Ја пропушти главната поента во мојот пост. Поентата е дека
тие на кои им одговара ваква ситуација во Македонија, верувај дека
тие ќе најдеа начин за да го направат тоа па и Данци или Финци да имавме за малцинство.
Сети се кои и какви биле претците на Данците. Рејдери од кои со векови плачела цела Европа, и пола Азија и Африка. Да денес се фини и културни ама тоа е така најмногу
затоа што живеат во држави во кои владее законот и редот.
Истите тие Данци и Финци, пред скоро беа и во Македонија во составот на УНПРОФОР. Сети се колку малку им требаше да се станат „Македонци„ или „Албанци„ во културата... веднаш почнаа како овдешните да паркираат на тревници, да фрлаат ѓубре, и да прават разни други глупости кои во матичните држави нема шанси да ги направат без инстант правни и казнени последици.
Данците и Финците, и сите тие од западот, не толку фини и културни затоа што такви се родени, фини и културни се затоа што не им се исплати да не бидат такви: живеат во држави во кои владее законот и редот.
Нејсе, и јас забегав. Муабетот ми е дека оваквата состојба се вклопува со геостратешките цели на една голема светска сила. Затоа ќе остане вака се додека
тие го сакаат тоа (најверојатно долго, долго време).
@
perez9 ова беше одговор и за тебе.