Mики, какви бе евреи, кој фактор беа евреите тогаш во Јудеја??
Заозбили се малце, знаеш и самиот дека Римјаните го заробија Исус, римјаните го осудија и римјаните го убија. Знаеш дека 600 римски војници беа пратени да го заробат исус и неговите вооружени соборци, знаеш дека Пилат го испрашуваше и судеше знаеш дека римјаните го осудиле на казна која е наменета за неприателите на рим (распнување) Какви свештеници бе Мики, во Јудеја тогаш владеело римско царство римски закони римска војска римски судови. Го обвинија Исус дека забранувал да се плаќа данок (прекршок против Римската власт) дека го бунтувал народот (прекршок против римската власт) и дека за себе велел дека тој е цар јудејски (а јудејците званично имаа еден цар - Римскиот). Сите обвиненија за кој беше распнат - беа против Римското царство, какви знаци бе Мики.
Зато не извртувај настаните као евештениците го фатиле го осудиле и го распнале, тоа е фалсификување на настаните. И Римските историчари подоцна кога пишуваат за Исус пишуваат како за бунтовник распнат од Пилат, од римјанин.
Значи да повториме, Исус беше неприател на Рим, не на свештениците, во тоа време во јудеја вриеше од разноразни пророци кои тврдеа дека кој дека крајот е близу, кој дека е син божји (шо и не беше никаков престап пошто сите евреи кажуваа за себе дека се синови божји) кој заговараше покори кој жртви ... Исус како проповедник би бил изгубен во тој верски хаос во Јудеја со своите грст следбеници, Рим никогаш не се ни интересирал евреите во што веруваат и оти и како и кои се разлики.... Нив им беше битен ред мир и поредок, народот да работи поштува власт и римскиот цар и плаќа данок, е Исус велеше да не се плаќа данок, да се кренат на бунт и дека тој е цар на евреите, е затоа Мики го осудија и убија. Му е гајле на римскиот цар ако некој евреин таму во некоја покраина направил верски престап према еврејски закони... мислиш така биле римјаните глупи да за мирен проповедник кој ширел пораки за љубов ќе прателе 600 војници да го заробат??, во евангелијата римјаните ги направија како германски војници шо се прикажани во партизански филмови, глупи и неспособни, а рим бешпе светска суперсила, го владееше светот 1000 години бе мики, имаа тие и свои закони и дипломатија и политика и војска и медицина и литература и уметност.... “Се собрал народ кај пилата и барале да го распнат Исус“ и тој кутриот морал оти се плашел од собраните евреи... а не им текна на евреите така собрани да побараат од исплашениот пилат да си заминат римјаните од јудеја.. и така биле собрани и така римјаните биле исплашени , Пилат е опишан убаво во историјата како суров човек кој ги мразел евреите и ги сметал за недостојни суштества прочитај малце Мики кога се собрале евреи да протестираат нешто да бараат од Пилата, тој наредил војската да влезе во толпата и имаше неколку иљади мртви и уште толку ранети. Царот Римски морал некогаш да интервенира за Пилат да не биди толку суров према евреите... А во евангелијата - небаре ангел пилат, брижен, наивен, исплашен, добра душичка....
е то е Мики, Библијата е свет на фантазија, исто како господар на прстените, си има и таму змејови, еднорози, зомбија, добрите и лошите магии, чуда.... кои немаат врска со реалноста и вистинските настани.
Јас имам читано и библија и историја... не читано... проучувано.
Ти немаш.