Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    740
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Што се однесува до технолошкиот развој и воената моќ, 2/3 од најдоброто Кинеско наоружување е Руско, постаро од 4та генерација. Како тоа технолошки и воено Кина е понапредна од Русија?

Што се однесува до Економскиот развој, Кинеската економија тотално е зависна од западните фабрики и Руските енергенси и минерали. Истовремено поради енормното загадување во брзо време ќе бидат силно зависни и од храна. Големиот економски развој на Кина се должи на бедата која ја имаа и тој развој е со ограничен потенцијал. Од друга страна Руската економија е сосема самостална и може да опстои сама по себе во целосна изолација. Премногу ги гледаш работите од дневно-политички аспект.
Не реков дека Кина е помоќна од Русија, туку дека има намера да биде. И ќе биде, ако е доволно паметна да чека. Како што САД чекале и ги собрале научниците од тогаш поразената Германија.

Зошто побогу Кина би и помагала на Русија, кога секое слабеење на позицијата на Русија и трошење на САД им одговара ним. Тие само навиваат судирот помеѓу САД и Русија да трае подолго, за да имаат време да се консолидираат. Тоа нема врска со дневна политика, туку со елементарна логика. Не се ненормални Кинезите, ниту се сакаат со Русите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.034
Поени од реакции
12.554
Тешко да се одбранат русиве од армијата, немаат ни вооружување ни ништо само како глувци гинат. Доколку не им помогне русија ништо не прават.
Доколку новоизбраниот чоколадиран претседател на Украина се држи до својот даден збор и не се откаже од Кримскиот Полуостров, и доколку се осмели да ја испрати украинската војска на Крим, ќе си заигра смртоносна игранка со руската мечка, бидејќи Русија официјално го анектираше Крим со што полуостровот е под воена заштита на Русија.

А што се однесува до источна Украина, ништо не е загарантирано.

Тоа што наводно демократски избран претседател на Украина би ја испратил украинската војска против руското мнозинско население во источна Украина, не е никаква гаранција дека војската сепак ќе удри по Русите во источна Украина.

Сепак ќе си имаат работа со мнозинското население во источна Украина, а Путин може да се вмеша и да им испраќа оружје и муниција, па дури и да испрати командоси во источна Украина за да го осигура отцепувањето на источна Украина. На крајот на краиштата, ако западот сака да си игра валкано со испраќање на приватни војски во Украина, и Путин има право да игра валкано.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Не, доколку го мeрев по број на жители ќе зборував за Кина и Индија, не Кина и САД. Капацитет се мери по технолошки и економски развој, воена моќ, општ капацитет на економијата. Русија нема капацитет ни теоретски да има поголема економија од кинеската и америчката. И како тоа помалку трошат нафта и природни ресурси? Целиот развој на Русија е базиран на засилено експлоатирање на природните ресурси.

Уште една битна работа. Русија е неорганизирана држава. Русија сеуште нема систем што продуцира лидери, сеуште имаат политички партии што ако дојдат на власт тотално би урнале се што се градело досега. Тоа не е моја констатација, туку констатација на Сурков, човекот што беше првото име на листите за санкции на САД и ЕУ.
А Кина што е една организирана држава шта да ти причам. Како прво комунистичката партија, да не ја наречам владата, е неспособна да ги регулира бизнисите, кои растат побрзо одколку што можат да се контролираат. Едноставно што сакаат си праат у Кина бизнисите, не се контролира никаков пазарен неуспех. Државните компании и монополи се не ефикасни, нерегулираните компании загадуваат, и производите не се безбедни за употреба, пошто компаниите не успеваат да ги намалат трошоците на "фер" начин мора да ги намалат на друг начин. Енергетски е неефикасна економијата. Платите им растат, и големата невработеност се намалува, но сепак имаат инфлација од 7-8%, а посебно пренхрамбените производи стануваат поскапи по 17-18% годишно. Други работи за да не поскапуваат постои контрола на цените што е илегално. Банките се државни и повеќе кредити даваат на државните компании, шо дефакто се неефикасни.

Муабетот е, ако Русија е неорганизирана држава, тогаш што е Кина?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Муабетот е, ако Русија е неорганизирана држава, тогаш што е Кина?
Исто. Само што Кина има 20-30 години за стабилизирање, интересите на Русија моментално се нападнати и ќе се напаѓаат во идниов период.
 
F

FARANG

Гостин
А Кина што е една организирана држава шта да ти причам. Како прво комунистичката партија, да не ја наречам владата, е неспособна да ги регулира бизнисите, кои растат побрзо одколку што можат да се контролираат. Едноставно што сакаат си праат у Кина бизнисите, не се контролира никаков пазарен неуспех. Државните компании и монополи се не ефикасни, нерегулираните компании загадуваат, и производите не се безбедни за употреба, пошто компаниите не успеваат да ги намалат трошоците на "фер" начин мора да ги намалат на друг начин. Енергетски е неефикасна економијата. Платите им растат, и големата невработеност се намалува, но сепак имаат инфлација од 7-8%, а посебно пренхрамбените производи стануваат поскапи по 17-18% годишно. Други работи за да не поскапуваат постои контрола на цените што е илегално. Банките се државни и повеќе кредити даваат на државните компании, шо дефакто се неефикасни.

Муабетот е, ако Русија е неорганизирана држава, тогаш што е Кина?

После Сингапур и Швајцарија тешко дека ќе најдеш поорганизирана држава од Кина. Може системот им е комуњарски и на многу на прв поглед тоа им пречи АМА тоа не значи дека се неорганизирани. Во Сиднеј 20 години се бореа да изградат уште една писта на аеродромот, исто и за Лондон, да не збориме да се изгради една железара... Во Пекинг за олимпијадата за 5 минути беше тоа договорено, едноставно се издаде наредба и се сруши населба да се догради аеродромот. Кога сакаат да направат нешто им нема рамен, тоа ти е уствари организација, сеедно дали станува збор за аеродром, град, пруга или било што.

Неспособна да ги регулира бизнисите или банките? Па ти свесен ли си дека од 10те најголеми банки 5 се кинески а уште една е кинеска со седиште во Лондон - HSBC (hongkong, shanghai banking corporation). Дали ти е јасно дека во 100те најголеми банки во светот повторно далеку најмногу се кинески. Дека најголемата кинеска банка е поголема него ли првите 3 амерички ЗАЕДНО.

Државните компании и монополи и т е како се ефикасни, затоа што работат за народот. Не се направени да бидат профитабилни, него да го помогнат народот, тоа е целта и од тој аспект се одлични. Буџетот они си го полнат на друг начин, благодарение на даноците на приватните фирми (странски и домашни) што ти викаш не знаеле да ги регулираат.

Со пораст на економијата од над 10%, инфлација од 2,5%, невработеност од 4,1% и просечна плата од 650 долари месечно Кина (реално ова е помалку ама официјално тоа е цифрата) и не се воопшто лоши. Во кина има и највеќе милјонери во светот сега.

Имате многу грешна слика за кина...
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
НА КОЛЕНА: Украинскиот генерал клекнал пред поранешниот амбасадор на САД и му предал сабја
Обичај е оној на кој му се предава сабја да клекне од почит, а не оној кој го предава, објавил украински новинар на својот Фејсбук профил.


Украина на 25-ти мај 2014-та година падна на колена - оваа фотографија одлично ја покажува покорноста на Украина кон Западот, објавил украинскиот новинар Владимир Скачко на својот Фејсбук профил.

Украинскиот генерал клекнал на колена пред поранешниот амбасадор на САД во Украина и му предал сабја, пишува Владимир.

"Обичај е оној на кој му се предава сабјата да клекне од почит и на тој начин да ја прими укажаната чест, а не оној кој го предава сабјата", напишал Владимир. "Замислите генерал да му подари сабја на полковник, и тој да клекне додека полковникот стои - апсурдно!"

http://tocka.com.mk/1/127532/na-kolena-ukrainskiot-general-kleknal-pred-poranesniot-ambasador-na-sad-i-mu-predal-sabja
[DOUBLEPOST=1401205609][/DOUBLEPOST]
НАД 50 ЗАГИНАТИ ВО БИТКАТА ЗА ДОНЕЦК
РУСИЈА (АП) - Украинските владини сили со авиони и борбени хеликоптери втор ден се бореа со бунтовниците за вториот најголем украински аеродром во Донецк.

Пријавени се над 50 жртви кај проруските бунтовници, и двајца цивили, а украинската влада најави дека воената офанзива ќе продолжи додека не остане ни еден терорист.
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=0B01F68BD5BC4F4E938F386D010D57F3
 
Член од
12 април 2014
Мислења
108
Поени од реакции
45
Исто. Само што Кина има 20-30 години за стабилизирање, интересите на Русија моментално се нападнати и ќе се напаѓаат во идниов период.
тоа и им беше маката на Американците не смееа да си дозволат понатамошен мирен развој на Руската федерација.На русија и требаа уште сигурно 15 години за вистински технолошки развој и имиџ на модерна држава кон која исфрустрираните соседи ке гледаа со почит а не со омраза(полска.балтик.укр идр).оваа глупост не ке беше можна тогаш или потешко изводлива.Американците брзаат со Русија за да можат навреме да се докопаат до ресурсите пред да биде Кина во можност да го прави тоа.а за некакво пријателство мегу овие дивови не може да стане збор не е ова евровизија па кина и дава 20 поени на русија.
 
F

FARANG

Гостин
Русија и Кина ќе се спукаат кад тад окулу Монголија. Се друго нив им е горе доле решено дури и двете држави имаат спор со јапонците што на еден начин може и да ги зближи. Копјата може да се кршат и окулу Виетнам ама тука најверојатно Русија ќе попушти највеќе ради тоа што Виетнам се повеќе бега од руска сфера и сака се повеќе да соработува со APEC и USA
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Oбама и белата куќа зборуваат за санкции и изолација на Русија , овие два посто не ги ебат. Е ај сеа разбери ја играва..:D
Rosneft and ExxonMobil Extended Agreement on Implementation of the Far East LNG Project

Исто и Бритиш Петролеум ,

"BP CEO Bob Dudley emphasized his company’s determination to stick with Russia. “We are very pleased to be a part of Russian energy complex. President (Putin) has urged us today to invest into shale oil... There's so many natural resources in Russia, the openness and partnerships Russia has with companies from all over the world is a good thing for energy,” Dudley added.
Rosneft, BP agree to explore for shale oil in Russia amid sanctions[DOUBLEPOST=1401222811][/DOUBLEPOST]Или што би рекол Волтер...“When it is a question of money, everybody is of the same religion.”

Си ебале мајката сите, жал ми е само што Украинциве ќе страдаат најмногу додека овие си ги билдат бизнисиве...
 
Последно уредено:
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
не ми е јасно како путин ја свитка опашката и ги остави неговиве луѓе на немилост :/
 
M

Mario Gómez

Гостин
не ми е јасно како путин ја свитка опашката и ги остави неговиве луѓе на немилост :/
Замисли ситуација во која Америка е во спор да речеме со Мексико, и секоја ебана држава е на страната на Мексико, што би правеле тогаш Американците. Види лесно е да водиш војна со држави што се илјадници километри далеку, со соседите мора да одржуваш добри односи, иако си правите муабет зад грб, еднаш неделно кафе да пиеш со нив треба. :) Замисли исто комшиите ти должат многу пари, кои ако се скарате нема да ти ги вратат, и замисли треба низ нивниот двор да минеш за да излезиш на улица. Oдговорот се сведува на обична cost/benefit анализа. Било какво миротворна инвазија на руски трупи ќе биде оценета како грабење територија, дури и ако целта е само да се спречат жртви. Едноставно премногу е ставено на маса, дури и рејтингот на политичарите, ако изгинат илјадници руски војници за парче територија од Украина, кога имаат колку 17м километри квадратни други. Крим беше друго, одлична геостратешка позиција и мал ризик од војна.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.135
Поени од реакции
34.636
Новорусија е многу поважна од многу други аспекти, не само заради територијата сама по себе. Повеќе пати е спомнато дека огромен дел од индустријата и големите рудници се наоѓаат таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom