Инфо за предавачот кој ќе ни гостува на 9-ти и 10-ти јуни:
Lon Milo DuQuette
Роден 1948 година во Лонг Бич Калифорнија, пораснал во Колумбус Небраска - радикален активист за мир од 60-тите, кант-автор, Свет Човек и Волшебник Хуморист. Лон Мајло Дукет е истовремено автор на
16 критички признати книги (преведени на 12 јазици) за Магика и Окултизам. Критичарите го нарекуваат еден од најпочитуваните и најзабавните писатели и предавачи од областа на Западна Езотерија.
Покрај книгите, неговите статии и есеи се објавени во бројни магазини, журнали и антологии, вклучувајќи ја "Rebels and Devils", заедно со делата на William S. Burroughs, Robert Anton Wilson, Timothy Leary и Israel Regardie. Рецензентите го споредуваат духовитиот и досетлив стил на Дукет со оној на Mark Twain и Robert Benchley. Публиката на неговите работилници и семинари го опишува искуството како каскада на информации, смеа и страв.
Од 1975 година Дукет е национален и интернационален офицер на Ordo Templi Orientis, едно од највлијателните магиски друштва на 20-тиот век. Во моментов е Заменик Голем Мајстор на Редот во Соединетите Држави. Тој е меѓународно признаен авторитет за тарот и западна церемонијална магика. Иако овие предмети ги сфаќа многу сериозно, се обидува себеси да не се сфати премногу сериозно. Оваа ретка комбинација на ученост и хумор во изминатите 20 години му овозможи едно уникатно и почитувано место во американската духовна и езотерична литература.
Неговата најпопуларно дело, автобиографијата "My Life with the Spirits" е задолжителна литература за 2 студиски програми во DePaul University, Chicago. Футуристот и автор Роберт Антон Вилсон ја нарекува "најдобриот вовед во Западен Окултизам - разумен, приземен и чудесно забавен.".
Живее во Коста Меса, Калифорнија со својата сопруга Constance со која е во брак 44 години.
http://londuquette.com