Што ќе се случи во следниве денови само Господ знае. Најважно од се, е сега сите Македонци да бидеме сплотени, како што сме и овие денови поради поплавите кај нашите соседи, но сега не се работи за нив, туку за нас, мораме да бидеме паметни. Револтот е голем кај сите, и се бара причина повеќе за тој да стане уште по масовен. Секоја година имаме по ваков немил настан, во кој што страдаат наши браќа, а пак сторителите си остануваат на слобода и си терат по нивно, ко ништо да не било. Свесни сме сите дека има исклучоци, и секоја чест за нив, но, покрај сувото и зеленото гори. Ситуацијата ќе биде напната, а за тоа се криви оние кои што се над нас, и сеуште молчат ко ништо да не било. Мора нешто да се превземе..Боли, премногу боли.