Големи поплави, вондредна ситуација во Србија и Босна и делови на Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата Awake
  • Време на започнување Време на започнување
Не сакам да бидам идиот но крајно сум изреволтиран од нашиве оператори. Нели секој повик за донација беше 118 денари, 100 денари одат за донација и 18 денари за ДДВ?! ЕПА НЕ БИЛО ТАКА! Само 84,75 денари одат за донација што значи дека 33 денари остануваат кај нив! Си прават бизнис со нашата добра волја и желба да помогнеме. Колку само пари ќе заработат деновиве, страшно! МАКЕДОНСКА РАБОТА!

Untitled.jpg
 
@wARMAN69 го ставија на претпретходната страна, ама не е битно, нека стои, да видат луѓето. :)
 
@wARMAN69 го стави на претпретходната страна, ама не е битно, нека стои, да видат луѓето. :)

во другата тема сакав да го постирам пошто го немаше, по грешка отиде тука :)

инаку од Велес денеска четворица отидоа со кола со свој средства, а од спасителите што беа се вратија и зборуваат за ситуацијата

Па тие заедно да се здружат можат сигурно голема сума пари да допринесат.
Моментално немаат проблем со пари. Пари ќе им требаат кога водата ќе се повлече и градовите ќе треба да се обновуваат.
 
Баш сега прочитав една работа за која се прашувам цело време што би можело да значи тоа.Имено, за секој донаторски повик за погодените од поплавите се зема ДДВ.Добро, тој ДДВ во чија каса завршува?Во касата на УЈП или пак оди директно на настраданите во Србија и Босна и Херцеговина?Ако е за вториве тогаш е ок, а ако е за првиве , мамето да им го ебам, мама нѝ ебаа со позлатените курови на пиедестали и шмизлите, малку не украдоа па сега и на туѓа несреќа да земаат пари.
 
Моментално немаат проблем со пари. Пари ќе им требаат кога водата ќе се повлече и градовите ќе треба да се обновуваат.
Знам тоа, ама им требаат продукти, опрема и сите тие работи. А тоа чини пари. На тоа мислев најмногу.
 
Не сакам да бидам идиот но крајно сум изреволтиран од нашиве оператори. Нели секој повик за донација беше 118 денари, 100 денари одат за донација и 18 денари за ДДВ?! ЕПА НЕ БИЛО ТАКА! Само 84,75 денари одат за донација што значи дека 33 денари остануваат кај нив! Си прават бизнис со нашата добра волја и желба да помогнеме. Колку само пари ќе заработат деновиве, страшно! МАКЕДОНСКА РАБОТА!

Значи вистина било, па и да ти кажам не си идиот, критиката ти е на место.Ова е невидена срамота ејјј, на донации да полниш ти каса на УЈП.Кај ќе им оди душата само јас не знам, говеда ненаситни.
 
Тоа е најзафркнато во моментов. И да имаш пари, ќебиња, флаширана вода, храна и останато не се наоѓа во погодените подрачја. Затоа им треба помош од држави во кои состојбата е нормална. Српските фирми и да сакаат не можат да зголемат производство затоа што имаат проблеми и со струјата.
 
Значи вистина било, па и да ти кажам не си идиот, критиката ти е на место.Ова е невидена срамота ејјј, на донации да полниш ти каса на УЈП.Кај ќе им оди душата само јас не знам, говеда ненаситни.

Тоа е тоа, во нашава држава се е можно. Она што најмалку го очекуваш може да те снајде. Во Црна Гора операторите се откажаа од добивката при донациите ама нашиве ненаситни кучиња, од се сакаат да искористат.
 
А гарант едно десет илјади евра се сигурно отидени само во касата на УЈП.Ако не и повеќе, ова го пишувам како резултат на груба претпоставка.
 
Навивачката група Чкембари уште еднаш на дело ќе ја покажи својата хуманост !! Да му помогнеме на нашите соседи кои доживеаа страшна катастрофа.

ЧКЕМБАРИ СИТЕ УТРЕ ВО 17:00 h ДА ДОНИРАМЕ ПРЕД РЕСТОРАН КОРЗО НА ШИРОК СОКАК !

Облека, храна,вода се е добредојдено !!!
 
Може некој да пише ако има информација дали ќе има организирано автобуси од Скопје за Србија за волонтери кои сакаат да помогнат.
 
Последно уредено:
Не сакам да бидам идиот но крајно сум изреволтиран од нашиве оператори. Нели секој повик за донација беше 118 денари, 100 денари одат за донација и 18 денари за ДДВ?! ЕПА НЕ БИЛО ТАКА! Само 84,75 денари одат за донација што значи дека 33 денари остануваат кај нив! Си прават бизнис со нашата добра волја и желба да помогнеме. Колку само пари ќе заработат деновиве, страшно! МАКЕДОНСКА РАБОТА!

Прегледај го приврзокот 92774

ЦЦЦЦЦ не ми се верува. Го прават будала овој хуман народ. Арам нека им е .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom