Ете ти пишав за стариот завет... (Матеј 4-4, 4-6, 4-7, 4-10, 21-13, 26-24, 26-31, Марко 7-6, 9-12, 11-17.... ит.н) Сакаш уште. или...?!
Матеј 4
4.Но Исус му одговори: „Светото Писмо вели Човекот не живее само од леб, туку и од секој збор што произлегува од Божјата уста!‘“
6.и Му рече: „Ако си Ти Божјиот Син, фрли се долу, бидејќи во Светото Писмо пишува:,Бог ќе им заповеда на Своите ангели да Те чуваат, на своите дланки да Те понесат, за да не ти се препне од камен ногата.‘“
7.А Исус му одговори: „Но, го пишува и следново: ,Не искушавај Го Господа, твојот Бог!‘
10.Но Исус му одговори: „Бегај оттука, Сатано! Светото писмо вели:,Поклонувај Му се само на Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му!‘“
Матеј 21:
13. и им рече: „Во Светото Писмо пишува дека Бог рекол: ,Мојот храм нека биде место за молитва.‘А вие го претворивте во разбојничко дувло
Mатеј 26:
24. Навистина, Јас, Синот Човечки, морам да умрам, како што е претскажано во Светото Писмо; но тешко си му на тој човек што ќе Ме предаде Мене, Синот Човечки! Подобро ќе му беше ако воопшто не се родеше!“
31. Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Во текот на оваа ноќ сите вие ќе Ме напуштите, како што е претскажано во Светото Писмо:,Ќе удрам по Пастирот, и овците ќе се разбегаат
Марко 7:
6. Исус им одговори: „Лицемери! Убаво рекол за вас Бог, преку пророкот Исаија:,Овој народ Ме почитува со устата, но срцето му е далеку од Мене!
Марко 9:
12: Исус им одговори: „Бездруго, најпрво ќе дојде Илија, за да подготви сe. Но, зар Светото Писмо не го вели и тоа дека Синот Човечки многу ќе настрада и дека ќе биде отфрлен?
Марко 11
17: Потоа ги поучуваше, велејќи: „Зар Бог во Светото Писмо не ви напиша: ,Мојот храм нека биде место за молитва на сите народи
Ни трага ни глас од порака за толкување на неговите зборови! Значи апсолутно во ниеден од овие стихови Исус не вели дека неговите зборови и пораки ќе треба да бидат толкувани од некого! Рандом посочени стихови, во надеж дека нема да бидат проверени.....