Види вака.Во секој случај македонското земјоделство ти е умри машки.
Ќе се отепаш од работа, која не е нималку лесна, а најболното од се е тоа што сигурноста ти е нула...
Моментално живееме во улава држава, во која нема ценовна стабилност, уште помалку сигурност за пласманот на производот.Најболното од се е што може да ти се случи да не ти биде платен трудот(за пример мене од Свед милк АЈДУЧИШТАНА ми останаат околу 40.000 денари неисплатени, кои се веке одамна прежалени), субвенциите може да се случи воопшто и да не ги добиеш(работи кои не смеат да бидат така).
Рачунај дека ке имаш работен ден од минимум 12 работни часови.Но тоа и не е толку голем проблем, бидејки е потребно искуство,фактори на производството(кај говедарството се јавуваат во вид на пари,Говеда(крави), земја, машини за обработка, објекти и работна рака).
Набавката на млечни крави се врши индивидуално.Но постојат исклучоци нормално.
Можеш да направиш договор со некоја млекарница, за набавка на млечни крави.Нормалното млекото нив ке им го продаваш, а ке ги исплаќаш како кредит секој месец со одбивање на одредена сума пари од онаа која треба да ти биде исплатена.
Државата истотаа го субвенционира набавувањето на високомлечни крави, со ако не се лажам околу 50%.