- Член од
- 13 септември 2011
- Мислења
- 143
- Поени од реакции
- 469
Не, не си разбрал како што треба.Има кривични дела кои предвидуваат казна доживотен затвор. Ама еве како кривичниот законик го дефинира „доживотниот“ затвор.
Член 35
(1) Затворот не може да биде пократок од 30 дена, ниту подолг од 15 години. За кривичните дела за кои е пропишана и казна доживотен затвор,
може да се изрече казна затвор од 20 години
(2) Ако за кривично дело сторено со умисла е пропишан затвор во траење од 15 години, за тешки форми на тоа дело може да се пропише и
казна доживотен затвор.
(3) Казната доживотен затвор не може да се пропише како единствена главна казна.
(4) Казната доживотен затвор не може да се изрече на сторител кој во време на извршување на кривичното дело не навршил 21 година од животот.
(5) Затворот се изрекува на полни години и месеци, а до шест месеци и на полни денови.
(6) Кога за кривичните дела е пропишана казна затвор без назначување на најмалата мера, а најголемата мера не е поголема од три години, покрај таа казна задолжително се пропишува и парична казна.
(7) Затворот се издржува во установи за издржување на казна определени со закон.
Значи осудените на доживотен затвор лежат најмногу 20 години.
*Постои* казна доживотен затвор (да не го цитирам кривичен законик, но за свирепо убиство може да се додели). За убиство со умисла исто може. Но треба да има полни 21 година, затоа во овој случај нема да биде казнет со доживотен затвор.
Тоа што не е јасно и создава недоразбирање е дека за сите тие дела, за кои би можело да се осуди на доживотен затвор, би можело и на 20 години затвор. Значи, ако го толкуваат делото како некое дело кое може да има казна доживотен затвор, судијата може да му даде и казна од 20 години, ако се реши. (На пример, не би можел да му даде казна од 22.5 години)
Тоа е целата работа. Иако е многу малоумно напишано..