Навивачката група „Лозари Исток“ со целото свое членство масовно се вклучува во големата хуманитарна акција за помош на населението на Србија и Босна и Херцеговина кои беа погодени од огромните поплави.
Во текот на утрешниот ден членовите на навивачкта група ќе посетат дел од локалните фирми и ќе поднесат барање за соодветна помош. Ќе бидат опфатени сите дисконти, маркети кои би донирале храна и средства за хигиена, ќе бидат посетени земјоделските аптеки од каде би се побарало гумени чизми, лепаци, скалпери, вреќи и останати фирми кои би се вклучиле во донацијата!
Акцијата за донирање на алишта, вода, ќебиња, средства за лична хигиена и храна е закажана за во вторник, 20 мај. Единствениот хуманитарен пункт ќе биде поставен на градскиот плоштад во Кавадарци во периодот од 9 часот до 19 часот.
Направете добро дело и вклучете се во акцијата и помогнете им на оние кои им е помошта најнеопходна.
https://www.facebook.com/events/658130377575752/?ref_newsfeed_story_type=regular&source=1