Први мај во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата vselenec
  • Време на започнување Време на започнување
Фирма што беше продадена за 700 милиони марки (350 милиони евра) и која годишно правеше профит половина од продажната цена, на тебе ти е продажба за пример???
Па што не ми продаде мене некој фирма која со 2-3 годишен профит ќе ми ги врати парите.
Муабетот е многу комплициран за да го поедноставиме у тоа дека прави пола профит од цената по која е продадена.
М.Т. е продадена у 2001ва година. У 2007ма година заедно со мобимак имале профит од 160 милиони евра. Да, у времето кога мобилната телефонија у Македонија беше у подем. У времето кога само Космофон и Мобимак ги имаше, а луѓето користеа услуги од Мобимак поради традиција. У какви услови беше откупен М.Т.? Многу битно нешто, колкава беше вредноста на тие 700 милиони марки у 2001ва година, у споредба со 160те милиони евра у 2007ма? И последното, ако јас сега купам фирма која не ја бива по смешна цена, и ја напраам тата-мата за некоја година, треба ли да се обвинува некој по која цена ја продал, кога тогаш била прилично шити?
 
И последното, ако јас сега купам фирма која не ја бива по смешна цена, и ја напраам тата-мата за некоја година, треба ли да се обвинува некој по која цена ја продал, кога тогаш била прилично шити?

Хахаха, па така правеа сите пред да се приватизираат фирмите, ќе ја направиш шити за да ја купиш за џабе пари и оп за неколку години фирмата прави профити од милиони евра. Ни телеком не е исклучок од таа криминална шема.
 
Да, така правеа у 90тите кога фирмите завршија у рацете на директорите на фирмите. Телеком не заврши у рацете на директорите.

Туку, приватизацијата на тие фирми поминала, свршен чин е. Шо мислите за приватизација на секундарно и терцијално здравство, фондови, шуми, рудници, пожарна, полиција? Мислите ли дека е изводливо и како би?
 
Инаку малку темава за приватизација е малку повеќе офтопик
Хахаха, па така правеа сите пред да се приватизираат фирмите, ќе ја направиш шити за да ја купиш за џабе пари и оп за неколку години фирмата прави профити од милиони евра. Ни телеком не е исклучок од таа криминална шема.
Телекомот имаше продолжено дејство, како панцирна самораспољотна минобацачка граната. Познат е случајот на тројца директори за кои никогаш јавноста не дозна кому тоа плаќале мито и за што (освен за монополот) во времетраење од околу 6 години. И како изиграле дојче телеком и маѓар телеком со само половина од сумата...[DOUBLEPOST=1399040174][/DOUBLEPOST]
Туку, приватизацијата на тие фирми поминала, свршен чин е. Шо мислите за приватизација на секундарно и терцијално здравство, фондови, шуми, рудници, пожарна, полиција? Мислите ли дека е изводливо и како би?
зашто кога сегде постојат државни фондови, државни шуми, државно здравство.
 
Последно уредено:
За подобра услуга. Конкуренцијата води до подобра услуга. Едноставно е.
не е тоа поврзано со подобрување на услугата туку со осиромашувањето на граѓаните, а крајна цел ќе има профит кај оние кои ќе ги приватизираат. По сите закони некои услуги и не смеат да се приватизираат. Ниедна држава нема се приватизирано.
 
Не, не се работи за осиромашување на граѓаните, туку за тоа да се финансираат двапати, и преку данокот и преку услугата која ќе ја извршат. И нормално, за да може преку тоа финансирање на наш грб да лежат 300 илјади администрација.
Не сфаќам како би дошло до осиромашување на граѓаните кога конкуренцијата ќе ги намали цените за 30-40-50 посто.
Да не се лажеме оти државата ни го чува грбот. Само една приватизација не води до бенифити кај народот, таа кај шо пак се останува со монополско работење. Плус, економија 101 е дека монополите се тие кои диктираат драконски цени на услугите, а тоа се услугите кои ги нуди државата.

Онака, да не стави у мисли:

10253930_10152382419165180_1333625364613441097_n.jpg
 
Муабетот е многу комплициран за да го поедноставиме у тоа дека прави пола профит од цената по која е продадена.
М.Т. е продадена у 2001ва година. У 2007ма година заедно со мобимак имале профит од 160 милиони евра. Да, у времето кога мобилната телефонија у Македонија беше у подем. У времето кога само Космофон и Мобимак ги имаше, а луѓето користеа услуги од Мобимак поради традиција. У какви услови беше откупен М.Т.? Многу битно нешто, колкава беше вредноста на тие 700 милиони марки у 2001ва година, у споредба со 160те милиони евра у 2007ма? И последното, ако јас сега купам фирма која не ја бива по смешна цена, и ја напраам тата-мата за некоја година, треба ли да се обвинува некој по која цена ја продал, кога тогаш била прилично шити?
Муабетот е многу едноставен, сите фирми што се државни се вработува и ќоро и сакато, за да може тој што ги вработува да добие избори. И за тоа фирмите што беа продадени, беа продадени за ефтини пари, бидејќи некој направил долг и луѓе беа бркани од работа, затоа што едноставно биле непотребно вработени уште првиот пат.
Кога фирмата почнува да работи според принципите на пазарот, а не по принципите тоа е наше дете мора да му дадете работа, почнува да прави профит.

http://kapital.mk/MK/region/97988/p...je_umrat_zaedno_so_opshtestvoto_shto_go_jadat
Во интервјуто само смени Србија со Македонија и нема да има никаква разлика.
 
Ај вака, мала влада, голема економија. Факт.
Се додека државата има безброј институции, кои ги финансираме по двапати, и истите немаат конкуренција на пазарот, нема да ги биде. Јесте, сите тие фирми шо се државни, не се квалитетни, и им се скапани услугите шо ги нудат оти се монополски.
Кога државата би нудела здравствено осигурување, супер, се најубаво, ама да не биде облигаторно да се користи таа услуга, пример да се користи нивното здравство, или пензиско, или било која услуга. Оти ете, имаме приватни пензиски столбови, кај кои не си обврзан да си корисник, и не пропаѓаат, и функционираат супер. Истото ќе се деси и со здравствените фондови. И со било која услуга. Тоа е единствениот начин да се подобри услугата.
И, нормално, безброј глупи министерства имаме, министерство за култура или трговија или било шо. Хелоу, која е потребата од нив?
Само така истите тие институции би имале квалитетни вработени, пошто ќе имаат јака конкуренција која ќе им ебе матер ако функционираат на истиот начин како сега.
 
Не, не се работи за осиромашување на граѓаните, туку за тоа да се финансираат двапати, и преку данокот и преку услугата која ќе ја извршат. И нормално, за да може преку тоа финансирање на наш грб да лежат 300 илјади администрација.
Не сфаќам како би дошло до осиромашување на граѓаните кога конкуренцијата ќе ги намали цените за 30-40-50 посто.
Да не се лажеме оти државата ни го чува грбот. Само една приватизација не води до бенифити кај народот, таа кај шо пак се останува со монополско работење. Плус, економија 101 е дека монополите се тие кои диктираат драконски цени на услугите, а тоа се услугите кои ги нуди државата.

Онака, да не стави у мисли:
Мада не е темата за приватизација, да се обидам со уште еден офтопик. Наместо Грузија која баш и не е за пример, може да се угледаме на западноевропските држави каде постојат и државни и приватни установи, така и здравствени, финансирани со приватни фондови, комбинирани и слично. Даваат услуги и кон осигуреници од здравствениот фонд.
Приватизацијата не води кон ништо, само кон уште робови и уште посиромашно население. Затоа претходниот систем беше подобар, само некому не му се допаѓаше, не се вклопувавме во некои шеми. Како пример ете што бенефит видовме од фесал, сал и слично. Трендот беше да се уништи што е можно повеќе.
Проблемот е миењето мозоци како наводно све мора и треба да се приватизира, а не е така. И доколку се приватизира, зашто да не се даде на работниците да го водат објектот? Нема, затоа што постоеле обиди фабрики пред затворање работниците се понудиле да ги откупат (конкретно во САД), но сопствениците ги затвораат. Работникот не смее да има сопственост над фабриките/фирмите, тоа е капитализмот.
Некои дејности не се приватизираат туку така, а други имаат специфични ресурси. Во спротивно ќе завршиме како некои јужноамерикански држави (каде големи меѓународни корпорации го откупија правото над водата), да плаќаме десетпати повеќе за своја вода.
Тоа што некои фирми под државна сопственост овде не функционираат, не е до сопственоста туку до тоа кој е поставен да ги раководи (конкретно последниот пример со управниот одбор на ЕЛЕМ).
 
Последно уредено:
Мада не е темата за приватизација, да се обидам со уште еден офтопик. Наместо Грузија која баш и не е за пример, може да се угледаме на западноевропските држави каде постојат и државни и приватни установи, така и здравствени, финансирани со приватни фондови, комбинирани и слично. Постирав во една друга тема, функционираат одлично и даваат услуги и кон осигуреници од здравствениот фонд.
Како на пример Обамакер кој е причината за бркање од работа на илјадници луѓе?
Приватизацијата не води кон ништо, само кон уште робови и уште посиромашно население. Затоа претходниот систем беше подобар, само некому не му се допаѓаше, глобално не се вклопувавме во некои шеми. Како пример ете што бенефит видовме од ФЕСАЛ 2 кој ги доотепа работниците, а за возврат добија големо ништо. Да не ја ширам темата ама тука е и НИП-от Н. Македонија како пример. Тренд да се уништи што е можно повеќе.
Шо беше тоа убавото у претходниот систем освен кредити шо доколку продолжеле со тоа задолжување денес би биле 14 трилиони евра?
И не, приватизацијата не води до осиромашување на населението, туку луѓе без мотиви се водат себеси до пропадт, за разлика од систем како југословенскиот кој бил базиран на бајки, а умреле еден куп луѓе кои биле противници на таквото уредување.
Ама не си ни ти крив, и у Северна Кореа им е многу убаво.
Проблемот е миењето мозоци како наводно све мора и треба да се приватизира, а не е така. И доколку се приватизира, зашто да не се даде на работниците (во овој случај здравствените) да го водат објектот? Нема, затоа што капитализмот е гаден систем, затоа што постоеле обиди фабрики пред затворање работниците се понудиле да ги откупат (конкретно во САД), но сопствениците ги затвораат. Работникот не смее да има сопственост над фабриките/фирмите, тоа е капитализмот.
Оти ве лажат уште? Ако некоја фирма била лошо водена, тогаш како ли работниците имаат доволно средства за да ја откупат? И у кој систем ја немаш слободата да си ги инвестираш средствата како шо сакаш?
И друго нешто, у моментов имаме државен интервенционизам и прераспределба на богатството. Оти не ви чини?
Некои дејности не се приватизираат туку така, а други кои имаат специфични ресурси и не смеат. Во спротивно ќе завршиме како некои јужноамерикански држави (каде големи меѓународни корпорации го откупија правото над водата), да плаќаме десетпати повеќе за своја вода.
Тоа што некои фирми под државна сопственост овде не функционираат, не е до сопственоста туку до тоа кој е поставен да ги раководи (конкретно последниот пример со управниот одбор на ЕЛЕМ).
Кои се тие фирми кои се толку клучни, па никој не е доволно паметен да ги води освен државата?

Приватен монопол не е капитализам. Затоа примерот со јужна Америка ти е лош. Ако државата одреди кој ќе ги откупи фирмите и колку фирми ќе си конкурираат една на друга, исто не е капитализам. Колкав ќе биде бројот на такси компании не е капитализам. Забрана за МекДоналдс у Црна Гора не е капитализам. ЕВН не е пример за капитализам. Општините да бидат инвеститори на згради не е капитализам. Овие 5 фирми ќе возат заедно со ЈСП не е капитализам. Овие ќе го откупат водостопанство исто не е капитализам. Или сите шуми да и се дадат на една фирма и она да пали и гаси, исто не е капитализам.
Капитализам е да вршам доброволна размена на моитњ пари кога сакам, каде сакам и со кого сакам. Да ги инвестирам и конкурирам у било кој сектор, без разлика дали е шуми, рудници, судови или градење на најобична зграда.
 
Фирма што беше продадена за 700 милиони марки (350 милиони евра) и која годишно правеше профит половина од продажната цена, на тебе ти е продажба за пример???
Па што не ми продаде мене некој фирма која со 2-3 годишен профит ќе ми ги врати парите.
Има една таква фирма која е сега на продажба и секој може да си купи дел од неа. Фирмата се вика А.Д. Бетон-Скопје.:)
 
Има една таква фирма која е сега на продажба и секој може да си купи дел од неа. Фирмата се вика А.Д. Бетон-Скопје.:)
У секое А.Д. можеш да си купиш акции ако сакаш, само некој нели да продава.
Смешни се муабетите оти капитализмот е систем у кој работникот не може да стане газда.

О леле. Абе Стив Џобс го избркале од неговата фирма, го основал Пиксар и пак станал газда, и пак станал CEO на Епл. Само да те бива.
 
Да, така правеа у 90тите кога фирмите завршија у рацете на директорите на фирмите. Телеком не заврши у рацете на директорите.

Туку, приватизацијата на тие фирми поминала, свршен чин е. Шо мислите за приватизација на секундарно и терцијално здравство, фондови, шуми, рудници, пожарна, полиција? Мислите ли дека е изводливо и како би?
Посебно за здравство не да е потребно и изводливо резултати има веднаш.
 
Здравството треба да биде хумано и тачка.Што е следно приватизација на воздух што го дишеме,вода што ја пиеме?Ниедна крајност не е добра,све треба да си има баланс.Државата треба да основа државни компании,или АД со доминантна државна сопственост во енергетика,комуникации,и други гранки кои се клучни за државата и нејзиниот опстанок.Видовме колку се поефтинија сметки за струја,парно откога се приватизираа ЕСМ и Топлификација,газот ни го отворија.Сеа уште МЕПСО фали да се приватизира и комотно да земам да ги заколам свињите у село и да си напраам свеќи од маста.Клучни гранки не смее да се приватизираат,и мало дете сфаќа колку може фатално тоа да биде.На друг овие финти да му ги продавате.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom