Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Добро.Како прво, не разбрав дали ти е одговорено на прашањето или не?! Ке се обидам да бидам појасен:
Човекот не се состои од "материјални и духовни" елементи туку е сложено битие (за разлика од животните, птиците и другите овоземски створови) бидејќи е од дух и од тело. Значи дух (или душа) + тело = Човек! Ангелите се личности кои се пред се духовни (не се како Бог чија суштина- материја, неможе човек да ја спознае) туку се ограничени во времето и просторот. Според Светото Писмо и Црковното Предание, гледаме која е улогата на ангелите (од грчки ГЛАСНИК) и кои се ангелските чинови според службата која ја имаат од Бога. Бидејќи се личности, ограничени во простор и време, тие не се СЕГДЕПРИСУТНИ како Бог, туку можат да бидат на едно место и во одредено време.
Муабетот ми беше дека според сите работи кои ги изнесов погоре може да се заклучи едно, дека Ангелите се небесни суштества, создадени од Бога што знали не се "некакви енергии" црни или бели кои немаат свест па така влагаат во некој човек по некаква случајност (штом се енергии како што наведе дека мислиш, а не личности). По кој критериоум тогаш избираат да влезат во кој човек? Тоа е едно сериозно прашање од моја страна. Меѓу другото, кај човекот е неразделива природата (дух и тело). Штом се раздвојат настапува смрт, што пак би значело дека по твоја гледна точка со обземањето на човека од демон, што се счучува со душата? Каде оди таа, на пуш пауза додека не се изгони демонот? Нема смисла! Значи неможе Ангел + Човек = Човек?!
Тоа би било накратко (и навистина е) во врска со темата што ја постави која е доста опширна и зафаќа две поглавја од Православното Богословие (Антропологија и Ангеологија). Ако требе посебен детаљ за објаснување нека се наведе, а ако джабе везам ондак смени тема во подфорумов!
Ме интересира еден интересен факт. Кога ги цртале иконите и фреските, луѓето ангелот го претставувале како човечко битие со бели крилја. Сега констатиравме дека се работи за енергија. Дали се работи за погрешни прогнози или тогаш луѓето (конкретно верниците) размислувале многу поразлично од верниците денес, околу истово прашање? И ако мислиш дека имаат човечки облик, дали Бог и нив ги создал според својот лик (па и душата би морала да има некаков лик или форма)?
Значи кога ќе влезе демон во некоја единка, по ритуалот, единката ќе умре?
Не се согласувам со тебе во ниту една точка. Пр, јас сум сигурен дека човекот се состои само од тело (т.е. немаме душа), не постојат ангели, демони, Бог.... Инаку зш би ја мењал темата? И зш мислиш дека везеш, ова е дискусија. Ако немаме спротиставени мислење, не би била интересна.