Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    759
Исто. Само што Кина има 20-30 години за стабилизирање, интересите на Русија моментално се нападнати и ќе се напаѓаат во идниов период.
Како тоа интересите на Русија моментално се нападнати, кога во последниве месеци единствен добитник е постојано Русија?
Го вратија Крим, добијаа огромен пристап на водите околу Крим, склучија историски договори со Кина со кои ќе станат многу повлијателни во тој регион итн.
Да не зборуваме пак за последните неколку години... Изградба на Северен и Јужен поток за целосна зависност на ЕУ од Русија, го сопреа ширењето на НАТО, Грузија многу брзо премина на Руска страна, нема ниту трага од долгоочекуваниот анти ракетен штит на САД, ја спасија Сирија да не биде под контрола на САД, Руски компании градат нафтоводи во Нигерија, Венецуела итн. Доволно набројав за да не ги спомнувам и економските успеси.

Назад на темата, нападнати се интересите на САД. Заминаа проруските региони во Украина, готово е. Ако не ги добие сега територијално, Русија ќе ги има тие региони понатаму за силно да влијае врз Украина. Ова е само расчистување на она што поодамна се знаеше.
 
Како тоа интересите на Русија моментално се нападнати, кога во последниве месеци единствен добитник е постојано Русија?
Битка за Украина не е напад врз интересите на Русија? Што губи САД ако не ја добие Украина? Ништо што предходно имал. Што губи Русија ако изгуби макар квадратен километар од Украина. Влијание на тој квадратен километар. Чии интереси се нападнати?
 
Назад на темата, нападнати се интересите на САД. Заминаа проруските региони во Украина, готово е. Ако не ги добие сега територијално, Русија ќе ги има тие региони понатаму за силно да влијае врз Украина. Ова е само расчистување на она што поодамна се знаеше.

Кои се интересите на САД?
Или уште подобро, каде тоа САД немаат интерес?

Од тој (твојов) аспект гледано, нападнати се и интересите на САД во Русија... и тоа уште од моментот кога Путин дојде на власт. ;)
 
Битка за Украина не е напад врз интересите на Русија? Што губи САД ако не ја добие Украина? Ништо што предходно имал. Што губи Русија ако изгуби макар квадратен километар од Украина. Влијание на тој квадратен километар. Чии интереси се нападнати?

Украина беше долго под влијание на Западот. Земањето на Крим беше жестокиот одговор на Русија. А сега голема е веројатноста да заминат под Руска контрола и голем дел од териториите на Украина. И да не заминат, тие области се одговорни голем дел од Украинската економија и развој. А ќе бидат под далеку поголема Руска контрола отколку што беа.
Кој е добитникот?
 
Украина не беше ниту еден ден под влијание на Западот. :)
 
Украина дозволи американски експерти да го испитаат до детал секое современо оружје што беше останато од распадот на СССР, што е најдобар показател колку Украина беше и сеуште е под Американско влијание. Се останато занемаруваме, ова е доволен доказ.
 
Во ред, џабе е да се натегаме. За десетина години ќе видиме точно што се случува во позадина сега.
 
Украина беше долго под влијание на Западот. Земањето на Крим беше жестокиот одговор на Русија. А сега голема е веројатноста да заминат под Руска контрола и голем дел од териториите на Украина. И да не заминат, тие области се одговорни голем дел од Украинската економија и развој. А ќе бидат под далеку поголема Руска контрола отколку што беа.
Кој е добитникот?
Да се надоврзам, 90% од олигарсите во Украина се под капа на Западот. Над нив Русија немаше никакво влијание.
Игор Коломитски така некако беше баш паметам го имаше оштетено Абрамович за неколку милиони евра.
Ринат должи доста пари на Руски фирми, а парите негови си ги чува во Лондон.
Чоколадите кои ги произведуваат фирмите на Петар Порошенко беа забранети во Русија ама не и на западот, ова зборам уште пред да се случи Маидан и настаните после тоа.
Во земја во која 50% од БДП то е во раце на 50тина силни олигарси, не е важно на која страна е народот.
Важно е олигарсите кај се, а сите гледаме дека маските паднаа во последниов период, така интересна е твојата констатација.
 
Ги пуштија луѓено боси во оган.Ќе испогинат за џабе.
 
Во ред, џабе е да се натегаме. За десетина години ќе видиме точно што се случува во позадина сега.

Кој ќе чека десет години... :)

Види што се случуваше со Русија пред 10 години, види сега. Побарај архиви од весници, статии од 2004, прочитај нешто и спореди ја тогашната ситуација во која била Русија со денешната. Наеднаш многу работи ќе ти станат јасни.
 
Не ја спорам способноста на руското раководство. Не сум луд. :D А, за ова во Украина ќе мора да почекаме 10-тина години за точната верзија. Сакале-нејќеле. Ниедна страна сега нема да ја каже вистината.
 
не ми е јасно како путин ја свитка опашката и ги остави неговиве луѓе на немилост :/
Не ја читаш темава.[DOUBLEPOST=1401295086][/DOUBLEPOST]
Не ја спорам способноста на руското раководство. Не сум луд. :D А, за ова во Украина ќе мора да почекаме 10-тина години за точната верзија. Сакале-нејќеле. Ниедна страна сега нема да ја каже вистината.
И ти не ја читаш темава.
Јас неодамна се приклучив, и, само мојот придонес да го проследиш - ќе знаеш доволно.
Работата/темава е многуслојна, и многу е корисно да се проучи.
 
Не е малку тенденциозно да тврдиш дека ја знаеш апсолутната вистина? :)
 
Јас убаво си го мерам секој збор напишан на форуми.
Реков "доволно".

А целосната вистина можеби некогаш ќе ми ја каже/претстави Господ.
(y)
 
Не реков целосно, реков апсолутно точно. Затоа што познавам информирани луѓе, на кои ова им е работа, кои не се осмелуваат да тврдат дека ги знаат точните мотиви. Имаат претпоставки, ама се е тоа, само претпоставки.

Со среќа во обидите за воспоставување комуникација. Јас ќе чекам да пројдат доволно години, па се надевам дека ќе прочитаме од мемоари и интервјуа на директно засегнатите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom