Не ми е стил да цитирам текстови и колумни но мислам дека овој пат вреди да се споели:
Што се случи во Ѓорче, по убиството на Ангел?
Објавено на 27 мај 2014, 21:42
СПОДЕЛИ:
36
1
0
На безбедно временско растојание од убиството на младото момче во Ѓорче Петров и протестите во наредните ден-два дена во Скопската населба, имам потреба и јас да кажам нешто на темава. Мислев дека ќе треба да почекам повеќе, но дождот го испра настанот, па сега освен блиските на починатиот, ретко кој го споменува убиството. Сопствениците на искршените локали тивко ја поправаат штетата, адвокатот на убиецот замолкна, толпата ја нема…. остана само тагата на оние кои изгубија младо момче.
Ќе беше ли различно ако убиецот беше Македонец?
Да. Ќе немаше толпа, искршени локали, прветени коли, судири со полицијата. Ќе немаше медиумска покриеност, поделеност на народот…
Но, ќе имаше убиено дете! Ќе имаше скршена мајка, потиштен татко, расплакани другари и роднини. Мајката не ја интересира дали убиецот е Македонец или Албанец, таа само го сака своето чедо назад.
Ќе беше ли различно ако убиениот беше Албанец?
Да. Повторно ќе немаше етнички тензии, толпа на улица, запалени контејнери, превртени возила, скандирање на етничко агресвини слогани….
Но, ќе имаше убиено дете! Лелек на мајката и плач на таткото! Солзи на другарите и блиските.
Ќе беше ли различно ако убиецот беше Македонец, а убиениот Албанец?
Не! Можеби толпата ќе беше поголема или помала. Можеби немаше да тргне од Ѓорче, туку од Сарај или можеби од Бит Пазар, но сцените ќе беа исти…..
и повторно ќе имаше убиено дете! Прекинат еден млад живот, а со тоа уништени уште неколку.
Значи толпата и демонстрациите се случуваат само кога убиениот и убиецот се од различна етничка заедница? Не е до убиството, туку кој е убиецот, односно што е по националност? Толпата всушност докажа дека не ја интересира тоа дали убиецот е приведен. Во Ѓорче не се бараше правда, туку се покажуваше сила! Во Ѓорче не се бараше решение за безбедноста на граѓаните во главниот град, туку улична правда. Не се демонстрираше кон оние кои се платени да им обезбедат на граѓаните безбедни услови за живот, туку против етничката припадност на убиецот. Толпата во Ѓорче криминално реши да го подржи криминалот!
Од друга страна, следниот ден еден албански портал излезе со информации дека ножот користен за убството бил на убиенот! И дека убиенот и неговиот татко, пред убиството го удриле со кола убиецот! Фалеше уште само да напишат дека и точакот бил негов!(на убиецот) Дознавме дека толпа се собрала и во Сарај! Да не ги спречел Оџата, ќе тргнеле кон Ѓорче! И тие сакале улична правда.
Да, тоа е трагичната ситуација во Македонија. Не се демонстрира против криминалот, туку против етникумот. Во Македонија не е важна вистината, туку гневот. Не е важно колку сте безбедни на улица, се додека тој што ве напаѓа е од вашата националност. И се ќе остане така, се додека сите етнички групи не излезат на заеднички протести. Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи…сите заедно на мирни простести за побезбедно Скопје и поголема ефикасност на органите должни за тоа.
АВТОР: Пацифист
http://grid.mk/read/news/507763476/7467432/shto-se-sluchi-vo-gjorche-po-ubistvoto-na-angel