Што е разликата ако еден муслиман отиде на џума, а друг на фаџр, иша, магриб, зухр или на некој намаз? Или пак овие сите молитви се составен дел од џумата?
Џуму'a преведено од арапски значи Петок.
па кога ќе се спомне кај балканските муслимани Џума, се мисли на петочната молитва на пладне.
феџр - утринска молитва.
зухр - пладневна молитва
аср - послепладневна
магриб - акшам.
иша - вечерната,последна.
тоа се називите на арапски, ништо повеќе.
Не може еден да појде на џума друг на феџр истовремено
Овие 5 дневни молитви се обврска за секој муслиман, а во петок(џума) на пладне обврска е за секој полнолетен,разумен и способен муслиман да иде во џамија на заедничка молитва.[DOUBLEPOST=1399135027][/DOUBLEPOST]
болд: интересно. зошто е тоа така? а за тоа дека е поздраво, ОК, тука нема дискусија. така е!!!
е сега околу вториот дел. велиш 5 работи се од природата на човекот. ............ обрежувањето е природна работа?
и последно, значи ако еден човек, кој иде на молитва 5 пати секој ден, ги тера адетите околу празниците, а НЕ е обрежан, тој не е муслиман?
и што ќе се случи со него ако не се обреже кога ќе умре? ќе иде во пеколот?
Така е затоа што едни викаат дека е обврска да се обреже секој муслиман, други викаат дека е повеќе како доброволно, не е до степен на обврска,ако разбираш што сакам да ти кажам.
Поголем дел од учењаците велат дека е обврска и дека човек е грешен ако не се обреже.
за вториот дел, можеби пак не си ме разбрал убаво па ќе го цитирам цел хадис:
Вели пратеникот Мухаммед с.а.в.с.: Пет работи се сметаат за природни кај човекот:
1 обрежувањето
2 отстранување на влакната од интимните места
3 отстранување на влакната од пазувите
4 скратување на мустаќите
5 режење/сечење на нокти.
(хадисот го бележи Бухари и е веродостоен)
Сега сметам дека ме разбираш што е тоа природна работа, односно дека е нормално и природно за муслиман да ги прави тие работи.
Не реков јас дека не е муслиман тој човек туку дека е грешен, но тоа не значи дека не е муслиман.