1. Огромен број на девојки не крварат при првиот однос, тоа е нешто што дечкото треба да го знае. Нема причина ТЕБЕ да ти биде незгодно што ОН не е доволно информиран.
2. Не си должна никому да се правдаш или да објаснуваш, а најмалку да докажуваш. По сопствена волја си му кажала дека си невина (Што за него не би требало да смени ништо, освен да знае дека треба да е понежен бидејќи ти е прв пат). Ако не ти верува, тоа е негов проблем, не твој. Ама ако се лути за нешто такво е обичен серко.
3. Дечко ти нема никакво право да те осудува за твоето (не)сексуално минато. Тоа што било пред него, било пред него. Дури и да не си невина. Кога он почнал врска со тебе, станал дел од твојата СЕГАШНОСТ, значи минатото (и твоето и неговото) останува само минато.
4. А он тебе бе што не ти докаже дека е невин??? Ајде и ти земи налути му се пошто ти е битно да е невин, а он тоа не може да го докаже. Глупости.