Катастрофата во Србија - резултат на таен проект за климатски промени?!
Климатските промени, кои се мошне нетипични за подрачјето на Европа и на Балканот, веќе со недели се една од главните теми во јавноста во Србија. Како можен предизвикувач на наглото „дивеење“ на климата се спомнува и антенскиот систем ХААРП, кој се наоѓа во Бељина кај Барајево, близу Белград.
ХААРП е предмет на разни теории на заговор во кои се означува како „таен проект“ и се поврзува со настани на природни катастрофи како потреси, поплави и вулкански ерупции.
Овој антенски систем е програма за активно аурорално истражување на високи фреквенции и претставува проект за истражување со цел разбирање, стимулирање и контрола на процесите во јоносферата, која е дел од земјината атмосфера на висина од 50 до 80 километри, и кој содржи големо количество јони (наелектризирани честички) настанати со делување на соларните ветрови и има големо влијание врз човековата околина, но и менталната свест, има влијание врз климата и климатските промени.
Овој систем во Србија почнал да работи на трети мај годинава.
Биологот и еколог Дејан Маркуш, кој подолго време живее и работи во САД, каде ги проучува појавите поврзани со ХААРП, вели дека во Америка одамна е познато дека овој антенски систем може да влијае на климата и дека не е случајно што токму ова лето, кога системот почнал да функционира, Белград и Србија станале потопли од Сахара.
- Со дејствувањето на антенскиот систем ХААРП се создава дупка во заштитната обвивка на Земјата, која не штити од негативно влијание на Сонцето и на соларните ветрови. Американската администрација официјално соопшти дека ХААРП служи да се истражат начините за санирање на озонската обвивка. Но, вистинската намена му е контрола на климата таму каде што ќе посакаат, како и манипулација со контрола на луѓето - вели Маркуш и додава дека оваа контрола не е од вчера, пишува К
урир-инфо.рс
Според него, со манипулирање на климата се почнало во 1946 година, кога американскиот научник Винсент Шефер открил дека со уфрлање на заледени честички на јаглен диоксид (сув мраз) во ладна комора доведува до создавање ледени кристали кои се исти како и тие во облаците. Се знаело дека топлиот воздух кревајќи се од земјата се повеќе се лади и еден дел од таа влага кондензира во ситни капки кои формираат облаци. Милиони такви капки мора да се спојат меѓусебно за да станат доволно тешки и како такви да паѓаат како дожд. Според него, сега овој дел од Балканот, дошол на ред да се манипулира со климатски промени и експерименти, а Србија била избрана како најпогодно тло за поставување ХААРП антени.
Како што стојат работите, во иднина може да се очекува климата во регионот само да се влошува.
http://www.plusinfo.mk/vest/137382/Katastrofata-vo-Srbija---rezultat-na-taen-proekt-za-klimatski-promeni
IZGOREĆEMO: Zbog HAARP-a u Srbiji toplotni udar i do 60 C!
http://www.kurir-info.rs/izgorecemo-zbog-haarp-a-u-srbiji-toplotni-udar-i-do-60-c-clanak-843295