Актуелни случувања во светот, со осврти од геополитички аспект

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.135
Поени од реакции
34.636
Накратко и без долги, уводи ова е тема за актуелните случувања во светот (гледани од геополитички/геостратешки или од локален аспект). Мислам дека е добро да има ваква општа тема, наспроти локално аспектираните теми за Русија, Украина, САД, итн...

Се разбира, не ми е намерата едноставно само да се нафрлаат вести, туку и да се истакне поврзувачкиот момент со глобалните геополитички настани. Од тој аспект, евентуална геостратешка анализа не е потребна, но секако е добредојдена.
Линкови кон изворите на информации се повеќе од пожелни, и би замолил да се ставаат во цитат долги цитати и големи фотографии/илустрации/слики. „Графички„ фотографии или видеа (со содржина неприкладна за деца, или за одредени работни околини) да се ставаат во спојлери (ги има во менито, под „внеси).

Ќе започнам со дел од еден пост што пред некој ден го постирав во темата за Русија, а всушност мислам дека местото му е тука:

Русија пред една недела дампираше 20% од нејзните американски обврзници.
http://www.zerohedge.com/news/2014-05-15/russia-dumps-20-its-treasury-holdings-mystery-belgium-buyer-adds-another-whopping-40

Russia Dumps 20% Of Its Treasury Holdings As Mystery "Belgium" Buyer Adds Another Whopping $40 Billion

Submitted by Tyler Durden on 05/15/2014 13:23 -0400

Back in mid-March, there was a brief scare after the start of the Ukraine conflict, when Fed custody holdings plunged by a record $104.5 billion (if promptly bouncing back the following week), leading many to believe that Russia may have dumped its Treasurys, or at least change its bond custodian. We noted that we wouldn't have a definitive answer until the May TIC number came out to know for sure how much Russia had sold, or if indeed, anything. Moments ago the May TIC numbers did come out, and as expected, Russia indeed dumped a record $26 billion, or some 20% of all of its holdings, bringing its post-March total to just over $100 billion - the lowest since the Lehman crisis.

But as shocking as this largely pre-telegraphed dump was, it pales in comparison with what Zero Hedge first observed, is the country that has quietly and quite rapidly become the third largest holder of US paper: Belgium. Or rather, "Belgium" because it is quite clear that it is not the country of Begium who is engaging in this unprecedented buying spree of US paper, but some account acting through Belgian custody.

This is how we explained it last month:

... to clarify for our trigger-happy Belgian (non) readers: it is quite clear that Belgium itself is not the buyer. What is not clear is who the mysterious buyer using Belgium as a front is. Because that same "buyer", who to further explain is not China, just bought another whopping $31 billion in Treasurys in February, bringing the "Belgian" total to a record $341.2 billion, cementing "it", or rather whoever the mysterious name behind the Euroclear buying rampage is, as the third largest holder of US Treasurys, well above the hedge fund buying community, also known as Caribbean Banking Centers, which held $300 billion in March.

In summary: someone, unclear who, operating through Belgium and most likely the Euroclear service (possible but unconfirmed), has added a record $141 billion in Treasurys since December, or the month in which Bernanke announced the start of the Taper, bringing the host's total to an unprecedented $341 billion!

Make that an unprecedented $381 billion because as we just learned "Belgium" bought another $40 billion in March!

Curiously, this happened as Japan sold $10 billion in TSYs, and as China remained unchanged. Further, foreign official accounts actually declined from $4.069 trillion to $4.054 trillion, which means this is what the US Treasury would classify as a "Private" buyer.

So to summarize, of the total $60 billion increase in foreign Treasury holdings, which rose from $5.89 trillion to $5.95 trillion, "Belgium" accounted for two thirds, most likely doing the purchases under the guise of a "private", unofficial account!

And once again, it is Belgium in "", because whoever is buying through the tiny European country, whose GDP is just double its reported total TSY holdings, is neither its government nor its people.

The question remains: who? Who has bought a whopping $200 billion in Treasurys using Belgium as a proxy since October?
Тие 20% се отприлика 25 милијарди долари. Во текстот понатаму пишува како некој преку Белгија, купил американски обврзници во вредност од 60 милијарди долари. Најверојатно (и повеќе од тоа) самата банкарска мафија од Вол Стрит, за нив барем не е проблем, печатат пари колку ќе затреба.

Како и да е, што купуваат Русите додека ги продаваат амерканските обврзници по дампинг цена?
- Злато (ова го правеше и Гадафи, пред да го убијат):
http://www.goldcore.com/goldcore_blog/Russia_Buys_900_000_Ounces_Of_Gold_Worth_1_17_Billion_Dollars_In_April

The Russian central bank has again increased its gold reserves by another 900,000 ounces worth $1.17 billion in April.

Russia’s gold reserves rose to 34.4 million troy ounces in April, from 33.5 million troy ounces in March, the Russian central bank announced on its website yesterday. The value of its gold holdings rose to $44.30 billion as of May 1, compared with $43.36 billion a month earlier, it added.

Кина уште од минатиот Декември почна со дампинг на скоро 50 милијарди долари од нејзните американски обврзници:
http://www.bloomberg.com/news/2014-02-18/china-cuts-treasury-holdings-most-since-2011-amid-taper.html

Нормално, Кинезите купуваат злато.
Блумберг јавува дека во Јануари над 80% од златото извезено од Швајцарија, отишло за Азија (и се разбира најголемиот дел во Кина).
http://www.bloomberg.com/news/2014-02-20/switzerland-sent-80-of-bullion-exports-to-asia-in-january-1-.html

Дека нешто се спрема, покажува и фактот дека Кина забрзано прави големи залихи од нафта. Како голем потрошувач на енергенси, Кинезите не сакаат да бидат заложници на некоја идна (или претстоечка?) енергетска криза (сигурно на ја заборавивте Заливската Војна).
http://business.financialpost.com/2014/05/21/why-china-is-stockpiling-huge-amounts-of-oil-at-a-record-pace/?__lsa=97a9-3ef2

Продлабочената соработка меѓу велесилите на истокот е се поизразена. Пред некој ден се потпиша историскиот 30годишен договор со кој Русија ќе ја снабдува Кина со енергенси (гас и нафта).
Но тука е и воената соработка. Русија до 2018та треба да го има завршено S-500 uултрамодерниот систем за противвоздушна одбрана. Овој систем наводно може да погоди цели во свемирот и има домет од 500 километри.
Има гласини дека и Кина може да добие од оваа опрема.
http://www.ibtimes.com/russia-fight-space-invaders-other-threats-advanced-star-wars-s-500-missile-defense-system-1401975

Потоа, наводно наскоро треба да се потпише договор за продажба на напредните Сукхои СУ-35 на Кина. Ова е многу интерено воочи превирењата со Јапан (зад кои нормално стојат САД), заради сопствеништвото на спорните острови до Тајван... СУ-35 е супериорен авион, и повеќе од одговор на јапонските увезени Ф15.
http://thediplomat.com/2013/11/how-china-plans-to-use-the-su-35/

Понатаму, ќе следи мал осврт на актуелните настани во Тајланд. Во меѓувреме, чуствувајте се слободни да споделите вести или да се придружите во дискусијата со коментар на одреден дел од содржината. (y)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.419
Ќе ја префрлам дискусијата во оваа тема.

Не реков дека Кина е помоќна од Русија, туку дека има намера да биде. И ќе биде, ако е доволно паметна да чека. Како што САД чекале и ги собрале научниците од тогаш поразената Германија.
Нема држава на светот која не сака да биде најсилна во свет. Кина ете има предиспозиции бидејќи е голема држава, ете економски се развива и така натаму. Меѓутоа технолошки и научно е инфериорна во однос на западната цивилизација (под западна цивилизација ја сметам и Русија во овој контекст). Незнам дали за тоа причина е јаз во цивилизациската еволуција или е причина бедниот живот на населението, но едноставно тоа така е.

Зошто побогу Кина би и помагала на Русија, кога секое слабеење на позицијата на Русија и трошење на САД им одговара ним. Тие само навиваат судирот помеѓу САД и Русија да трае подолго, за да имаат време да се консолидираат. Тоа нема врска со дневна политика, туку со елементарна логика. Не се ненормални Кинезите, ниту се сакаат со Русите.
Како ќе може Кина да се консолидира, па и конфликтот да трае 10 кодини. Ако е за така Кина имаше 4 децении да се консолидира за време на студената војна. Едноставно јасно им е дека тешко во брзо време ќе превземат иницијатива и затоа прават благ наклон кон поблиската страна, притоа имајќи некаков бенефит.

Но не го спорам ривалството. Кина и Русија имаат причини за ривалство со самото тоа што делат граници и имаат спорни територии, но имаат уште поголема причина за сојузништво во моментов. Уште на почетокот на кризата Кина напомена дека се сеќава на времето од студентската револуција, кога единствено тогашниот Советски Сојуз не ја почитувал изолацијата. Но секако дека не се само принципи во прашање, тоа беше само најава.

Неможеме да ја гледаме работата од аспект:„Кинезите не се глупи, ќе ја заебат Русија“. Како па Русите да се глупи и се заебуваат. Секогаш има повеќе пристапи за една иста работа. Што ги прави Русите глупи во моментов? Дали мислиш дека таму седат некои пијаници во кафана и ја кројат политиката на Русија? Јас мислам дека на чело со Русија се луѓе под чие водство во најмала рака, моќта и влијанието на Русија ќе порасне не само во однос на Кина, туку и внатре во Кина.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208

Апсолутно ништо. Ова руско раководство е едно од најспособните што го имале. Едно од најспособните општо, не само во Русија. Само проблемот е што наследија држава која беше не на колена, туку на апарати. Направија многу во насока на стабилизација, ама има уште огромна работа пред нив. Тоа го признаваат и самите тие, во интервјуа и анализи. Проблемот е што Америте го гледаат тоа и одлучија веќе да не им даваат време.

Јас немам никаква замерка за тоа како екипата на Путин ја води Русија. И мислам дека ако го гледаме персоналниот капацитет на најтесното раководство, не се ништо поназад од Америте, напротив. Но, проблемот е што немаат силни институции зад нив. Не можат лесно да делегираат. Нема систем што произведува луѓе на кои може да им се делегираат работи и тие да ги завршат без проблеми. Од тука и таа сеприсутност на Путин. И за најмала работа мора тој лично да биде замешан. Тоа е компаративната предност на САД, што (бар според мене) Русија не може да ја компензира со ништо. Не во моментов.

За останатото генерално се согласувам. Најголемиот проблем на Кина е нерамномерниот регионален развој и имаат уште многу работа на тоа. Притоа, не мислам дека сега дејствуваат водени од принципи, туку опортунистички. Доколку треба да се кладам, би се кладел дека доколку добијат подобар договор веднаш би ја пуштиле Русија низ вода. И нигде не тврдам дека Путин не го знае тоа. Човекот го прави тоа што мора да го прави. Да беше понеспособно руско раководство, веќе ќе беа изгубени и Сирија, и Иран, и цела Украина.
 
Кога ќе размислиме малце подлабоко и доколку го увидиме целиот тек на настаните од 90та па навака. Мислам дека дури и под Јелцин скриени од подценувањата кои ги пропагираа довчерашните ривали, Русија убрзано работеше на својот развој. На некој начин Путин му беше десна рака на Јелцин и всушност Јелцин го назначи за негов заменик. Тоа ми говори дека политиката сепак е континуирана, а не само резултат на еден лидер. Сепак boostот на Путин, не може да не е сигнификантен за целосна Руска политика во денешницата.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.076
Поени од реакции
13.370
Апсолутно ништо. Ова руско раководство е едно од најспособните што го имале. Едно од најспособните општо, не само во Русија. Само проблемот е што наследија држава која беше не на колена, туку на апарати. Направија многу во насока на стабилизација, ама има уште огромна работа пред нив. Тоа го признаваат и самите тие, во интервјуа и анализи. Проблемот е што Америте го гледаат тоа и одлучија веќе да не им даваат време.

Јас немам никаква замерка за тоа како екипата на Путин ја води Русија. И мислам дека ако го гледаме персоналниот капацитет на најтесното раководство, не се ништо поназад од Америте, напротив. Но, проблемот е што немаат силни институции зад нив. Не можат лесно да делегираат. Нема систем што произведува луѓе на кои може да им се делегираат работи и тие да ги завршат без проблеми. Од тука и таа сеприсутност на Путин. И за најмала работа мора тој лично да биде замешан. Тоа е компаративната предност на САД, што (бар според мене) Русија не може да ја компензира со ништо. Не во моментов.

За останатото генерално се согласувам. Најголемиот проблем на Кина е нерамномерниот регионален развој и имаат уште многу работа на тоа. Притоа, не мислам дека сега дејствуваат водени од принципи, туку опортунистички. Доколку треба да се кладам, би се кладел дека доколку добијат подобар договор веднаш би ја пуштиле Русија низ вода. И нигде не тврдам дека Путин не го знае тоа. Човекот го прави тоа што мора да го прави. Да беше понеспособно руско раководство, веќе ќе беа изгубени и Сирија, и Иран, и цела Украина.
Претпоставувам констатацијата ти е од интервјуто од Суроков кое беше во 2005. Да тогаш и јас би се сложил со тебе да бевме 2005, но минаа 9 години од тоа интервју.
Од тогаш па до 2014 самиот Суроков беше доста активен во сите неформални акции организирани во Русија, претежно се однесуваа на младата популација и претпостувавам баш беа започнати со таа цел, внес на свежа крв во политичките кругови во Кремљ.
Сеуште е рано да ги видиме тие лица во јавност. Имено баш во 2005 е создаден огранокот "Млада гарда" на Единствена Русија, од кој со сигурност ќе видиме нови млади лица во политичките кругови на Русија.Тука е и движењето "Наши" и "Народниот фронт на Русите" сите овие баш се креирани поради таа слабост, потреба од нови лидери во политичките кругови во Кремљ. Има уште движења, но да не напнувам со нив.
Спомена луѓе на кои им се ќе им се делегираат работи кои без проблеми би ги извршувале. Па ете ако ја пратиш внатрешната политика на Русија тука се Шојгу,Рогозин па и Медведев е прилично нов лик на политичката сцена во Русија. Лавров,Чхурукин се задолжени за надворешната политика на Русија, до сега ги немам видено да имаат погрешен став во споредба со Путин или курсот на руската политика.

Мое мислење е дека авторитарниот и цврст политички систем на Кремљ се должи од опасноста од поткуп и пенетрирање на странски играчи во руските елитни политички кругови. Нешто што Русија не смее да си го дозволи пак после Јелцин и елитата која се создаде тогаш а беше користена од страна на Америка за "демократизација" на Русија.

Отидов офтопик, но морав да реплицирам.
 
Не само интервјуто, туку и книгата, па и оставката. Се тоа се планирани политички земјотреси со кои се укажува на нешто.

За тоа дека Русија направи многу во тој правец се согласувам. Ама тоа што денес го спремаат се млади луѓе, кои ќе бидат актуелни за 15-20 години. Затоа САД ги засилуваат активностите. Не сакаат да им дадат 15-20 години. Луѓето кои денес ја водат Русија, се образовани во 80-тите и 90-тите, кога рускиот систем има промашено цели генерации. Сите имиња кои ги спомена се дел од најтесното раководство.

Јас зборувам за нешто друго. Систем кој ќе креира кадар способен да ја врши работата и лојален од секретари на ограноци во општини до претседател на држава. Денес САД тоа го имаат, а Русија го нема. Не по вина на оваа власт, ама го нема. Доколку успее да го креира, Русија ќе стане стварно моќна држава. Следниве 15тина години се клучни за нив.
 
Книга? Дај просветли ме која книга.
Мислиш на романот од Суроков "Околонија"?
Оставка? Јас како што знам тој е сеуште во Кремљ, само неговата позиција не е јасна. Некои весници пишуваа дека работи околу Украина .
СМИ: В.Сурков вернетсја в Кремль курировать Украину

Е ова ми е интересно мене, го активираат баш пред Маидан во Украина.
Ако ја пратиш политиката на Русија, тогаш си запознаен со Дугин исто така идеолог на Кремљ, кој доста беше критичен кон Сурков.

Баш тој систем ти го споменав е тој кој ги креира тие лица, секретари и ограноци и така натаму. Тој сектор се креира неформално.Смената на елитите не се случува за 1 година. На свежата крв му треба време и работа со која се стекнува искуство и довеба, посебно ова последново е важно за земја како Русија.
Поради тоа се поставени постулатите на движењата и форумите кои се форсираат во Русија изминатиов период.

Да ти споменав лица од потесното раководство, бидејќи ако споменам некој кој не е толку експониран во јавноста нема да знаеш кој е тој, така е бидејќи најголемиот број на вести околу руската елита се од западниве земји како Германија,Британија и Сад.
Еве Песков, Нарашкин не се познати кај нас.
Да не ги споменувам Дворкович,Гарашка, Абизов,Коновалов,Новак,Соколов,Медински,Нарашкин или еве најмладиот меѓу нив Никифоров.
Сите се причично млади 30-40 години имаат, сите се едуцирале во тој период 80-ти и 90-ти. Сите се министри во владата на Русија.

Незнам зошто баш ми ја избегна мојата констатација зошто е таков системот и која е опасноста од таков либерален модел на креирање елити во Русија.

Не дека се правам сезнајко, живеев во Русија 5 години и прилично сум запознен со внатрешната политика на Русија, од формални органи па до неформлани организации кои делуваат во неа, тоа и ми беше дел од работата. Одлично го владеам рускиот и ја знам пропагандата која ја тераат Западните земји, од весници па до книги во кои се искривува сликата за Русија. Поради тоа неможам целосно да се согласам со твојот став, 15/20 години се многу песимистичка и потценувачка проценка од твоја страна кон образовните институции на Русија. А на сите ни е јасно дека не се ништо полоши од западните институции, посебно баш тие хуманистички,економски,политички и правни образовни институции не се во никој поглед инфериорни од Американските или било кои други.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Книга? Дај просветли ме која книга.
Мислиш на романот од Суроков "Околонија"?
Оставка? Јас како што знам тој е сеуште во Кремљ, само неговата позиција не е јасна. Некои весници пишуваа дека работи околу Украина .
СМИ: В.Сурков вернетсја в Кремль курировать Украину

Е ова ми е интересно мене, го активираат баш пред Маидан во Украина.
Ако ја пратиш политиката на Русија, тогаш си запознаен со Дугин исто така идеолог на Кремљ, кој доста беше критичен кон Сурков.
Ќе реплицирам до тука, затоа што до тука нема да бидам офтопик, а и ќе успеам да ја уловам суштината на ставот. За опасноста од корумпирање се согласувам, ама тоа е уште една системска слабост, иако е најлесна за решавање.

Да, за романот на Сурков мислам. Притоа, кога десната рака на Путин пишува роман во кој руското општество го опишува како труло и корумпирано, руските олигарски како неспособни идиоти, а руските интелектуалци како индоктринирани глупаци, тоа не може да се избегне со констатацијата дека се работи за книжевно дело. Бидејќи книжевното дело нема никаква реална уметничка вредност, тоа го знае и самиот Сурков, но сепак книгата доби театарска претстава и тоа театарска претстава која неофицијално стана задолжителна за секој од повисокиот круг на руското општество. Тоа не е случајно.

Сега за Дугин и оставката. Тоа е клучно во муабетов. Секако дека Сурков е сеуште најблизок соработник на Путин. И го има секаде каде што има потреба. Ама, пред година дена си поднесе оставка од позицијата вицепремиер. И после таа оставка луѓето како Дугин мислеа дека победиле и кажаа што им лежело на душа до тогаш. Тоа е клучно за тезата што ја прокламирам.

Дугин го обвини Сурков дека бил циничен, дека не дозволувал интелектуалците како него да добијат средба во четири очи со Путин, дека лесно ги отфрлал нивните идеи и дека брутално им го загушил „генијалното“ движење. Триумфално го поздрави неговото заминување и го опиша како заминување на злото, кое цели 13 години ја кочело Русија. Интересно е што Путин веднаш го врати Сурков во кабинетот, а Дугин сеуште не доби функција, ниту неговите ретардирани идеи се остваруваат.

Поентата ми е дека баш луѓето како Дугин се проблем за руското општество. Дугин е идеолог на Кремљ, колку Ристо Никовски што е идеолог на Илинденска бр. 2. Само факт е дека и двајцата се популарни. Среќната околност по Русија е што има раководство што гледа каков романтичен идиот е Дугин и тој нема никакво значајно влијание во носењето на одлуките. Ама суштинскиот проблем е што е популарен. Тоа значи дека системот не си ја вршел работата при филтрирање. На таа суштинска мана мислев. Не може во модерна западна цивилизација, каква што руската претендира да биде, ликови како Дугин да се земаат за сериозно.
 
Се сложувам за Дугин. Нешто налик на Жириновски и Бжежински е според мене.

Но не и таа опасност на која неколку пати се има навратено и самиот Сурков.
Е сега системот што сеуште содржи корумпирани личности тоа е проблем кој треба да се искорени.

Surkov warned in an article published in October 2009 that Russia risked collapsing into chaos if officials tried to tinker with the political system by flirting with liberal reforms.
In answer to calls from opponents for democratic reforms to liberalize the political system built under former President Vladimir Putin, Surkov warned that the resulting instability could rip Russia apart.

Ах ете го Врабецот, на секое лонче лајк да стави.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.135
Поени од реакции
34.636
Хммм... интересно. Иако не ми е баш јасно зошто внатрерускиве анализи не ги продуживте во темата за Русија. Ќе беше во ред, ако се осврневте и на геополитичкиот аспект на тоа што го зборувате.

Во секој случај идеме малку назад на темата. Kaко што најавив, еве нешто накратко за актуелните случувања во Тајланд, кој инаку е една од ретките земји во регионот која никогаш не била колонизирана од светските империи. Но тоа е само интересен факт и Тајланд во овој пост го употребувам повеќе како убав пример за покажување на вмешаноста на банкарските институции како Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) во локалните политики ширум светот.

Пред скоро време во Тајланд се случи воен удар.
Ова е 12ти воен удар досега и земјата сега ја води армијата, забрането е емитирање на сите вести, содржини, или било што друго што не е армиски материјал. Накратко, еве кои се главните играчи на тајландската сцена.

Thaksin Shinawatra е политичар (и многу повеќе од тоа, според муабетите) целосно подржан од западот. Такасин дошол на власт 2001ва со подршка во главно од најсиромашните жители од руралните средини, на кои им ги отпишал долговите и ги финансирал со поволни микрокредити. Нешто што во главно го финансирал преку голем заем од ММФ (звучи познато?).
Во вториот мандат, во 2006та е симнат од власт со воен удар.

Инаку ММФ го задолжува Тајван уште во 1997ма, што започнува настани кои се одразуваат и на поширокиот регион. Но како и да е, со популарни мерки тајланѓаните успеваат забрзано да го вратат долгот и го одбиваат вториот заем од ММФ (практично ги истерале од земјата).
По воениот удар уставниот суд ја расформирал партија на Таксин а нему му е забрането бавење со политика пет години. Потоа на друго судење Таксин е осуден на две години затвор заради криминал и конфликти на интерес за време на владеењето. Од тогаш е во егзил, но сеуште една од главните фигури во Тајланд.

Yingluck Shinawatra е најмладата сестра на Таксин, која во 2011тата е избрана за првиот женски премиер на Тајланд преку нова партија (зад која стои брат и Таксин и неговите луѓе). Јинглак се служи со исти популистички методи, како на пример откуп на локален ориз по цени многу поскапи од тие во регионот. Следат и нови задолжувања со ММФ и Светската Банка.
Но пред скоро време, уставниот суд на Тајланд ја осудува Јинглак и девет министри од нејзиниот кабинет за непотизам и злоупотреба на власта.
http://thediplomat.com/2014/05/thailands-prime-minister-removed-but-no-one-happy-with-the-result/

По ова настануваат големи немири и судири помеѓу националистите и активистите на Таксин, по што следува интервенцијата на армијата и воениот удар.
Треба да се спомне дека ситуацијата во Тајланд е многу сложена. Прво земјата е (парламентарна) монархија, и кралот е релативно влијателен но и многу стар и наводно пред умирање. Второ во земјата (како и секаде) има влијателни олигарси кои интересно, се против задолжувањата со ММФ и Светската Банка, затоа што досегашниот модел ги служи добро со генерации и не сакаат други газди да го собираат шлагот од тортата.

Има многу работи за пишување но резимето е дека во државата има две средни класи на граѓани, едната е проројалистичка средна класа од Банкок а другата е релативно средна класа од руралните места, која своето економско издигнување му го должи на Таксим и неговите популистички реформи. Така од една страна се средната класа од Банкок и армијата, кои не сакаат задолжувања со ММФ, а на другата страна се Тасин и неговите приврзаници... Затоа Таксин е фаворит на западот.

Паралели можат да се повлечат со многу други држави, еве на пример Украина. Украина има големи долгови, и еве со актуелните настани пред скоро се задолжи со нов голем заем од ММФ. Не сме подобри ни ние тука, сите поранешни бивши републики од СФРЈ се помалку или повеќе задолжени во ММФ.

Практично задолжувањето во ММФ е реалност на повеќето држави во светот. Таму каде се прават обиди да се промени ова, таму се случуваат војни или воени удари и слични работи.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Луѓето кои денес ја водат Русија, се образовани во 80-тите и 90-тите.....

Јас зборувам за нешто друго. Систем кој ќе креира кадар способен да ја врши работата и лојален од секретари на ограноци во општини до претседател на држава. Денес САД тоа го имаат, а Русија го нема. Не по вина на оваа власт, ама го нема. Доколку успее да го креира, Русија ќе стане стварно моќна држава. Следниве 15тина години се клучни за нив.
A koga se obrazuvani lugjeto shto ja vodat USA ?, sigurno ne ovoj vek, duri bi rekol deka lugjeto shto ja vodat politikata na USA se dinosaurusi so mentalitet od vremeto na studenata vojna. I zoshto mislish deka Rusija ne mozhe da kreira kadar shto ke ja vrshi rabotata, koga vo posledno vreme gledame edna ekspanzija na Rusija na voeno pole, megjunarodni investicii ( slusham deka ruski biznisi kupuvaat rafinerii vo Zapadna Evropa) , izvoz na tehnologija i eve na svetskata geopolitichka scena, ja kontroliraat Chehnija. ja smirija Gruzija, si go vratija Krim i izdejstvuvaa nova drzhava, Novorusija.
USA kreiran kadar e Keri, is that the best they can do, ili psihopatot Kejn.. Hillary Clinton, Obama ????? Politikata na USA ja vodat bankari, korporacii i armiskiot establishment, shto znachi zadolzhuvaj, osvojuvaj pazar po sekoja cena i vodenje postojani vojni so nedorasnati protivnici za da se nametnat interesite na bankarite i korporaciite.
Vakov establishment ima samo edna slabost a toa e konkurencija potkrepena so silna i visoko sofisticirana armija...toa e nivna vechna nokjna mora.

Ne treba da chekame 15 godini, Rusija stana mokjna drzhava ne samo voeno nego i finansiski na megjunarodnata scena,finansiraat i pravat zdelki bez nikakva politichka prinuda, vistinska pazarna ekonomija.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.135
Поени од реакции
34.636
Како што напишав и во темата за Русија вчера се случи уште еден историски момент: Белорусија, Русија и Казакстан, официјално се договорија за формирање на Евроазискиот Економски Сојуз.

Секако се наметнува размислувањето дека ова е помалку избрзан чекор (како и договорот со Кина за 30годишен договор за продажба на гас и други енергенси). Русија е под силен напад на САД (и нејзините сателити ЕУ), и Путин е приморан да реагира. Ова е симболичен почеток на Евроазискиот Економски Сојуз, и членство во многу скоро време се очекува да земат и Ерменија и Киргизстан (веднаш после затварањето на американската воена база).
Мислам дека во иднина ќе има многу што да се чита и анализира за случувањата со Евроазискиот Економски Сојуз.

Деталите ги има тука:
http://en.itar-tass.com/economy/733853
Presidents of Russia, Kazakhstan and Belarus — Vladimir Putin, Nursultan Nazarbayev and Alexander Lukashenko have signed a treaty on setting up the Eurasian Economic Union (EEU). The treaty will come into effect on January 1, 2015.
The presidents signed the document upon the results of the meeting of the Supreme Eurasian Council at the level of state leaders in Kazakhstan’s capital, Astana, on Thursday.

Vladimir Putin noted that thanks to a common constructive approach, readiness and ability of each party to find compromises the three countries succeeded to settle many difficulties on this path and sign the document timely as it was planned before June 1, 2014.

“The Eurasian Economic Union will work on universal transparent principles clear for all, including on WTO principles,” Putin said. “This is a result of our joint work, close co-operation between the governments of Russia, Belarus and Kazakhstan.”

Putin noted that this union accounted for one fifth of world gas reserves and about 15% of oil reserves in the world. The troika has a well-developed industrial base and a strong personnel, intellectual and cultural potential, the president added.

“The geographical position permits us to create transport, logistic routes of not only regional, but also global importance that permits to attract massive trade flows in Europe and Asia,” Putin stated.
http://rt.com/business/162200-russia-bealrus-kazakhstan-union/
http://www.washingtonpost.com/world/europe/russia-kazakhstan-belarus-form-eurasian-economic-union/2014/05/29/de4a2c15-cb01-4c25-9bd6-7d5ac9e466fd_story.html

А нормално, нема да изостанат и вакви натписи:
:)
http://www.voanews.com/content/russia-belarus-kazakhstan-agree-to-create-economic-union/1924941.html
http://www.nytimes.com/2014/05/30/world/europe/putin-signs-economic-alliance-with-presidents-of-kazakhstan-and-belarus.html
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.742
Поени од реакции
12.063
Рековте текстови линкови и слично ама сепак јас една слика ќе споделам од The Economist
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.076
Поени од реакции
13.370
Интересно е тоа што се случува во Ирак. Дали Ал Каеда зајакнува?

Mapping Al Qaeda's Grand Ambitions In Iraq And Syria

Well, first, courtesy of the NYT, here is a map of all the territories that ISIS has already managed to gain control over.

And next?

This map, from the Institute for the Study of War explains clearly what ISIS' ambitions in the middle east are: creating a grand nation-state that basically controls virtually all of Syria and most of Iraq

Клучни случувања овие денови

-The Islamic State of Iraq and al-Sham (ISIS) has captured Western Mosul and areasof Eastern Mosul, including key military facilities, as of noon June 10, 2014 EDT.

-ISIS is currently seizing military equipment, ammunition, and millions of dollars ofcash in areas as it advances. Much of this materiel is US-provided.
-ISIS is maneuvering forces on an offensive from Mosul oriented south on theMosul-Baghdad highway. The ISIS northern campaign extends to Kirkuk and Salahad-Din, the provinces bordering Ninewa in which Mosul is located.
-ISIS is a military organization conducting an insurgency against the government ofIraq. It is no longer merely a terrorist organization. It is a conventional militaryforce that holds terrain and claims to govern some of it.
-The Mosul campaign was well planned and required years to set conditions. ISIShad threatened Mosul with systemic attacks since 2012. ISIS has conducted acampaign to assassinate and remove local authorities from Mosul since October2013. The operations allowed it to cut off media from the city, limit the IraqiSecurity Forces’ activities there, and gain freedom of movement within it.
-This slideshow illustrates how ISIS laid the groundwork for the seizure of Mosul, itsareas of control on the morning of June 10, 2014 EDT, its assessments of its ownattacks, and its aspirations to govern a state in Iraq and Syria.

Al Qaeda Militants Capture US Black Hawk Helicopters In Iraq

But the worst news by far for the US is that as a result of the takeover of Mosul by ISIS forces, an unknown number, and at least one, US ultramodern Blackhawk and Kiowa helicopters parked at the Mosul airport, are now in, you guessed it, Al Qaeda hands.

Очигледно со нечив амин се случуваат работиве во Ирак деновиве.
Имено активностите на овие Исламски сили на Ирак и Алшхам(ИСИА) беа речиси изумрени од периодот 2008/2012, после Октомври 2013 се залисуваат во регионот на Јужен Мосул
.

2006-2008

Октомври/2013

Уште една опасност за Сирија.

Ах да.
Thai army delegation visits China amid Western reproach of coup
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.135
Поени од реакции
34.636
Очигледно со нечив амин се случуваат работиве во Ирак деновиве.
Имено активностите на овие Исламски сили на Ирак и Алшхам(ИСИА) беа речиси изумрени од периодот 2008/2012, после Октомври 2013 се залисуваат во регионот на Јужен Мосул

Уште една опасност за Сирија.

Ах да.
Thai army delegation visits China amid Western reproach of coup
Секако дека се што се случува на Блискиот Исток е не само одобрено, туку пред се испланирано, од некој.

А за Тајланд, нормално е да се свртат кон Кина кога така одлучно се спротиставија на банкарската мафија од Вол Стрит (и нејзините алатки ММФ и Светската Банка). Многу е паметно со соседот да имаш добри односи, посебно кога си многу помал и послаб. Примерот со Украина убаво покажува што се случува кога светска сила те искористува како фронт за војна со друга светска сила (која ти е сосед).

Инаку Тајланд, како што напишав претходно, е една ретките земји во поширокиот регион која никогаш не била колонизирана од големите светски сили. Убаво е да се види дека сеуште има независни држави каде Новиот Светски Поредок нема инсталирано своја марионетска власт.
На жалост, очекувам обид за граѓанска војна таму, од платениците на банкарската мафија. Да се надеваме дека Тајландската Армија ќе биде на висината на задачата. :)[DOUBLEPOST=1402529986][/DOUBLEPOST]И само да не заборавам, интересен и важен дел од Ројтерс написот од погоре:
On Monday, in the first major corporate deal since the coup, state-owned China Mobile Ltd agreed to buy a 19 percent stake in Thai telecoms group True Corp for $881 million.

The regime's engagement with China comes at a critical time for the United States, which is shoring up ties with Asian allies and building stronger relationships with countries like Vietnam and Myanmar to counter China's growing assertiveness.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom