Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.426
- Поени од реакции
- 5.107
Како тоа интересите на Русија моментално се нападнати, кога во последниве месеци единствен добитник е постојано Русија?Исто. Само што Кина има 20-30 години за стабилизирање, интересите на Русија моментално се нападнати и ќе се напаѓаат во идниов период.
Го вратија Крим, добијаа огромен пристап на водите околу Крим, склучија историски договори со Кина со кои ќе станат многу повлијателни во тој регион итн.
Да не зборуваме пак за последните неколку години... Изградба на Северен и Јужен поток за целосна зависност на ЕУ од Русија, го сопреа ширењето на НАТО, Грузија многу брзо премина на Руска страна, нема ниту трага од долгоочекуваниот анти ракетен штит на САД, ја спасија Сирија да не биде под контрола на САД, Руски компании градат нафтоводи во Нигерија, Венецуела итн. Доволно набројав за да не ги спомнувам и економските успеси.
Назад на темата, нападнати се интересите на САД. Заминаа проруските региони во Украина, готово е. Ако не ги добие сега територијално, Русија ќе ги има тие региони понатаму за силно да влијае врз Украина. Ова е само расчистување на она што поодамна се знаеше.