СМК ОЧЕКУВА ПРАВЕДНА ПРЕСУДА ПРОТИВ УБИЈЦИТЕ ЗА ГРОЗОМОРНО УБИЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ НА ВЕЛИКИ ЧЕТВРTОК 2012 ГОДИНА КАЈ СМИЛКОВСКОТО ЕЗЕРО
28 мај 2014 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание го следи двегодишното судење против Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута, обвинети за тероризам поради петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, кога грозоморно беа убиени Александар Накевски (18), Филип Славковски (20), Кире Тричковски (21), Цветанчо Ацевски (19), сите од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.
СМК очекува, со завршните зборови на обвинителството на 30 мај 2014 година и на одбраната на 6 јуни 2014 година, судењето да биде непристрасно и праведно, а на обвинетите за делото за кое се обвинети Судот да им пресуди највисока казна доживотен затвор.
СМК бара мисијата на ОБСЕ во Македонија да не се меша во судењето околу случајот МОНСТРУМ и да се воздржи од дејствија кои се надвор од нејзиниот мандат и гостопримството на земјата домаќин.
СМК очекува ДУИ да не врши притисок врз Судот и Владата независно дали обвинетите се членови на оваа политичка партија.
СМК изразува разочарување од вмешаноста на високи партиски и државни функционери во грозоморното убиство, со цел создавање на проектирани коридори и граници на наци-фашистичката креација голема Албанија и тивко етничко чистење на Македонците, со влевање страв кај нив и загрозување на безбедноста на земјата во целина.
СМК апелира до Владата да ги обелодени сите инволвирани во случајот МОНСТРУМ, високи партиски и државни функционери, припадници на албански паравоени формации, како и муџахедини и вахабити, и против нив да се преземат соодветни мерки од надлежните органи.
СМК очекува дека радикалните исламисти кои пропагираат света војна (џихад) против христијаните и против сите кои не се за принципите на раниот ислам, нема да бидат идеолози на исламот и инспирација за Албанците во светот и во Македонија.
СМК бара Владата да ги следи радикалните исламистички групи во Македонија и во регионот и против нив да презема соодветни мерки заради заштита на животите и имотите на граѓаните, се’ до одземање на македонското државјанство доколку го стекнале како странци со природување, и протерување од Македонија.