- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.580
- Поени од реакции
- 27.075
Не реков дека Кина е помоќна од Русија, туку дека има намера да биде. И ќе биде, ако е доволно паметна да чека. Како што САД чекале и ги собрале научниците од тогаш поразената Германија.Што се однесува до технолошкиот развој и воената моќ, 2/3 од најдоброто Кинеско наоружување е Руско, постаро од 4та генерација. Како тоа технолошки и воено Кина е понапредна од Русија?
Што се однесува до Економскиот развој, Кинеската економија тотално е зависна од западните фабрики и Руските енергенси и минерали. Истовремено поради енормното загадување во брзо време ќе бидат силно зависни и од храна. Големиот економски развој на Кина се должи на бедата која ја имаа и тој развој е со ограничен потенцијал. Од друга страна Руската економија е сосема самостална и може да опстои сама по себе во целосна изолација. Премногу ги гледаш работите од дневно-политички аспект.
Зошто побогу Кина би и помагала на Русија, кога секое слабеење на позицијата на Русија и трошење на САД им одговара ним. Тие само навиваат судирот помеѓу САД и Русија да трае подолго, за да имаат време да се консолидираат. Тоа нема врска со дневна политика, туку со елементарна логика. Не се ненормални Кинезите, ниту се сакаат со Русите.

Замисли исто комшиите ти должат многу пари, кои ако се скарате нема да ти ги вратат, и замисли треба низ нивниот двор да минеш за да излезиш на улица. Oдговорот се сведува на обична cost/benefit анализа. Било какво миротворна инвазија на руски трупи ќе биде оценета како грабење територија, дури и ако целта е само да се спречат жртви. Едноставно премногу е ставено на маса, дури и рејтингот на политичарите, ако изгинат илјадници руски војници за парче територија од Украина, кога имаат колку 17м километри квадратни други. Крим беше друго, одлична геостратешка позиција и мал ризик од војна.