Да, јогата како бесмилесно „упражњавање„ на својата енергија, сама по себе не значи и демоноопседнатост, но е еден од степените за приближување кон таа опседнатост, која својот врв го има во усовршувањет на „јогирањето„ до степен во кој змијата го опседнува човековиот мозок, увртувајќи се околу ‘рбетот од вежбачот/јогинот. И на врапците веќе им е јасно за која змија прајме муабет, нели...
Јогата, сама по себе е бесцелна, ако не е придружена и со соодветно „философско„ мудрување, која ја следи јогата. Пошто некои мангупи од протестантизмот ја провалија штетноста на јогата, комбинирана со хинду-мудрувањето, во нашево време, јогата се рекламира само „на половина„, како збирка од телесни вежби со кои се постигнива „ова„ или „она, а при тоа рекламирање, свесно се исклучува и придружното теоретизирање, без кое јогата е бесмислица., но истата им се „препорачува„ на „модерните„ луѓе, како ѓоамити лек за нивниот стресен начин на живеење.