Баталете новинари, опозициски или провладини. Исти кур се и едни и други. Користат за политички поени, матер им ебам.
Толпата проба уште во 18:40 некаде да пробие накај Сарај ама гордонот ги попречи уште кај очната болница (таму беше и собирот). После тоа тргнаа/вме накај Центар (во тој момент не знаев зошто се оди натаму), беше прво сопрена кај Цујо, па пуштена до парк/Тинекс и таму настанаа проблемите. Отидоа возрасни луѓе напред, во први редови (баш еден искоментира во стил, ако децата се хулигани, ајде да видиме нас возрасните зошто би не удирале) и после неполни 10 минути настана газењето. Деца, жени плачат, луѓе возрасни се чудат.
На едно видео убаво се гледа како сите што се напред се со кренати раце и сакаат да продолжат да движат накај Центар. Не знам зошто правото им беше скратено. Нит некој мавна со камен или било каков друг предмет (освен цивилката што го фатија меѓу толпа како снима).