- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.108
- Поени од реакции
- 16.756

Да ја склопам последната тема како модератор, да не речите така избега : )
Во оваа лабилна тениска сезона, со безброј изненадувања до сега, полека, но сигурно дојдовме и до вториот гренд слем во годината, Роланд Гарос традиционално го задржува тоа место на втор, но не и безначаен гренд слем.
На терените во Париз, од 25 мај до 8 јуни ќе се најдат најдобрите тенисери во Светот на тенисот.
Повеќе за историјата и за освојувачите на трофеите на турнирот може да погледнете од ланската тема, во која опширно е објаснето што кој и како има на овој слем.
Оваа година можеби ќе гледаме и највеќе изненадувања кога се работи за топ тенисерите, па ништо чудно на крајот во финалето да се најде сосем трет тенисер, надвор од четворката најдобри, според тоа како е тргната годината, со премногу лабилен Надал кој уште си ја пронаоѓа формата, или пак колената полека веќе и попуштаат, воедно и бранител на трофејот освоен ланската година, со туку речи сличен Ѓоковиќ, Федерер сконцентриран на близнаците, Мареј во потрага по нов тренер.. шансата ќе ја бараат другите тенисери, меѓу нив е и освојувачот на првиот гренд слем во годината, Станислав Вавринка, кој моментално се наоѓа во топ 5 тенисерите. Никако не смее да се заборави и ланскиот финалист на слемот, безразлика што не е во препознатлива форма, Давид Ферер, но шансите за такво нешто да се повтори се речиси минимални, самиот тој изјави дека тешко да игра две години по ред во врвна форма.
Ланското финале го загуби убедливо со 3-0 во сетови од сонародникот Рафаел Надал.
Кога ќе се собере и одземе, оваа година и не е така убедлив фаворит за освојување на слемот Рафаел Надал, па се отвора можност за прв триумф на Новак Ѓоковиќ.
На овој слем може да добиеме нов број 1 на АТП листата, или пак приближување на Новак Ѓоковиќ на само неколку поени до Рафаел Надал, што уште толку ја зголемува возбудата на турнирот.

Квалификациите се веќе започнати, ждребот е веќе утре, турнирот почнува в недела, и ќе трае се до 8ми јуни, за љубителите на спортот вистинска загревање за СП во фудбал.
Женскиот дел на турнирот на жалост не можам да го опфатам по детално, оваа година поретко го следам, но нема дилеми дека таму главен збор ќе има Серена Вилијамс, ако евентуално не ја спречи некоја непредвидлива повреда. Со други зборови сама на себе си е конкурент, ако го даде максимумот тешко некоја да и се спротистави, но не смееме да ја заборавиме и Марија Шарапова, русинката го освои турнирот во Мадрид..
Преноси ќе врши Еуроспорт.
Битни сајтови за следење полесно на слемот -
http://www.rolandgarros.com
https://www.facebook.com/RolandGarros
https://twitter.com/rolandgarros
https://twitter.com/SharkoTennis - профилот е измислен за тениските фанови, на страна овој слем
Пааа нека победи најдобриот!