мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 20.220
- Поени од реакции
- 25.482
Не треба да бидиш експрет за да знаеш дека овошјето и зеленчукот кој е наменет за транспорт нема допирни точки по вкус со сезонското овошје кое не е сосила зреано, не е собарно зелено , не е некоја комерцијална сорта која дава многу род кој трпи транспорт и одгледувано за кеф а не за чист профит.петок, 09 мај 2014, 16:32
Македонија
Пчеларите го изгубија багремовиот мед
Последните врнежи го измија поленот од цветот на багремот, па пчеларите оваа година останаа без првиот мед кој обично го вадат токму од ова дрво. Дел од нив веќе стравуваат дека доколку не се подобрат временските услови, можно е да им се намали приносот на мед
![]()
- Токму кога багремот беше во фаза на цветање, тогаш ремето беше врнежливо и немаше услови ниту пчелите да работат, ниту ние да работиме на пчеларниците.
Сепак состојбата не е толку неповолна бидејќи по овој дожд никнуваат полските цвеќиња и треви, така што останува пчелите да собираат од полската и ливадската паша – вели Богдан Најдовски од неготинското пчеларско здружение „Мелиса“.
Голем проблем за пчеларството во Македонија, според него, се уште останува пласманот и цената на медот.
- Македонскиот мед е еден од подобрите, со извонреден квалитет, но иронијата е во тоа што македонските граѓани јадат неквалитетен мед, кој што не може ни да се каже дека е мед, туку е повеќе некаков гликозен сируп, а тоа што е добро се извезува надвор од државата – вели Најдовски.
*********
Вака е мање више за се. Најквалитетниот македонски мед, сирење, ресани и буквално се што може да се спакува иде за извоз. Парата го врти светот, ама важно таму кај што има пари имало само пластичен зеленчук и овошје. Фак лоџик...
Пример и тука има јаготки кои се произведуваат под пластеници, некој специјални холандски сорти кои се големи колку јаболко што се вика , на лик лиги ке ти протечат но кога ке ја пробаш непријатно ке се изненадиш. Е додуша тие и во март ке ги најдиш и ке ги платиш еден куп пари ама е неспоредливо со јаготката која не е сосила зреана, со домашна сорта која созрева кога ке и дојде времето и не дава род да биди комерцијално исплатлива нити е прикладна за транспорт. Друг пример ти се праските. Имаме праски кои се наменети за извоз и се како тениски типчиња и имаме и праска која е праска. Кој пробал знае. Ама таа праска додека стигни каде што треба да стигни добра ке биди за компот и за ништо друго. Доматите. Да да исти се по вкус оние под оранжерија произведени, сорти кои се наменети за извоз со оние кои се сеозонски.
Иста мака. Додека стигнат таму каде што треба да стигнат ке бидат кечап. Ми е мака да набројувам за сите други овошја и зеленчуци кои се наменети за извоз со домашните.
Значи еден глуп заклучок. Секое овошје и зеленчук кое е наменето за извоз првенствено се става акцент на издржливоста при транспост, количина на род( дали е комерцијално исплатливо), лик и време на созревање. Колку порано толку подобро и поскапо. Вкусот најчесто не е ни земен во обзир. Од друга страна овошјето и зеленчукот кои природно виреат на некој простор, кои не се комерцијални сорти, кои не се сосила зреани и кои по некое непишано правило не трпат транспорт на подолги релации се каде каде подобри во вкусот.
Така да дали таму се јади пластично овошје и зеленчук посебно ако тоа е увезено и не вирее природно во таа средина е во најмала рака дискутабилно. Ама од друга страна од каде јас да знам што вкус имаат бананите. Сум пробал само увозни, созревале додека иделе на кај Македонија. И нормално за мене тие се супер, но на некој на кој му растат во дворот има сосем друго мислење.
Инаку за медот. Такво нешто може да напише некој кој има интерес тоа да го напише или некој кој нема три чисти од мед. Патем речено багремот кај мене нема абер од цветање, а не пак дождот да го измие.