Еванѓелиа Ванѓа Димитрова - Мистерија или?

  • Креатор на темата Креатор на темата astrion
  • Време на започнување Време на започнување
Како што кажав секој си има свое право на мислење моето е тоа вашето е тоа само јас не гледам некој видовит да излечил некого како што кажуваат тоа медицината не може па некоја си т.з бајачка тоа какви умови работат на лекови и на што не па некоја си ќе лече и ќе им претскажува

Доказот ти го кажав не нашле ништо а она била убедена дека таму е тоа што го бараат
 
Лично сум бил кај баба Ванѓа, со особата кога влеговме кај неа во собата одма преговори
Жено, ти си многу болна не чекај оди јави се на тај и тај доктор (кажа име едно на еден доктор од Скопје). Запишавме името и кога се вративме во Мк, се јавивме да видиме дали постои таков доктор ... и навистина постоеше. Така да верувам во неа.
Само една забелешка...ти со тоа што погодила за некој доктор дека постои и дека треба да се јавиш кај него го кажуваш за доказ дека била видовита?
 
Само една забелешка...ти со тоа што погодила за некој доктор дека постои и дека треба да се јавиш кај него го кажуваш за доказ дека била видовита?


Не, дечкото не рече дека тоа е доказ дека била видовита. Туку рече дека тоа е доволно за тој да поверува дека била видовита.
 
Еве некои:

"Се ќе се стопи како мраз, додека славата на Владимир, славата на Русија, се единствените нешта што ќе останат. Русија не само што ќе преживее, туку и ќе доминира со светот." ('79)
- најверојатно за подемот на модерна Русија...

"Ужас, ужас! Американските браќа ќе паднат одкако се нападнати од челични птици. Волците ќе завиваат во грмушка, невина крв ќе биде пролеана" ('89)
- најверојатно за 9/11, Буш, инвазијата врз Ирак и Авганистан...

"На крајот од векот, во август 1999 или 2000, Курск ќе биде потопен во вода, а цел свет ќе го оплакува" ('80)
- најверојатнo за подморницата Курск

.......... !!!!
 
Зошто се распадна СССР,Чернобилската катастрофа,победата на Борис Јелцињ,датумот на смртта на Сталин,потонувањето на подморницата Курск и за многу други предвидуванја е заслужна жената која е позната под името Баба Ванѓа.
Ванѓа е позната во Бугарија и пошироко како најголема пророчица,мистична фигура која ја споредуваат со Нострадамус.
Ванѓа е родена во 1911 .Живееше во Петрич близу до областа Рупите во планините јужно од Мелник.
Приказната започнува уште кога Ванѓа беше дете таа беше подигната од виулица и фрлена 10 метри од куќата при што го изгубува видот на двете очи а воедно ја добива и дарбата да предвидува настани кои не можеме да си ги објасниме.
По смртта во 1996 таа предвиде дека нејзината моќ ќе ја наследи некое слепо девојче во Франција,времето ке покаже кога?
Како ја објаснувате оваа мистерија и дали воопшто верувате,да ги чујам вашите коментари во врска со оваа мистерија?
vanga_02.jpg
како ја објаснуваме таа го прави тоа со помош на ѓаговол таа нема поврзаност со Бог како што викаат дека има таа можи има натприродна сила но тоа го прави ѓаволот. Има некои примери кога некој пошол кај незе со крст(ланче) во џебот таа му рекла да излези и да го извади тоа што го носи и покрај што била слепа но сепак тоа го праеше ѓаволот,,
 
Има доста назнаки кои одат во прилог на тезата за злокобната природа на изворот на ванѓините моќи.
Тие приказни дека и се појавуваат некои, кои ја мачат и тераат да пророкува, се карактеристични за некои случаи на опседнатост. Потоа ова со крстовите, од погоре, а и приказната за искривувањето на ликовите од фреските во нејзината црква, при моментот на нејзината смрт (ова може да се провери релативно лесно, само да се најде слика од фреските во таа црква).
 
Еден прадедо ми има кажано една анегдота околу видовитоста па јас ќе ви ја прераскажам во кратки црти.

Во некое село имало демек видовита жена која ги испратила синовите кај некој човек и во дворот закопале мала количина злато за потоа со помош на другите нејзини јатаци да го убедат човекот да отиде кај неа да му бае од уроци.
Оваа демек му избајала па на крај му рекла дека во дворот под оревот има закопано ќупче со злато.
Отишол ископал дупка под оревот и на негово изненадување навистина имало ќупче со злато.
 
Има доста назнаки кои одат во прилог на тезата за злокобната природа на изворот на ванѓините моќи.
Тие приказни дека и се појавуваат некои, кои ја мачат и тераат да пророкува, се карактеристични за некои случаи на опседнатост. Потоа ова со крстовите, од погоре, а и приказната за искривувањето на ликовите од фреските во нејзината црква, при моментот на нејзината смрт (ова може да се провери релативно лесно, само да се најде слика од фреските во таа црква).
Што тоа, може да ја чуеме приказната?

Патем Србија поплавите
Баба Ванѓа за претстојната 2014 година предвидела три случувања: Првото е голема поплава на пролет кога „ќе плови река од лешеви“, како што таа опишала.
Понеделник, 16 Декември 2013 21:39

Каде е ова напишано или дадено како изјава?
 
Последно уредено од модератор:
Мислам дека би било доста интересно за читателите да се осврнеме малку на приватниот живот на баба Ванѓа.
На пример, каков бил нејзиниот брак, односно кои се предностите, а кои недостатоците на животот во заедница со една пророчица од таков калибар?
По мене, добрата страна е што нејзиниот сопруг секогаш знаел која утакмица како ќе заврши, што сигурно во денешно време би му донело не само финансиска добивка, туку и алфа статус во маалската хиерархија и блескав углед меѓу локалните кладилничари. За жал, мислам дека во тоа време не постоеле кладилници на овие простори, така што оваа потенцијална придобивка останала неискористена, но денес кладилници има на секој чекор и видовитоста би си нашла соодветна примена.
Но не е се` така розево, таквиот брак си има и недостатоци. Гатачките моќи не му оставаат простор на сопругот за било какви вонбрачни активности. Нема можност за лаги од типот "Каква швалерка, со Аспарух дискутиравме за симболизмот во поезијата на Едгар Алан По, па се забораивме", или "Ми се дупна гума, затоа закаснив", "Само две пива испив, "Знаеш дека те сакам", "Не си здебелена", "Каква Адријана Лима, ти си за мене најубава" и слично.
 
Што тоа, може да ја чуеме приказната?
Колку што помнам, имаше некоја приказна за црквата која ја изградила, дека од моментот на нејзината смрт, лицата на светците во храмот се подискривиле, некој би рекол се демонизирале, на лик. Побарав слики од црквата, стварно ми личеа чудно лицата на светците, ама од далеку беа сликани. Сигурно со слики од поблиску може барем малку да се даде светло на вистината за оваа приказна.
Каде е ова напишано или дадено како изјава?
Изјавата за поплавите...
Не може баш да се потврди или негира нешто што го кажала. Она само зборела, а другите слушале, или некој со диктафон кога снимал. Затоа и има многу лажни пророштва, како онаа глупана листа со пророштва, која е најпопуларна и поголем број од интернет публиката мисли дека е вистинита, а е всушност измислица на руска жута штампа.
 
Не се работи за бог ни за ѓавол, жената имала развиено сетило да ги предвидува работите, силна интуиција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom