Мада не е темата за приватизација, да се обидам со уште еден офтопик. Наместо Грузија која баш и не е за пример, може да се угледаме на западноевропските држави каде постојат и државни и приватни установи, така и здравствени, финансирани со приватни фондови, комбинирани и слично. Постирав во една друга тема, функционираат одлично и даваат услуги и кон осигуреници од здравствениот фонд.
Како на пример Обамакер кој е причината за бркање од работа на илјадници луѓе?
Приватизацијата не води кон ништо, само кон уште робови и уште посиромашно население. Затоа претходниот систем беше подобар, само некому не му се допаѓаше, глобално не се вклопувавме во некои шеми. Како пример ете што бенефит видовме од ФЕСАЛ 2 кој ги доотепа работниците, а за возврат добија големо ништо. Да не ја ширам темата ама тука е и НИП-от Н. Македонија како пример. Тренд да се уништи што е можно повеќе.
Шо беше тоа убавото у претходниот систем освен кредити шо доколку продолжеле со тоа задолжување денес би биле 14 трилиони евра?
И не, приватизацијата не води до осиромашување на населението, туку луѓе без мотиви се водат себеси до пропадт, за разлика од систем како југословенскиот кој бил базиран на бајки, а умреле еден куп луѓе кои биле противници на таквото уредување.
Ама не си ни ти крив, и у Северна Кореа им е многу убаво.
Проблемот е миењето мозоци како наводно све мора и треба да се приватизира, а не е така. И доколку се приватизира, зашто да не се даде на работниците (во овој случај здравствените) да го водат објектот? Нема, затоа што капитализмот е гаден систем, затоа што постоеле обиди фабрики пред затворање работниците се понудиле да ги откупат (конкретно во САД), но сопствениците ги затвораат. Работникот не смее да има сопственост над фабриките/фирмите, тоа е капитализмот.
Оти ве лажат уште? Ако некоја фирма била лошо водена, тогаш како ли работниците имаат доволно средства за да ја откупат? И у кој систем ја немаш слободата да си ги инвестираш средствата како шо сакаш?
И друго нешто, у моментов имаме државен интервенционизам и прераспределба на богатството. Оти не ви чини?
Некои дејности не се приватизираат туку така, а други кои имаат специфични ресурси и не смеат. Во спротивно ќе завршиме како некои јужноамерикански држави (каде големи меѓународни корпорации го откупија правото над водата), да плаќаме десетпати повеќе за своја вода.
Тоа што некои фирми под државна сопственост овде не функционираат, не е до сопственоста туку до тоа кој е поставен да ги раководи (конкретно последниот пример со управниот одбор на ЕЛЕМ).
Кои се тие фирми кои се толку клучни, па никој не е доволно паметен да ги води освен државата?
Приватен монопол не е капитализам. Затоа примерот со јужна Америка ти е лош. Ако државата одреди кој ќе ги откупи фирмите и колку фирми ќе си конкурираат една на друга, исто не е капитализам. Колкав ќе биде бројот на такси компании не е капитализам. Забрана за МекДоналдс у Црна Гора не е капитализам. ЕВН не е пример за капитализам. Општините да бидат инвеститори на згради не е капитализам. Овие 5 фирми ќе возат заедно со ЈСП не е капитализам. Овие ќе го откупат водостопанство исто не е капитализам. Или сите шуми да и се дадат на една фирма и она да пали и гаси, исто не е капитализам.
Капитализам е да вршам доброволна размена на моитњ пари кога сакам, каде сакам и со кого сакам. Да ги инвестирам и конкурирам у било кој сектор, без разлика дали е шуми, рудници, судови или градење на најобична зграда.