Кабала и нејзината симболика

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Ова многумина го имате видено во „Клучот на Соломон“. Книга полна со кабалистички доктрини, философии и пракса!
Следува извадок од мојот есеј за Магискиот Круг даден во таа книга!
... да ве потсетиме дека на Дрвото на Животот постојат две патеки:
  • Едната ги следи сефиротите одозгора надолу и е позната како Пламениот меч
  • Другата ги следи патеките на Дрвото на Животот одоздола нагоре (од најматеријалното кон најсуптилното), кон Круната или Кетер .
Токму втората патека е Змијата на Мудроста (Хокма) која што се јази по Дрвото на Животот. Таа е искористена во конструкцијата на овој магиски кург.
Змијата започнува од Ашија и оди кон Ацилут! За да се надмине Ашија, мора да се знаат правилата и законите на погорниот свет, Јецира. За да се надмине Јецира за да се владее и со материјалниот свет, мора да се знаат правилата и законите на Бриа итн.

Бидејќи е долг текстот, можете целиот да го прочитате тука.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.150
Поени од реакции
83.850
Прво сефирот не се енергии божји,божјата енергија, или светлината на креаторот на се што постои,е една, непроменлива и вечна.Човекот е создаден од таа светлина и тој претставува суштество за кое е наменета светлината,односно светлината сака да го исполни суштеството.Суштеството е совршено само кога е исполнетно со светлина,во бесконечниот свет или како што би рекле кабалистите ЕИН СОФ,душите на човекот веке постојат во совршена сосотојба,односно желбата на креаторот да ги исполни создадените суштества(души=човекот) со светлина е реализирана во моментот кога се појавила.Во овој сетилно достапен свет суштествата се оделени целосно од светлината и имаат за цел повторно достигнување на совршената сосотојба преку,постепено искчување и достивнување на светлината,но бидејки светлината која зрачи од креаторот е со ист интензитет непроменлива и вечна за тоа постојат сефирот=различни состојби на чувствување на светлината, односно светлината останува иста но благодарение на сефирот суштеството ја чувствува на различен начин,со промена на желбите на суштеството од егоистични кон делумно алтруистични па се до целосно алтруистични суштеството се издигнува низ световите.Постојат 5 света кој во себе содржат 10 сефирот кетер хохма бина хесед гевура тифарет нетзах ход јесод малхут но всушност се 5 затоа што хесед гевура тифарет нетзах ход јесод ги вклучуваат својте својства во еден сефирот а тоа е тифарет ,секој свет или степен се дели на 5 сефирот а секој сефирот на подстепени Парцуфим и секој парцуфим се дели на уште 5 сефирот така 5x5x5=125 ,Одностно 125 различни сосотојби на перцепирање на светлината зависно од степенот на корекција на човекот.Главна алатка за достигнување на крајната корекција или двекут(соединување) со креаторот односно здобивање со истите особини на создателот љубов и целосен алтруизам е Тора која се состои од 5те книги на мојсеј, и без книгата зохар и талмудот може да се стигне до целосната корекција,книгата зохар и талмудот како и подоцнежните кабалистички текстови само го прават патот на корекцијата подостапен и поразбирлив,односно го објаснуваат значењето и алегориите на приказните во тората,бидејки само мал дел може да стигне до светлината која е во тората и се крие позади световните и навидум историски приказни.Затоа и кабалистите учеле од истата книга од која учат и христијаните само што хриситијаните ја свакаат буквално и следствено на тоа погрешно.Понатака Исус не е Месија,Месија претставува сила,внатре во човекот која овозможува душите кој се стремат кон осознавање на изворот на светлината, да се издигната од паднатата состојба во која се наогаат во сетилно достапниот свет,до совршената состојба во која се наогаат во светот на ЕИН СОФ а целта е таа состојба да се достигне во овој сетилно достапен свет,што е единствено можно во времето кога таа сила е активна,Во кабалата односно во правилното восприемање на светлината,сите ангели демони и светови се внатре во самиот човек ,така да тој нема потреба да верува во никакви вочовечени богови,или магови и вештери воопшто немора ни да чита книги, затоа што самиот животен процес преку страдањеата ке го наведе да ја увиди вечната вистина, со кабалистичкиот односно методот на аврам тој може да го забрза процесот.
Hit&miss.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Штета што човеков на 9 и 10 Јуни во Скопје ќе зборува за други работи...
Но и ова е добро :)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Е сега сакам да ти поставам едно прашање се надевам дека ке го заслужам твојот одговор :Како е можно бог кој е апсолутно добар и сезнаен, да не види дека создавајки го својот ангел Луцифер тој ке создаде суштество кое е спротивно на него и ке нанесе зло на неговата креација Човекот кој е по важен од самите ангели.Односно ке создаде суштество кое понатака ке демонизира разни магови вештери, кој пред да бидат магови и вештери биле синови божји и ке ги отргнува од правиот односно божјиот пат?
Од кај виде ти, дека Бог не видел што ќе создаде?!
Бог го знае крајот на човечката историја од каде ќе биде откриена полнотата на Божјиот концепт за се што е создадено.
Засега „во времето„ откриено ни е доволно за да се здобиеме со Вечноста, тоа е онтолошкиот приоритет наспроти интелектуалната хистерија која во последниве времиња се поистоветува со Егзистентот.
И исто така ме интересира во која насока ке се одвива животот на истите тие магови и вештери по нивната телесна смрт?
Исто како и за сите, Божјиот конечен суд е проценката кој каде ја насочил слободата на постоењето така и ќе му биде ненасилно дадено.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Можеби прашањево е за во тема Прашања за христијанство,но ќе го поставам тука:
-Има ли оформено Црквата(неважно дали католичка,православна,било која) став кон Кабалата,зашто еве на темава сретнав информации дека преку неа се толкуваат одредени делови од Библијата,односно таа претставува еден вид на клуч во толкување на одредени нејзини делови?
Баш ме интересира,иако го претпоставувам одговорот,можеби грешам и ќе се изненадам.
Колку ми е познато, кабалистичкото учење е прифатено и пренесено од евреите од нивното ропство во Вавилон и се однесува на окултните учења, кои се првично створени во Вавилон, така да Црквата без дилема, има негативен став кон кабализмот. Светото Писмо се толкува од црковните достојници, вез потреба од „дешифрирања„ со помош од кабализмот, оти за Црквата и за толкувањето на Писмото , потребна е благодатта од Духот Свет, а не од други „поношни средства„.
 
Ќе сретнеш и други, кои велат дека Евреите ја преземале кабалата од Египјаните (кај што биле во долго ропство).
А ќе наидеш и на трети (атеисти) кои ќе ти речат дека е измислена во XII век.[DOUBLEPOST=1401210400][/DOUBLEPOST]
Можеби прашањево е за во тема Прашања за христијанство,но ќе го поставам тука:
-Има ли оформено Црквата(неважно дали католичка,православна,било која) став кон Кабалата,зашто еве на темава сретнав информации дека преку неа се толкуваат одредени делови од Библијата,односно таа претставува еден вид на клуч во толкување на одредени нејзини делови?
Баш ме интересира,иако го претпоставувам одговорот,можеби грешам и ќе се изненадам.
"Кога Христијаните би согледале колку има Кабала во Библијата би се растопиле од среќа."
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ќе сретнеш и други, кои велат дека Евреите ја преземале кабалата од Египјаните (кај што биле во долго ропство).
А ќе наидеш и на трети (атеисти) кои ќе ти речат дека е измислена во XII век."
Постои само теоретска можност дека кабализмот е превземен од египќаните, кои се цивилизациски наследници на асиро-вавилонците, но нема теорија дека кабализмот е измислица од 12-от век.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
"Кога Христијаните би согледале колку има Кабала во Библијата би се растопиле од среќа."
За Христа будните чедата БОЖЈИ многу добро знаат, дека се’ што е добро и вистинито во традициите, учењата и делата на неверниот и кривоверниот свет, тоа потекнува од Чистиот Извор, Кој е - во Исус Христос отелотворен - БОЖЈИ Вечен Збор!

Во Него е Совршеното Јудејство, Совршеното Христијанство, Совршениот Ислам, Совршената Каба, Совршениот Ала, Совршената Кабала, ... Совршениот Будизам, Совршениот Комунизам, Совршениот Хуманизам, ... и многу, многу повеќе од се’то тоа, бидејќи Совршениот Отец (Творец) е лично во Него!...(y)
.

„Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите,
и Христос ќе те осветли!”

(Ефес. 5:14)

.
 
Последно уредено:

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Што тресеш глупости и трубиш!? По постот се гледа дека ни Х не си од Христијанин и тоа е очигледно од секој еден твој пост! Па уште и некакви стихови користиш од Свето Писмо... Богохулство!!!
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.
Што тресеш глупости ...
Чудесен и со човечки ум несфатливо голем е Се’држителниот вечен Збор БОЖЈИ (Логос), Кој за спасение на сите коишто нема да Го одбијат, стана човек и се предаде себеси на Голготскиот Крст!

Одсрце за навредите - како Христос што ми прости - ти простувам
и на денот на будењето се радувам! ... (y)
.

Зашто, сè (што е добро и вистинито) е од *Него,
преку
*Него и во *Него.

Нему слава во век и веки.
Амин!

(Римја. 11:36)
[DOUBLEPOST=1401643244][/DOUBLEPOST]
Колку ми е познато, кабалистичкото учење е прифатено и пренесено од евреите од нивното ропство во Вавилон и се однесува на окултните учења, кои се првично створени во Вавилон, така да Црквата без дилема, има негативен став кон кабализмот. Светото Писмо се толкува од црковните достојници, вез потреба од „дешифрирања„ со помош од кабализмот, оти за Црквата и за толкувањето на Писмото , потребна е благодатта од Духот Свет, а не од други „поношни средства„.
.
Затоа и треба човек да се чува од учења и луѓе коишто се слепи за се’држителната Мудрост БОЖЈА чиста, пред околу 2000 г. отелотворена во Господа Исуса Христа!

Но, баш како што е и предскажано од страна на Господа Исуса Христа и Апостолите, ние живееме во време после големите светски војни (кога ќе се дигне царство против царство, нација против нација), време во кое се’ повеќе и повеќе се јавуваат “духовни учители и мајстори“, време во кое антихристијанските учења се шират како никогаш досега, а за жал и одпадот од Чистото Евангелие БОЖЈЕ не е воопшто мал, дури и од страна на оние “христијани“ на кои нацијата и традицијата им е поважна од истото!
 
Последно уредено:
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Колку ми е познато, кабалистичкото учење е прифатено и пренесено од евреите од нивното ропство во Вавилон и се однесува на окултните учења, кои се првично створени во Вавилон, така да Црквата без дилема, има негативен став кон кабализмот. Светото Писмо се толкува од црковните достојници, вез потреба од „дешифрирања„ со помош од кабализмот, оти за Црквата и за толкувањето на Писмото , потребна е благодатта од Духот Свет, а не од други „поношни средства„.
Мики1 Околу болдираниот текст нели е истиот подвиг само различно се нарекува?

Ако Кабализмот кај Евреите е достојник кој преку неговиот духовен подвиг го толкува писмото истото е и во рисијанството кој само одредени духовници можат да го достигнат совршеното толкување всушност исто е со различни називи?

Всушност што значи Кабала ?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Всушност што значи Кабала ?
Еврејски мистицизам. Зборот во буквален превод значи "примање", "да примаш", и се однесува на бесконечната "Светлина" која Креторот ја дава и која е суштината на постоењето.
Во суштина кабалата е езотериска гранка на Јудеизмот и се однесува на метафизичките аспекти во потоплност. Како основа за симболиката е земена тората.
Најпознат симбол со кој се асоцира кабалата е дрвото на животот и десетте сефироти, кои се стадиуми - аспекти на спиритуалниот - метафизички универзум.
Материјалниот свет според кабалата се наоѓа во најдолниот сефирот - малкут или кралството, додека највисокиот спиритуален степен е сефиротот кетер.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Кабалата е секта базирана на еврејски мистицизам, која после јавното отфрлање на ветениот МЕСИЈА, се врти кон обожување на сатаната!
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Кабалата е секта базирана на еврејски мистицизам, која после јавното отфрлање на ветениот МЕСИЈА, се врти кон обожување на сатаната!
.

Јас сум уверен во тоа, дека сиот антихристијански свет (вклучувајќи ги и антихристијанските кабалисти), воопшто нее свестен за тоа што го прави!

„Оче, прости им, оти не знаат што прават!”

.

.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom