Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Клубот го напуштија: Захов, Трниниќ, Димитровски, Ловречич, Јовановски, Блажевски, Бојовиќ, Лазаревски, Симјановски, Бујчевски, Георгиев и Рељиќ.

Тоа значи дека останавме на Павловиќ, Таневски, Петров, Темелков, Ивановски, Деспотовски, Гроздановски, Стојчевски и Цикарски. Претпоставувам тука ќе бидат и Асани, Иванов и Ацевски.

Таневски веројатно може уште да покаже добри игри во одбраната, Павловиќ сосема заслужено останува, ама за другиве не сум баш сигурен.
Стојчевски може да го задржат како помлад фудбалер, ама дечкото е далеку од којзнае каква надеж. Гроздановски и Деспотовски на стара слава... Ниту едниот ниту другиот не покажаа дека заслужуваат да останат во клубот.
Ивановски го форисраа цело време, сите се молат да ја врати формата пошто оваа полусезона беше еквивалент на Али и Гешоски.
Петров е добар за Македонско првенство, џокер играч :D
ЦИКАРСКИ??? Па кој му е врска на овој играч жити се, како дрво е, па дури и во репреентација го земале и го оставиле во нашиот тим :vozbud::pos:
Темелков? Истотака тотално непотребен играч во моментов...

Рибарот си отиде фала богу...
Ловречич можеби не требаше да го пуштат освен ако не размислуваат да донесат некој многу подобар играч. Имаше сенс за игра дечкото, само што делуваше малце неизаинтересирано на теренот.

Од оние што се најавуваат како засилвања. Грнчаров е топ засилување, заедно со Таневски во одбрана би имале одличен бедем пред голот.
Стара болка се бековите. Па не сакам ни да чујам дека ќе играме со Цикарски како лев бек :mad: Мора да се засилиме на овие позиции. Ќе видиме дали некој од Ашковски и Лазавски ќе дојде на оваа позиција...
За десен бек само Даниел Георгиевски ни треба, ама тоа ми личи на научна фантастика во моментов :icon_mrgr: Се надевам не мислат со Бојан Георгиевски да се засилуваат на оваа позиција или пак ако доаѓа нека биде резерва, а стартер да биде некој брз нигер :icon_mrgr:

Ако го носат Глигоров во средината, а таму веќе ги имаме Деспотовски и Гроздановски тоа би требало да значи дека нема да донесат некоја подобра опција од странство, што реално не ни носи ништо ново. Сите се ист профил на играчи, а двајцава сезонава покажаа дека не се баш во најдобра форма. Обавезно мора да се земе креативец во играта и играч како Стјепановиќ кој ќе сече топки, сигурно нема од Темелков да чекаме да ја игра таа улога.

Најверојатно и Љамчевски сме го земале, ама не знам која точно енеговата позиција. Лево крило или лев бек?
Ништо ново и на оваа позиција нема да видиме...
Обавезно ни требаат нови крила од странство, или на лево да се форсира Асани (ако остане).

Напад со Ивановски, и обавезно уште двајца напаѓачи да се донесат...

Ако размислуваат за некој подобар играч од Ловречич, логично е да го шутнат Деспотовски и Темелков а да го остават Анеј, пошто е подобар каде каде, а не вака . :confused:

Да се помириме уште сега Шкендија шампион за 2014/2015
 
Затоа и пишав "до некаде" го ставив во тој список со резерва ако не се најде негова адекватна замена може да остане, сепак кога доби шанса последниве кола нешто покажа од оној стариот Гаго иако сум свесен дека за жал нема никогаш да се врати во неговата претпознатлива форма. .
Не си озбилен :D Што покажал Гаго задњиве утакмици, напротив ја по катастрофален не сум го видел :)
 
Ако размислуваат за некој подобар играч од Ловречич, логично е да го шутнат Деспотовски и Темелков а да го остават Анеј, пошто е подобар каде каде, а не вака . :confused:

Да се помириме уште сега Шкендија шампион за 2014/2015


Полека малку со шкенди не се ни они нешто посебно. Толку ни е крш лигата да 3-4 засилувања како треба и Тетекс може да биде шампион...
 
Полека малку со шкенди не се ни они нешто посебно. Толку ни е крш лигата да 3-4 засилувања како треба и Тетекс може да биде шампион...
Па баш како што кажа, имаа паметни засилувања и од зона за испаѓање влегоа во Европа.

А се расфрлаат со пари и нема да останат на овие засилувања.. џабе ке викаме дека е рано и дека има време за Вардар коа сите гледаме што се дешава со копилето Никола и кој фудбали ке играат.

Инаку кој е одговорен за бркање/останување на фудбалериве? истиот тој?
 
Па баш како што кажа, имаа паметни засилувања и од зона за испаѓање влегоа во Европа.

А се расфрлаат со пари и нема да останат на овие засилувања.. џабе ке викаме дека е рано и дека има време за Вардар коа сите гледаме што се дешава со копилето Никола и кој фудбали ке играат.

Инаку кој е одговорен за бркање/останување на фудбалериве? истиот тој?

Јас мислам прашање на време е пред Самс да преземе све у свој раце. Тогаш нека му ја мислат...
 
Не си озбилен :D Што покажал Гаго задњиве утакмици, напротив ја по катастрофален не сум го видел :)

Абе и ние не сме озбилни кога се надеваме во играчи од типот на Гаго, Љамчевски и компанија :D
Шега на страна што знам таков впечаток добив на последниве натпревари дека може биднало нешто од него ама кој го знае може и толку и му е силата веќе.
 
A Stojkov neli go potpisavme? Imase nekoi najavi i za Nedzipi
 
Абе оди пи си винце, и кажувај фори. :pos:
Стојков се шпекулира, а Неџипи го продолжил договрот со клубот од Албанија.

Dobro be od kaj da znam :) Tuku ostaj toa zaso ne krevas preeska koa te barav ebate toa skapnicata , mi trebase itno
 
:pos::pos::pos: Абе овие фори на @Комита Ултрас можеш да му ги продаваш:pos:
Него кажи ти колку креваш на бенч???
altf.gif
 
За брзо ќе видите каков ПЕЛИСТЕР ќе се гради, ни Шкендија ни Вардар, во 2 милиони евра годишно ! За точно една недела од сега, односно наредниот петок ОФИЦИЈАЛНО !
 
Бил викнат по емаил? На телефон? Тебе кога ти треба пари за во град на татко ти емаил му праќаш? Ако си засегнат идеш, седнуваш, збориш, преговараш. Ебате директорот што неможе да добие 5 мин средба со газдата. Пак ќе кажам Гоко измислил фудбал за сите во управа со се Самс, ама џабе ако незнае како да дојде до збор.
Абе дај не зборувај глупости! Шо требал Ѓоко на сила ли да го натера Самсоненко да прифати состанок со него?! Кога гледаш дека некој те избегава упорно, нормално да дигнеш раце после извесно време. Па со сила убавина не бидува бе чоек, како не сфаќаш. Факт е дека Ѓоко сакаше да помогне во градење на силен клуб, не му е дојдено работава само пари да лапа како што се покажа дека е случај со Мирко, Тетовка и остали вардарови легенди, ама па на крај краева човекот не е венчан за Вардар, и кога увиде дека едноставно е искористен во целава ситуација, фино лепо си се повлече. Што можеше друго да направи? Да седи и да лапа пари, и после да му пребацуваат дека му е гајле за Вардар, а уствари он е со врзани раце.
Со ова само се потврдува дека Самсоненко го донесе исклучиво да го стиша незадоволството што се создаде зимото, а всушност никогаш не ни имал некакви посериозни планови со него. Како поинаку да се објасни фактот што упорно си го чува сонародникот на тренерската клупа, едноставно за се сака да одлучува и сите други да му бидат верни послушници, а сите се уверивме дека две чисти од фудбал си нема. Така клуб не се гради и никогаш нема да придобие компетентни луѓе што си ја знаат работата со таков однос...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom