под 3 месеци? Во таа околина друг со поголем избор ти е петсуплај се наоѓа на рузвелтова на сама кривина е неможеш да го промашиш. Ако е за толку мали кучиња кај увозниците на ројал сигурно има, а мислам дека и кај увозникот на брит се наоѓа.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk

Па моето куче нема ни 2 месеци. Може дека им побарав за толку мало и затоа немаат. Препорачајте ми која храна да му ја земам?
 
Луџе кај мојм да најм онаква камера шо снима закачена на хеличоптер ? Аа. Знае некој кај се продава у мк скопје ,не на онлајнски страни :-)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom