Мики1 ме интересира ставот на црквата за следново.
Имаме двајца сопружници кои од Х причини не можат да имаат дете. Единствен начин е преку инвитро, меѓутоа се верници и според ставот на црквата тоа е недозволиво.
Дали црквата би подржала:
1. Сопружниците да се разведат поради оваа причина
2. Да имаат деца со други партнери а они да се сеуште во брак, што технички би значело прељуба.
1. Неплодните сопружници не треба да се обвинуваат еден со друг за неплодноста, а не е препорачливо да се разведуваат. Ако се разведат, тоа треба да е обостран и доброволен чин.
Неплодните родители можат се смират (пред Бога) со таа состојба и да не се разведат.
2. Имањето деца преку „сурогат„ родители не е прифатливо за Црквата ,оти на тој начин, мајката-сурогат е претворена во машина за размножување, а таткото пак нема боилошка блискост со така роденото дете.
Да, „технички„, би било чин на прељуба, ама „запакуван„ со добра намера...[DOUBLEPOST=1400357312][/DOUBLEPOST]
Последниот став при разговор со еден свештеник во прашањето сега не ги знам процедурите околу ин витро па немој да ми замеруваш!
околу ин витро оплодување ништо нема огревовно додека одреден фетус,ембрион оплоден плод не се отфрли,доколку се оплоди три и два се отфрлат фактички и се убиваат и тука лежи негирањето и противењето на црквата како и абортусот.
Против вештачкото оплодување и медицинската наука црквата нема ништо против туку напротив ја подржува и благословува како од Бога дарена сепак Господ го има последниот момент и се секое медицинско достигнување не се постигнува без Божјо допуштање.
Мудр 38:2-8
Почитувај лекар со чест што ја
стекнал од неговата служба,
зашто Господ го создал.
Лекувањето од Севишниот доаѓа,
како дар што се добива од цар.
Знаењето лекарот го прославува; и
меѓу големци ќе биде на чест.
Господ од земјата создал лекарства;
човек разумен не ги отфрла.
Нели преку дрво стана водата слатка,
за да се види Неговата сила?
Затоа на луѓето им дал знаење, за да
Го прослават во Неговите чудесни дела;
со нив Тој човекот го лекува и болестите
негови ги отклонува;
оној што готви лекови, од нив прави
смеса; на делата негови нема крај, а
преку нив добро станува по лицето на
целата земја.
mountain,
нека е и така како што велиш, нека Црквата го прифати и тој начин на размножување, но ако првоболтуваниот стих го растегнеме „до небо„ и така растегнат го толкуваме, тогаш Црквата ќе биде „принудена„ да прифати секаква медицинска новотарија, под „фирмата„ дека ете, сам Бог го благословил тој нов начин на зачнување луѓе.
Лично, не верувам дека тој стих го опфаќа и „ин-витро„-то, оти и не било познато во времето кога е запишана цитираната мудирст, но ова нека биде само мој став.[DOUBLEPOST=1400357799][/DOUBLEPOST]
- Не мислев на ставот за Светиот Дух, туку на ставот дека ин-витор е под црвената линија. Тоа е нова метода, за чии последици морало претпастувам да заседаваат високите претставници на Православната Црква и да донесат став. Секако дека е втемелен врз основа на Светото писмо, но колку што можеш да најдеш гревови во процедурата толку можеш да најдеш и добри дела нели?
Запазен е моментот на "размножувајте се" од Светото Писмо.
Голем дел од паровите најпрво се обраќаат кон Бога, а после извесно време се одлучуваат за ин-витро.
И после успешното ин-витро повторно му заблагодаруваат на бог што дозволил да добијат пород.
Не секое ин-витро е успешно.
- Процес на инсеменеција пластично би го објаснил вака - машката единка има проблем со квалитетот на спермата, која нема доволна концентрација на подобни сперматозоиди(оние кои имаат глава и тело за да оплодат), се зема примерок од неа, се "филтрира" за да останат само подобните, и се враќа во матката, исто како и при ејакулација. Со тоа се зголемуваат шансите да подобен сперматозоид ја погоди јајце клетката, отколку претходно, додека пливаат еден куп неподобни.
Што вели црквата за ова? Природно или неприродно? Прифатливо или не?
- Секој човек има право на покајание. Тоа важи и за родителите и за породот. Родителите може да се покајат. За каков грев би се покајал породот?
- Еден член од верните веќе наведе дека нема општо црковен став по тоа прашање, но затоа има ставови од членови од Црквата. За да може Црквата да донесе заеднички став, истата треба темелно да ја запознае предметнава метода и после тоа, да донесе соборен/заеднички став по тоа прашање. Но едно е несомено, небитно за кое време зборуваме и за која метода се работи: а тоа е дека улогата Божја во Светов не е променета.
Ако сметаш дека едно „добро„ може да се оправда после дузина сторени „зла„, тогаш тоа не е мој став...
- Не „копчам„ на кои парови мислиш: на сите, на неверните, на верните?....
- Полсе успешно „ин витро„ може да следи честење (за докторот) во кафана со блех оркестар, а не славење на Бога...
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
- Така е: не е секое успешно, што значи дека „нешто„ (или „некој„) не допушта да биде успешно, а тоа не мора да биде „несовршената„ медицинска технологија, туку...
- Инсеменацијата не ми „звучи„ како природен процес, а повеќе ми наликува на еден вид „ин витро„.