Македонска одбојкарска репрезентација-мажи

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Феноменално играат!:cuc:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
За жал не си поверуваха вашите одбоjкари во таjбрекот и оставиха инициативата на квалитетната екипа на Словениjа. Искрено не верувам дека имате какви и да е шанси и за второто место али сепак секоj еден меч помага за соработката на одбоjкарите и изграждането на поквалитетна екипа. Надевам се да победите Летониjа зашо мислам дека имате поквалитетна екипа од нив. За мечот со светската суперсила Полска вопшто не мислам да коментирам. Дори и освоен сет против нив ке биде голем успех за Македониjа. Полска е држава, коjа живее за одбоjката и могат да направат и пет квалитетни резпрезентации. За жал разликата помегу Полска и Македониjа во однос на одбоjка е како помегу земjата и небето.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
штета не издржаа... Сепак долгиот пат си го направи своето. Овие млади момци докажаа дека заслужуваат поголема доверба и подобри услови... Се работи за млади момци кој не се го кажале последниот збор...
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Започнува вистински тежок меч за вашата репрезентациjа. Ако одбоjкарите ви сакат да играт во поквалитетни тимови требва во вакви мачови да демонстрират силна отборна игра и да дадат се от себе. Во противен случаj нема скоро да намерат пласман на големо првенство. Стискам палци за победа на Македониjа против Полска коjа ми е отвратна и не можам да понасам.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
За жал ова е реалността во македонската одбоjка. Надевам се на подобри дни и некогаш и одбоjката да биде приета каj вас као атрактивен и перспективен спорт со можности за напредок.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
ОДЛИЧЕН ПОЧЕТОК НА ТУРНИРОТ ВО СТОЖИЦЕ
Одбојкарите блеснаа: Македонија ја „разнесе“ Летонија
Објавено:
23 мај, 2014 22:02 часот




Најдобрите македонски одбојкари, конечно, го покажаа својот најсилен сјај и ја остварија првата победа во втората квалификациска фаза, со 31-29, 25-19, 25-17 против Летонија.

Во првиот натпревар од квалификацискиот турнир во арената Стожице, во Љубљана, Македонија ја „преслуша“ Летонија без да загуби сет и уште еднаш потврди дека не ѝ е местото во најнискиот континентален ранг.

Само пет дена откако загубивме со 3-1 во Вроцлав од Летноците, имавме шанса да се реваншираме, но не изгледаше така во првите минути од вечерашниов дуел. Македонија почна лошо, со негатива од 1-5 и 3-8 на првиот технички тајмаут. Меѓутоа веднаш по него, момците на Жарко Ристоски направија серија од 4-0 и се вратија резултатски. Водството го презедоа по вториот технички тајмаут, а потоа следуваше вистинска драма. Ја искористија дури седмата сет-топка за да поведат со 1-0, откако претходно одбранија две.

Првиот сет, како да беше пресвртница за тоа која репрезентација ќе ја преземе контролата во продолжението. Македонија комплетно доминираше. Во вториот го презеде водството уште пред првиот технички тајмаут, а на вториот веќе имаше 16-11. Во третиот сет Летонците држеа неизвесност до вториот задолжителен прекин (16-15), но до крајот на сетот нашите момци направија 9-2 и во голем стил го затворија мечот.

Со овој триумф Македонија е на добар пат да го избегне последното место во групата А сепак, за да го освоиме второто место кое води во баражот за ЕП, потребно е да чекаме Словенија непланирано да загуби бодови, како што денеска непланирано ги освои. Ја совлада Полска во пет сета (20-25, 24-26, 27-25, 26-24, 15-11) и драстично си ги зголеми шансите.

Утре Македонија игра токму со Словенците, во 16 часот и ако успее да победи, ќе чека уште еден пораз на домаќинот, од Летонците в недела, за да се надева на сензационално второ место.

ТАБЕЛА

1. Полска 10 (11-4)

2. Словенија 6 (10-9)

3. Македонија 4 (6-9)

4. Летонија 4 (5-10)

http://sportmedia.mk/odbojkarite-blesnaa-makedonija-ja-raznese-letonija/
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Poraz od Slovenija 3-2
 

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
Секоја чест за нашите, се бореа до последна секунда :cuc:
Немаа сила на крај, многу паднаа кондициски. Третиот сет го добивме со 10 или 11 разлика. Сите во сала беа како покакани во фаците. Ние бевме околу 20 друши и на крај ги испратвме одбојкарите со аплауз.
Гаспарини не утепа секоја чест за дечкото.
Шанси за бараж немаме, така да повеќе среќа во следните квалификации. Млада екипа имаме која е желна за успеси. Верувам дека момците ќе не израдуваат со пласман на некое големо натпреварување.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Секоја чест за нашите, се бореа до последна секунда :cuc:
Немаа сила на крај, многу паднаа кондициски. Третиот сет го добивме со 10 или 11 разлика. Сите во сала беа како покакани во фаците. Ние бевме околу 20 друши и на крај ги испратвме одбојкарите со аплауз.
Гаспарини не утепа секоја чест за дечкото.
Шанси за бараж немаме, така да повеќе среќа во следните квалификации. Млада екипа имаме која е желна за успеси. Верувам дека момците ќе не израдуваат со пласман на некое големо натпреварување.
oти имаше многу луѓе во салата :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom