Љубовен Каскадер
fekalija
- Член од
- 28 декември 2011
- Мислења
- 4.371
- Поени од реакции
- 6.209
Мислам дека треба да ги баталиме препукувањата и тие со орките, и тие меѓу нас, и на темава да се фокусираме единствено на организирање на асални протести. Веќе имаме покажано дака сме способни да излеземе во големи бројки, како протестите за Нешковски, за поскапувањата и слично.Да, сакам да кажам потребна е целосна организација - или најдобро, група која веќе ги правела тие работи, да организира целосно. И повторно се јавуваат други проблеми:
1) незаинтересираност.
Едноставно, не ги интересира и крај. Не би дале 30 минути од своето време, па ШТО САКАШ да се случи. Тоа ти е, не можеш против тоа.
Тоа значи, мал број на луѓе. Подоцна, дури и да „успее“ протестот без да бидат избркани, медиумскиот спин ќе биде „ок, тоа е, 50 души сте, значи на другите им е добро“ и немаш што да одговориш на тоа.
И секој што подразмислил си вика, па добро, со 50 души значи мора да се направи некаква ескалација за да нѐ слушнат. Но, ако го направиш тоа, МВР има посебна дозвола и желба да удира Македонци и си ја користат.
После си и во полиција, а истите незаинтересирани ќе ти речат „ете ти, хулигани, затоа не протестирам“.
Тоа е целата работа околу протестите и многу луѓе откако ќе увидат, се откажуваат, еден по еден, итн.
И темава почнува да забегава, без конкретни информации и предлози.. ко ADHD да имаме како нација, сериозно. 2 дена не можеме да се посветиме целосно на една иста работа. Да не зборувам за меморијата..
Мислам дека незаинтересираноста не е толку голем проблем колку што е разочараноста.
Луѓето пребрзо се разочаруваат и пребрзо се откажуваат од протести, и тоа власта си го користи во своја полза. Ги остава да се испукаат неколку дена во обрач од желки и потоа си е мирна цела година.
Затоа, потребно е наместо вакви брз-фитил протести едноставно да се собираме секој ден, ако треба со месеци, ако треба да покажеме граѓанска непослушност преку неплаќање сметки и слично, се додека власта не увиди дека станува збор за народ кој е сериозен во барањата.
Затоа и велам, луѓето треба да бидат спремни на таков потег. Да бидат спремни да водат тивка борба со месеци за своите права. Да знаат зошто се таму.