Потера (The Chase)

  • Креатор на темата Креатор на темата Prime
  • Време на започнување Време на започнување

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.185
Поени од реакции
8.214
Во оваа ера на медиумски и општо телевизиски мрак во Македонија, благодарен сум на мојот кабелски оператор што сеуште ми ја нуди ХРТ 1.
Инаку Потера иако сега веќе е не може да се нарече нов е уште еден одличен квиз во низа на Хрватскиот јавен сервис.
Лиценцата е на Британската ITV, но барем луѓето се трудат и откупуваат нешто што вреди.
http://www.itv.com/thechase
http://potjera.hrt.hr/
Имено ова е квиз во кој учествуваат 4ца натпреварувачи и се обидуваат да победат еден од трите генијални умови(во сличајот на ХРТ, се емитува и на РТС меѓутоа немам можност да го следам) кои ги има избрано телевизијата. Најпрво секој посебно заработува некоја сума за на крај ако успеат во "потерата" да им побегнат на ловецот вкупната сума од преостанатите натпреварувачи ја делат.
Секој кој е љубител на вакви типови на емисии верувам нема да зажали да го погледне секоја Недела и Вторник на ХРТ 1 во 20:10.
Ако некој веќе го гледал квизов, кои се впечатоците? :D
 
Го има истот квиз и на РТС
Кога го најавуваа имав желба да го погледнам ама ја немаме РТС 1 а на сателитскиот РТС не го даваат
 
ловецот на британскиот квиз (еден крупен батка) е многу добар.
на ХР се ок сите тројца, и стариот, и дечкото (вечерва беше тој) а и девојаката, која некако ми лази по нерви, антипатична ми е
 
ловецот на британскиот квиз (еден крупен батка) е многу добар.
на ХР се ок сите тројца, и стариот, и дечкото (вечерва беше тој) а и девојаката, која некако ми лази по нерви, антипатична ми е
Како ги среди Котига денес, иако ги заебава, многу позитивна фаца ми е. :)
 
Како ги среди Котига денес, иако ги заебава, многу позитивна фаца ми е. :)
ама не му беше сеедно што одигра така лошо денес. иако на крајот си се оправда(y)
но крајниот коментар му беше јак: да имаа уште едно 5-6, јас погрешев бар уште едно, МОЖЕБИ ќе имаа шанса :pos:
 
ама не му беше сеедно што одигра така лошо денес. иако на крајот си се оправда(y)
но крајниот коментар му беше јак: да имаа уште едно 5-6, јас погрешев бар уште едно, МОЖЕБИ ќе имаа шанса :pos:
Му рече и на онај последниот, сега само што ми рече уредникот дека ако и тебе не те избркам ќе ме отпуштат од потера. хаха
 
ловецот на британскиот квиз (еден крупен батка) е многу добар.
на ХР се ок сите тројца, и стариот, и дечкото (вечерва беше тој) а и девојаката, која некако ми лази по нерви, антипатична ми е
Mark "The Beast" Labbett, а и тој црнецот е многу добар Shaun Wallace, го има освоено Mastermind човекот. Инаку овие балканските верзии само неколку пати ги имам гледано.
 
Квизот и јас неколку пати го гледам на Хрватската телевизија , за жал не можам и на РТС да го гледам дека немам РТС 1 а на РТС сателит не го даваат , квизот " Потера " е баш добар и ми се допаѓа , искрено и од Кој сака да биде милионер повеќе ми се допаѓа овој квиз бидејќи Милионер здосади по толку години емитување , друга работа е што Милионер во нашата земја подоцна се емитуваше и пократко време се емитуваше кај нас . Инаку од септември во Хрватска повторно ќе се емитува квизот " Најслабија карика " или " Најслаба алка "по нашки , водителка повторно ќе биде Данијела Трбович ова ќе биде одлично да се гледа . Исто така во тек е и снимање на новата сезона од популарното шоу " Волим Хрватску " , и од септември ќе се емитуваат новите сезони од ова шоу на ХРТ 1 секоја недела попладне . Што да се каже , кај нас на овие наши скапаници од телевизии нема да видиме добри квизови . Кај нас дури и во оној отпад " Се или Нешто "е сомнително пријавувањето , никаде нема информација и податок каде може човек да се пријави за учевство . А да , Сител веројатно од септември ќе го емитува квизот " Без поени - PointLess", http://sitel.com.mk/mk/bez-poeni овој квиз се емитуваше лани на РТЛ во Хрватска под наслов "Тога се нитко није сјетио ", годинава се емитува на Прва телевизија во Србија под наслов " Тога се нико није сетио " , суштината на овој квиз е да се даваат глупи одговори кои никој друг не би ги понудил , што помалку да се даваат точни одговори , во квизот ќе победуваат тимовите што ќе имаат најмалку точни одговори , тимски по неколку члена во секоја група ќе има квизот и квизот веројатно еднаш неделно ќе се емитува . Што да се каже идеален квиз за нашето општество да се покаже глупоста на дело . Кај нас постојат глупави квизови како оние што ги даваат на Канал 5 со Драган Вучич . Кај нас квиз како потера да се дава тешко . Дури и Џандар збира кога го даваа на Канал 5 пред 2 години , го направија да може само корисници на Т- мобајл да се пријавуваат , а ние од другите два мобилни оператори да купуваме Огласник - М и да праќаме по пошта плико за да се пријавиме за Џандар збира .
 
Фалат добри квизови на нашите телевизии . Штета што нашиве телевизии се премногу заутени по тие сериите турски и индиски за разлика од хрватитие и србите ,па битно им е да ги имаат на репризирање скоро цел ден маратонски.
 
Бо,значи визот е одличен, многу се внесувам кога глеам :D
 
Ова е прав квиз на знаење, кога го фатам го гледам.
Еве една од подобрите емисии:

Нашиве телевизии некако не ги бива да бидат први во купувањето на квизови. Прво ќе ги видат на некоја хрватска или српска телевизија па после ќе ги купат (ако имаат пари, секако). Конкретно овој квиз би сакал да биде кај нас, но за тоа има услови т.е. имаше услови само МТВ. Сител ја бива само за ’Се или Ништо“ каде што нема никакво замарање, освен да ги размешаат износите во кутиите и списокот да му го дадат на банкарот за да може после да ги д*пи играчите и да се прави дека не знае што има во кутиите. Сега квизот ќе оди на летна пауза и за време на летото ќе гледаме повторно некој нов квиз за кој играчите ќе треба “да се сетат на некоја песна на Владо Јаневски на која никој не се сетил“ и слични глупости, но може и ќе биде интерсно. Патем сте забележале ли дека водителката од рекламата држи некоја книшка во рацете во која има прашања од “Кој Сака Да Биде Милионер“? Тоа ти се вика ШИТЕЛОВ АМАТЕРИЗАМ.
А што се однесува до “Се или Ништо“ и јас мислам дека пријавувањето е малку сомнително.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom