Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Не одат тие работи така, прво треба членска книшка, па куропушачка историја па треба да си рода или кумашин на груевски, ее не одат тие работи така.
Ова од искуство го кажуваш?
 
?

..........

Гостин
Ова од искуство го кажуваш?
Па да, јас живеам во оваа држава и гледам што се случува, и какви луге се на таа позиција министер за финансии. А што е со тебе ќорав си или во Тунгузија живееш?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Мирни деца мирни :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.486
оваа сторија не е дирекно поврзана со долгот,а посебно со нашиот,но од неа можат да се научат многу поучни работи(кој колку и како `заработува`).излезено е во `утрешното` издание на дневник

Датум: 13.05.2014, 17:16
СЕ НАМАЛУВААТ РЕЗЕРВИТЕ НА НАФТА ВО СЕВЕРНОТО МОРЕ

НОРВЕШКА СЕ СООЧУВА СО КРИЗА НА КРАЈОТ НА НАФТЕНАТА ЕРА

Бумот во енергетиката во Норвешка почнува да опаѓа порано од очекуваното, што ќе ~ предизвика штети на економијата, пренесува Ројтерс. Економијата не е подготвена да се справи без приходите од нафтата, што го загрозува дарежливиот социјален модел на земјата.

Високите приходи во енергетскиот сектор ги зголемија платите и цените на стоките во земјата до вештачки високи нивоа, што од своја страна го одвраќа инвестирањето на повеќе средства во енергетскиот сектор. Фирмите надвор од овој секторот пак не се во состојба да се справат со постојаните зголемувања на платите и цените.

Малку нови инвестиции

Начинот на кој Норвешка се справи со проклетството на нафтата може да биде лекција за Шкотска, која ќе гласа за отцепување од Обединетото Kралство, потпирајќи се претежно на приходите од нафтата. Норвешка има и голем буџетски вишок, ААА кредитен рејтинг и ниска невработеност и овие фактори ќе помогнат да се ублажи ефектот од крајот на нафтената ера.

Цените сепак постојано се зголемуваат, извозниците се соочуваат со мноштво проблеми, државата прави с` повеќе трошоци, а благодарение на великодушниот социјален модел на земјата, граѓаните не се подготвени за тешки времиња.

Според претставници на приватниот и јавниот сектор Норвешка мора да го ограничи зголемувањето на платите, за да се подобри продуктивноста, да се намали растот на цената на нафтата и да се намалат даноците, како што постапија околните држави.

Поддржувачите на независноста на Шкотска ја базираат својата платформа на ветувања дека Шкотска ќе може да го повтори успехот на Норвешка благодарение на нафтата. Податоците, сепак, покажуваат дека приносите во Северното Море се намали до две третини од највисоките нивоа. До крајот на минатиот век Британија беше извозник на гас и нафта, но денес таа увезува речиси половина од потребното за домашната потрошувачка.

Норвешка се соочува со други проблеми благодарение на фактот дека околу една петтина од економијата на земјата е врзана за нафтената индустрија. Kапиталните трошоци се толку големи што енергетските компании морале да продаваат средства за да можат да исплаќаат дивиденди. Инвестициите што ги имаше многу во последната деценија, денес опаѓаат. Но и покрај големите инвестиции, производството не се зголемило значително.

Kомпаниите во енергетскиот сектор се принудени да не инвестираат во иновации, што не овозможува значителни намалувања на трошоците. Владата исто така признава дека подемот на производството на нафта е кон својот крај.

Неодамна „Шел“ го прекин проектот за експлоатација на гас во крајбрежните зони без платформи, со кој се очекуваше приносот да се зголеми значително. Трошоците по него сепак се покажаа седумпати поголеми од очекуваното.

Судбината на Финска

Државната компанија „Статоил“ за да ги намали трошоците, прекинува иновативни проекти. Во минатото фирмата планираше да почне експлоатација на гас во арктичкиот мраз, но и тој проект засега е прекинат.

Денес Норвешка е седма во светот по извоз на нафта и обезбедува една петтина од испораките на гас за ЕУ. Земјата има највисоко БДП на работен час во светот, но продуктивноста на трудот опаѓа од 2007 година наваму, а во последната деценија трошоците за работна сила се зголемуваат постојано. Судбината на Норвешка по нафтената ера се споредува со тоа што се случи во Финска по „падот“ на „Нокиа“, која некогаш држеше една петтина од извозот на земјата. Шведска ги намали одморите и социјалните примања, но истовремено значително се намалија и даноците.

Слични промени тешко дека ќе настапат во Норвешка толку бргу, зашто синдикатите се на мислење дека земјата нема проблем со конкурентноста и се противат на намалувањето на социјалните привилегии.

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
............ПРЕД РАСПАДОТ НА СФРЈ МАКЕДОНИЈА БИЛА ПОЗАДОЛЖЕНА ОТКОЛКУ ДЕНЕС
Дали поранешните југословенски републики, меѓу нив и Македонија, денес реално се позадолжени отколку пред распаѓањето на СФРЈ?
Малку е несоодветно да се споредуваат задолжувањата тогаш и сега.
Никој не вика дека сите кредити се лоши, напротив.

Ама ако земеш кредит и направиш вештачко езеро и 3 хидроцентрали не е исто со да земеш кредити за да направиш споменици, коњи, врби и остало....
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Пуу дај у 100 евра дека за до 2019 нема ништо да се деси значајно т.е. дека нема да има девалвација. Ова е поради пад на цената на доларот па и малку на златото.
Makedonija e cudo od ekonomija, Srbija pocna od 50 dinara za evro sega e na 120, hrvatska na vremeto od 5 kuni sega e na 7.7, Slovencite od 160 tolari za evro mna vremeto, koga go prevzemaa evroto kursot bese 240, slicno e vo mnogu drugi istocnoevropski drzavi od bivsiot komunisticki blok, Polska ako ne se lazam ja devalvirase zlotata za 25% vo godinata koga fati ekonomskata kriza, neso slicno napravi i Estonija pred 5 godini pred da go prevzemat evroto. Samo Makedonija e cudo od ekonomija i denarot ne mrdna 20 godini. kako e ova moguce samo nekoj kako Hudini znae.
:)
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.486
за фирмите нема подобро од девалвација на денарот,но тогаш сите граѓани ќе ги извадат депозитите од банките(денарски) и државата ќе остане без кеш.банките нема да имаат пари за давање на кредити и маѓепсаниот круг ќе биде оворен ,ама навнатре
 
ili poinaku kazano, namesto da se devalvira denarot po malku sekoja godina za da se pottikne proizvodstvoto vladata gi stiti uvoznicite i parazitite i bogatite sto ziveat od visoki denarski kamati na depoziti.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Може, многу лесно. Нека дозволат складирање на радиоактивен отпад и ете ти многу пари.
Само што ако тоа го направат официјално, нема сите пари у џеб да им отидат.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.612
Поени од реакции
35.461
Начинот на кој Норвешка се справи со проклетството на нафтата може да биде лекција за Шкотска, која ќе гласа за отцепување од Обединетото Kралство, потпирајќи се претежно на приходите од нафтата. Норвешка има и голем буџетски вишок, ААА кредитен рејтинг и ниска невработеност и овие фактори ќе помогнат да се ублажи ефектот од крајот на нафтената ера.

...

Поддржувачите на независноста на Шкотска ја базираат својата платформа на ветувања дека Шкотска ќе може да го повтори успехот на Норвешка благодарение на нафтата. Податоците, сепак, покажуваат дека приносите во Северното Море се намали до две третини од највисоките нивоа. До крајот на минатиот век Британија беше извозник на гас и нафта, но денес таа увезува речиси половина од потребното за домашната потрошувачка.
Jeс да сме офтопик, ама чим ја спомна Шкотска во овој контекст... да прокоментирам за тоа. Поддржувачите на независноста на Шкотска имаат некои многу интересни планови, имено се зборува дека нивната валута ќе биде криптовалута и дека нема да имаат систем со централна банка и фиат валута. Вредноста на фунтата и онака се одржува на стабилно ниво, на истиот начин како и доларот... (нема да должам за ова).
Во Британија се повеќе се враќа и времето на рентањето на станови и разни недвижнини (Оливер Твист anyone?), со се поголем број на кираџии кои не можат да си дозволат свој дом (нешто што беше главна поента во реформите во Британија после последната светска војна).
Како што велат познавачите, одлив на големи количини од валутата во рентање на недвижнини, секогаш е лошо за еден економски систем. Рентачите се како паразити, ништо не произведуваат и само прибираат рента за еден ист имот... Заради ова, земји како Кина имаат закон со кој се дозволува само еден дом, куќа или стан, да се има во сопственост.

Како и да е, ова е историска шанса за Шкотите... ако ова не го искористат, заслужуваат се што им се случувало од Енглезите низ историјата, и се што ќе им се случува понатаму.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Малку е несоодветно да се споредуваат задолжувањата тогаш и сега.
Никој не вика дека сите кредити се лоши, напротив.

Ама ако земеш кредит и направиш вештачко езеро и 3 хидроцентрали не е исто со да земеш кредити за да направиш споменици, коњи, врби и остало....
Вештачки езера беа модерни и се правеа пред 30-50 години.Сега треба се инвестира во ветерници и соларна енергија.
За изградбата на спомениците,коњот,врбите и остало биле ангажирани проектанти,инвеститори,изведувачи а имало и дополнителни вработувања кои имаат придонес во економијата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.888
Поени од реакции
12.421

Пред 30-50 години морало да се изгради хидропотенцијал кој ни недостасувал пред 2 св војна. Енергијата од водата, хидрокинетичките извори и ден денес се актуелни со оглед на предностите на пример многу поголема густина од воздухот (поголем потенцијал) и употребата и за други потреби-подобрување на климата, одгледување риба, наводнување...со другите обновливи извори енергија тоа не може да се постигне.
Што значи едно е конструктивно, паметно задолжување, друго е задолжување во нешто непродуктивно, слабопродуктивно, реклами и фасади.
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Вештачки езера беа модерни и се правеа пред 30-50 години.Сега треба се инвестира во ветерници и соларна енергија.
За изградбата на спомениците,коњот,врбите и остало биле ангажирани проектанти,инвеститори,изведувачи а имало и дополнителни вработувања кои имаат придонес во економијата.
Не знам дали си озбилен....ваљда хидроцентралите не се прават со помалку проектанти и изведувачи отколку коњите и врбите :)
А ако си озбилен, постот се однесува на “паметно“ задолжување, инвестирање во нешто од што ќе има економски интерест во иднина, пример, во случајот би се намалила потреба од увоз на струја и одлив на девизи
 
Kajgana Shop

На врв Bottom