Што претставува крстот и зашто Христијаните го обожаваат?

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А што, ти си Христијан/ка па да збориш за Крстот и за Христа?
Значи ти си телемит и окултист штом дискутираш на тема за телема и окултизам? Од каде заклучи ти дека ако темата е за одредена религија или правец, дека само оние кои припаѓаат на таа религија треба да дискутираат за истата?
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350

Ако ја пастираше (paste) и останатиот дел од мислата ќе сфатеше дека направи глупост бидејќи ти дава одговор на прашањето.Цитирам: А што, ти си Христијан/ка па да збориш за Крстот и за Христа? Кога дошло време шака окултисти и наводни атисти да бранат вера Христијанска значи не ќе да е на арно работава.
Значи наравоучение (како на мали деца од градинка), авторот сакал да каже дека еден окултист, следбеник на кроули (чија природа под дефолт е да мрази христијани), му се фрла на соул (муслиман по вероисповед - негово право како што е и ваше да бидете окултисти) за да го праша зошто мрзи крст кога и самата/от мрзи крст? Зарем не е смешно и во најмала рака бесмислено?!!!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog

Еден куп неболузи....незнам од кај да почнам попрво.......

Прво. Немора да си христијанин за да имаш познавање за истото, потребно е единствено да ги познаваш неговите начела и принципи, христијанин ќе бидеш ако тие принципи и начела ги спроведуваш на дело, нешто што сеуште не сум го сретнал.
Второ. Ние не сме следбеници на Кроули, ниту окултизмот по дифолт значи дека треба да се мрази христијанството. Тоа е само твоја заблуда, ништо повеќе. Што мразел а што сакал некој е негова лична работа, не задолжителна обврска за сите. Еднаш ти постирав личен став на Кроули за ова, ама очигледно имаш кратка меморија. Затоа еве ти го повторно:

I admit that my visions can never mean to other men as much as they do to me. I do not regret this. All I ask is that my results should convince seekers after truth that there is beyond doubt something worth while seeking, attainable by methods more or less like mine. I do not want to father a flock, to be the fetish of fools and fanatics, or the founder of a faith whose followers are content to echo my opinions. I want each man to cut his own way through the jungle.

-Aleister Crowley, The Confessions, chapter 66, p. 618
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Еден куп неболузи....незнам од кај да почнам попрво.......
Опаааа, демек читани сме. Што се тоа небулози?
Прво. Немора да си христијанин за да имаш познавање за истото, потребно е единствено да ги познаваш неговите начела и принципи, христијанин ќе бидеш ако тие принципи и начела ги спроведуваш на дело, нешто што сеуште не сум го сретнал.
Тоа не ти дава за право да зборуваш во име на Христијаните и нема врска со прашањето.
Второ. Ние не сме следбеници на Кроули, ниту окултизмот по дифолт значи дека треба да се мрази христијанството. Тоа е само твоја заблуда, ништо повеќе. Што мразел а што сакал некој е негова лична работа, не задолжителна обврска за сите. Еднаш ти постирав личен став на Кроули за ова, ама очигледно имаш кратка меморија...
Не, ти имаш кратка меморија од досегашната твоја посета на темата за Христијанство каде се спротивставуваш до бескрај, имплиментирајќи ја окултистичката догма на кабалата, која секако е дијаметрално спротивна на Христијанството!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа не ти дава за право да зборуваш во име на Христијаните и нема врска со прашањето.
А кој си па ти да носиш суд кој има право а кој не за да зборува во име на христијаните? Ти мислиш дека си христијанин?! Такви христијани како тебе со лопата да ги ринеш! Што примени ти од христијанството во твојот живот? Се однесуваш кон останатите како што сакаш останатите да се однесуват со тебе? Ги сакаш непријателите? Го вртиш другиот образ? Се откажуваш од материјалните добра? Ти си христијанин, колку што сум јас архиепископ.
Не, ти имаш кратка меморија од досегашната твоја посета на темата за Христијанство каде се спротивставуваш до бескрај, имплиментирајќи ја окултистичката догма на кабалата, која секако е дијаметрално спротивна на Христијанството!
Небулози колку ти душа сака.....(нелогични и апсурдни ставови и тврдења - практично 90% од се што ќе кажеш)
Дискутирање во кое се изнесуваат спротивни ставови за нормалниот свет, не само што не е ништо чудно и погрешно, туку и позитивно, корисно и прифатливо. Само тоталитаристички и ограничени умови се залагаат за едноумие.
П.С. Кабалата не само што не е дијаметрално спротивна на христијанството, туку има безброј паралели и сличности со него. Само тотален лаик може да каже вакво нешто.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
А кој си па ти да носиш суд кој има право а кој не за да зборува во име на христијаните? Ти мислиш дека си христијанин?! Такви христијани како тебе со лопата да ги ринеш! Што примени ти од христијанството во твојот живот? Се однесуваш кон останатите како што сакаш останатите да се однесуват со тебе? Ги сакаш непријателите? Го вртиш другиот образ? Се откажуваш од материјалните добра? Ти си христијанин, колку што сум јас архиепископ.
Флезе во тема за која што не си компетентна да збориш.

Небулози колку ти душа сака.....(нелогични и апсурдни ставови и тврдења - практично 90% од се што ќе кажеш)
Дискутирање во кое се изнесуваат спротивни ставови за нормалниот свет, не само што не е ништо чудно и погрешно, туку и позитивно, корисно и прифатливо. Само тоталитаристички и ограничени умови се залагаат за едноумие.
П.С. Кабалата не само што не е дијаметрално спротивна на христијанството, туку има безброј паралели и сличности со него. Само тотален лаик може да каже вакво нешто.
Кој се залага за ЕДНОУМИЕ? Јас или ти? А кабалата нема ни С од СЛИЧНОСТ со Христијанството. Тоа го тврди, не јас, ами цела историја на Црквата до ден денешен, а фала Богу, ти си потврда за истото...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кој се залага за ЕДНОУМИЕ? Јас или ти?
Јас не ја сметам дискусијата за напад, ти ја сметаш.
А кабалата нема ни С од СЛИЧНОСТ со Христијанството. Тоа го тврди, не јас, ами цела историја на Црквата до ден денешен, а фала Богу, ти си потврда за истото...
За да може да има валидност нечиј збор на одредена тема, основно е да покаже познавање од истата.
Кој се четирите архетипски светови во кабалата? Кои еврејски букви се поврзани со овие светови и кое име го даваат кога ќе се поврзат?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
А кој си па ти да носиш суд кој има право а кој не за да зборува во име на христијаните? Ти мислиш дека си христијанин?! Такви христијани како тебе со лопата да ги ринеш! Што примени ти од христијанството во твојот живот? Се однесуваш кон останатите како што сакаш останатите да се однесуват со тебе? Ги сакаш непријателите? Го вртиш другиот образ? Се откажуваш од материјалните добра? Ти си христијанин, колку што сум јас архиепископ.
.
Болдот е најголемиот проблем на оние кои се против Христијанството.

Сметате дека Христијанството треба да биде такво, какво што вие го замислувате и интерпретирате во своите глави:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Болдот е најголемиот проблем на оние кои се против Христијанството.

Сметате дека Христијанството треба да биде такво, какво што вие го замислувате и интерпретирате во своите глави:)
Нема што да се интерпретира, јасни и недвосмислени се пораките - сакај ги сите па и своите непријатели, сврти го другиот образ, прави им на останатите тоа што сакаш тебе да ти прават.
Што има овде да се интерпретира?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Нема што да се интерпретира, јасни и недвосмислени се пораките - сакај ги сите па и своите непријатели, сврти го другиот образ, прави им на останатите тоа што сакаш тебе да ти прават.
Што има овде да се интерпретира?
Па токму ова го зборам де:P

Штотуку го интерпретираш по твое.

Вадиш цитат од Библија и викаш - Христијанин мора ова да го почитува.

Зашто мислиш дека вербата во Бог оди рака под рака со Библијата или Црквата како институција?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема што да се интерпретира, јасни и недвосмислени се пораките - сакај ги сите па и своите непријатели, сврти го другиот образ, прави им на останатите тоа што сакаш тебе да ти прават.
Што има овде да се интерпретира?
Се‘ што наброја, треба да се интерпретира, оти во спротивно ќе стане или просто, вербално механичко-протестантско повикување на библискиот запис а без конкретно дело, или ќе прејде во (само)дебилизација.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па токму ова го зборам де:P

Штотуку го интерпретираш по твое.

Вадиш цитат од Библија и викаш - Христијанин мора ова да го почитува.

Зашто мислиш дека вербата во Бог оди рака под рака со Библијата или Црквата како институција?
Ако некој се декларира како христијанин, тогаш значи дека се повикува на принципите на христијанството, а тие ги нагласив кој се. Инаку да, се согласувам дека не ти треба ниту библија ниту црква за да веруваш во некој свој концепт на Бог, но тогаш не гледам зошто би се декларирал како христијанин, муслиман, јудеец или слично.[DOUBLEPOST=1400408711][/DOUBLEPOST]
Се‘ што наброја, треба да се интерпретира, оти во спротивно ќе стане или просто, вербално механичко-протестантско повикување на библискиот запис а без конкретно дело, или ќе прејде во (само)дебилизација.
Наведи ми правило, принцип, заповед, објаснување, појаснување....било што, кое вели дека на принципите кои ги наведов им е потребно толкување.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Јас не ја сметам дискусијата за напад, ти ја сметаш.
Јас никогаш не сум бил против дискусија, напротив. Вие сметате дека ве навредувам со тоа што вашата добро скриена окултистичка догма
ја вадам на виделина и ја докажувам нејзината ништавост. Тоа ве боли?
За да може да има валидност нечиј збор на одредена тема, основно е да покаже познавање од истата.
Кој се четирите архетипски светови во кабалата? Кои еврејски букви се поврзани со овие светови и кое име го даваат кога ќе се поврзат?
Сметам дека не е тука тема за кабала и недавам одговор.
 
Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
Ако некој се декларира како христијанин, тогаш значи дека се повикува на принципите на христијанството, а тие ги нагласив кој се. Инаку да, се согласувам дека не ти треба ниту библија ниту црква за да веруваш во некој свој концепт на Бог, но .
Ако некој се декларира како телемит,дали ќе се држи до првиот закон на телемата?
Прави што сакаш и тоа ќе биде твојот закон?
Јас сакам да ги убијам сите телемити,(да не употебувам други термини) дали можам да си ја дозволам оваа моја Воља?
 
Последно уредено:

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ако некој се декларира како христијанин, тогаш значи дека се повикува на принципите на христијанството, а тие ги нагласив кој се.

Инаку да, се согласувам дека не ти треба ниту библија ниту црква за да веруваш во некој свој концепт на Бог, но тогаш не гледам зошто би се декларирал како христијанин, муслиман, јудеец или слично.[DOUBLEPOST=1400408711][/DOUBLEPOST]
.
Ти како член на ОТО, заколнат противник на Христијанството, ми кажуваш дека ТИ ги познаваш принципите на Христијанството и згора на тоа ги нагласуваш:D

Кога јас ти кажував како функционира редот ОТО, ти велеше како може да зборам за нешто чиј член не сум.

Зошто би еден член на ОТО смеел да говори за Христијанството, и да мисли дека е во право, а некој друг кој не е член на ОТО не би смеел да помисли да говори за ОТО (ако не се пофалби), туку само да слуша од членовите на редот за "убавините" кој ги нуди?

п.с. за остатокот од постот за концептот од Бог се слагаме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom