Имам проблем со Нексус 5. Пред можеби 2-3 недели ми падна во тоалет. Одам кај еден сервисер, ми кажаа дека е проблем во дисплејот (има бели линии (хоризонтални) на горниот и долнот крај и тачот (не функционира). Значи телефонот се пали, стигнува до внесување на пин код и самиот прави Shut down. Проблем е што тој сервисер нема нарачан дисплеј и треба да се чека нарачката.
Денеска го носам во Мобико во Лептокарија. Што да ви кажам, од самото влегување ме пречекува една арогантна жена, не сака ни да те сослуша што како се случило со телефонот, го зима и вика ќе го видат сервисерите. No further discussion стил.
Еве сега ми стига порака, гарантниот лист е неважечки за поправката (ДОБРО ЗНАМ!!!, не ме ни остави да и кажам дека е потопен од вода). После веднаш ми стига друга порака, „вашиот телефон не може да се поправи и ве молиме да си го подигнете во тоа и тоа време секој работен ден“.
До сега ѕвонев на сервисерот, пола сат, значи бирам сервисер ми се јавува пак арогантата и вели дека телефонот има оштетувања од вода и не може да се поправи бидејќи имал оштетувања во флет кабелот, плочата и дисплејот и не можат да се нафатат да го поправат. Дали е можно да има такви масивни оштетувања а телефонот се пали?
Некое чаре, совет, било што? Фала ви однапред.