Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Камерун има стварно добра селекција, ние скоро никаков напредок..одбраната многу киксеви прави..
 
Еј бе, една шанса во 90 минути на пријателска со африканскиов тим...
 
Aбе Ѓуроски со 12 играчи отиднал да игра пријателска?
 
Се што практично создадоа двајцата мораше да мине барем преку едниот од нив :icon_lol:


:pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Добро бе маме му ебам шо е ова?
 
не знаат топка од шеснаесетник да избацат, ќе падне таму и зјапаат ко мисири пола саат.
 
Не дека ги бранам сеа, ама овој Ѓуровски земал 10 напаѓачи и ниту еден во средина и мисли ќе прави репрезентација така.

Не ја разбирате вие лаициве филозофијата на Боше. :D
 
Од 20 повикани, 12 се напаѓачи. Средина со двајца, не дај Боже некој да се повредеше, ќе требаше резервниов голман да игра задњи везни.
Се гледа дека Бошко цели на тоа Македонија да игра напаѓачки фудбал. Наредна не мора ни голман да зема, од 20 повикани, сите 20 нека му бидат напаѓачи. Па што има врска....

А што е најтрагично, од сите напаѓачи, моментално најдобриот - Јаховиќ му почна од клупа.
 
Гледајќи ги последните мечеви на сениорите и младинците, можам да кажам дека не чека огромна битка за одбегнувањето на последните места во квалификациските групи.
Тешки дрва, исто како и тренерите кои се тотално без компас со играчи одбрани од трети лица.
 
Кога веќе го допираме дното, редно е и максимално да го допреме, без освоен бод у групата. :noze:

Кај е Vori бе да даде експертска анализа за квалитетот на нашиве? :cautious:
 
Која мизерија сме еј, никаков жар за игра, никаква организација, цел, идеја...НИШТО. Поголема ФУДБАЛСКА БЕДА нема од нас во Европа моментално. Почнувам да размислувам дека подобра организација и фудбал имаше тука кога беше хоштаплерот Хри на чело на ФФМ. Ние од раководство, до играчи, клубови, тренери сме тешки јадници. Кој е овој Сулејманов бе со што заслужил овој да облече дрес на држава...СО ШТО? Каков Јанг Бојс бе 15 минути му требаа да влезе во утакмицата. Удар на гол немавме.
 
Веќе неколку години пишувам дека професионалниот (ако така може да се нарече првенство во кое се заработува од 200 до 1000 евра месечно, а просек на гледаност е околу 100 д0 500 гледачи по утакмица) фудбал во Македонија треба да се укине на неколку години и да се почне со преструктуирање, во меѓувреме да се бараат спонзори, да се изгради маркетинг стратегија, да се седне со националната телевизија и да се направи обид за евентуално медиско покривање на првенството, со помош на општиите да се средат стадионите и терените за трениг. И да не редам уште милион работи. Во македонскиот фудбал се е гнило од горед до доле, од лево до десно. Првенстово е веќе 20 години во кома и буквално на апарати се држи во живот а се знае дека неможе да преживее. Затоа подобро да умре пациентот и да се изроди нешто ново и од старт подобро органзирано. Добар почеток се академиите за мали дечиња како академија Пандев и слично. Но што ќар кога секој фубалер што ќе достигне пазарна вредност од 50 илјади евра веднаш си заминува во лиги како што се Азербеџан, Србија , Молдавија, Албанија и тн.
 
Се повеќе се уверувам дека Бабунски е преценет, јас разбирам дека има 11 дрва меѓутоа во 45 минути ниту еднаш да не блесниш ниту со еден пас, ниту еднаш да побараш топка или да задржиш машки како што треба играч среден во Барса нема да бидиш.
Нема нема знаци за нешто посветло сега би рекол и во далечна иднина.
Истото ова не очекува и во другите спортови, кошарката и ракометот, како и во сите сфери на човековото живеење во оваа ни наша библиска вукојебина.
 
Се повеќе се уверувам дека Бабунски е преценет, јас разбирам дека има 11 дрва меѓутоа во 45 минути ниту еднаш да не блесниш ниту со еден пас, ниту еднаш да побараш топка или да задржиш машки како што треба играч среден во Барса нема да бидиш.
Нема нема знаци за нешто посветло сега би рекол и во далечна иднина.
Истото ова не очекува и во другите спортови, кошарката и ракометот, како и во сите сфери на човековото живеење во оваа ни наша библиска вукојебина.
За у Ракомет и Баскет и за по повеќето сфери ќе ми извиниш.
 
За у Ракомет и Баскет и за по повеќето сфери ќе ми извиниш.
Нема систем, ништо не продуцираме сами, малку сме, не сме луѓе, можи да гледаш Македонска кошарка со Лестер и Македонски ракомет со Вугринец. И ете наброј барем две други сфери во што сме и би биле успешни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom