Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Какво млеко бре? Не биди луд! Кучињата се лактозинтолерантни. Ако сакаш да даваш млечни производи, ондак само јогурт и кисело млеко- благо никако! Ако си спремен да дадеш пари (а мислам дека треба да дадеш, ако сакаш да искочат добри кутраци на кои ќе можеш да им закачиш цена за продажба), треба да отидеш у рамстор у канин најдоле, ќе ти кажат за доење која храна е најдобра. Ја би идела на канин, @Lu сигурно ќе ти ја препорача Брит :) (што не велам дека не е добра, да се разбереме).

Ќе одам дефинитивно. Имам одвоено пари и за вакцини кога ќе се потребни и за педигре , и за храна. Сега во 18:00 ќе дојде ветеринар ќе ми каже што како , фала ви и на вас многу што ми помогнавте прво искуство ми е со пораѓање мали кучиња. :)
 
Останаа 10. :) Иначе за храната претежно пилешко месо , и понекогаш млеко со надробен леб. По 2 пати дневно и давам. Дај некој совет да и купам специјална храна за кучиња , која е најдобра?
Купи храна папи формула од дехидрат, купи и ОК спорт што е економи ќе ти заврши работа, со тоа што ќе даваш повеќе. Ако имаш блиску негде кланица, иди таму, срце, џигер, бел дроб... купи слободно, јас така купувам, мин 50 кг оти немам за повеќе место, ќе ти се исплати. Значи буквално во овој период целиот оброк кој нормално го даваш-дуплирај го. Ако си давал 200г дехидрат сега ќе даваш 400. Можеш да најдеш и сурутка, која на околу месец дена постепено можеш да ја воведеш и на кутрињата. Сурутката ти е чист протеин, подобро од тоа- здравје!
 
незнаев каде да го поставам прашањево па ајде тука секако е поврзано со кучиња. Како што веке знаат некој од личностите на форумов имам самоједи и прошетките на влажно време ми се вистински кошмар. До пред некој ден сонував да има некоја облека за прошетки на дожд која ке ми помогне дома да не враќам афрички самојер (црн де се разбираме нели).
За време на изложбата во Негорци викендов видов дека некој веке измислил таква облека и одлично изгледаше.
па дали некој од вас знае каде може да најдам вакво нешто кај нас или ке морам да го порачам од интернет
 
A зашто едноставно не го порачаш од ибеј, кога веќе си го нашол? Само најди број што ќе им одговара... ако немаш пејпал можам ја да ти збркам работа. Веќе сум нарачувала еден тон ствари, што за мене што за кучињава...Еве гледам кај истиов продавач имаш величина М уште три комада,а 23 се продадени. А реално и не е уопште скапо.
 
Останаа 10. :) Иначе за храната претежно пилешко месо , и понекогаш млеко со надробен леб. По 2 пати дневно и давам. Дај некој совет да и купам специјална храна за кучиња , која е најдобра?
Со Brit Care (суперпремиум) бели вреќи од 12 кг. - нема промашај (y)

Оваа формула - Brit Care - Activity - All breed - Lamb & Rice е наменета за активни кучиња, и за кучки што имаат легло.
Затоа Brit Care - Activity има зголемен процент на протеини и масти во составот.
Јас ја користам, и сум презадоволна.

Но за да не купуваш различни формули, исто така - Brit Care - Puppy - All breed - Lamb & Rice можеш да даваш и на кучката и на кученцата кога ќе почнеш да ги прихрануваш, негде после третата - четвртата недела.

Инаку бидејќи имаш Кане Корсо и 10 кученца ... рачунај дека ќе имаш големи трошоци доколку се одлучиш за Brit Care, бидејќи 1 вреќа од 12 кг. кошта 2.500 - 2.700 денари кај увозникот, значи ова ти е набавна цена, а во Пет-Шоп 1 вреќа Brit Care 12 кг. кошта над 3.000 денари, 3.200 денари ми се чини дека беше.

Па исто така би ти завршила одлична работа и Премиум линијата од Брит ... односно Brit Premium, сини вреќи од 15 кг. ... коштаат 2.500 ден. кај увозникот.
За кучката треба да ја користиш оваа формула - Brit Premium - Sport
А за кученцата, а воедно можеш и за кучката, оваа формула - Brit Premium - Puppies
 
A зашто едноставно не го порачаш од ибеј, кога веќе си го нашол? Само најди број што ќе им одговара... ако немаш пејпал можам ја да ти збркам работа. Веќе сум нарачувала еден тон ствари, што за мене што за кучињава...Еве гледам кај истиов продавач имаш величина М уште три комада,а 23 се продадени. А реално и не е уопште скапо.
Епа имаше дадено некој мерки по кој да се водиш за да му се точни и за зажал нивните ХЛ се за Ото, најголемото што го има му е за 40цм да му е долг грбот на Адо и Мила им е доста над тоа. Не седнав да барам поголеми нешто премногу хитно ама ќе седнам деновиве сигурно иначе цената му е и повеќе од пристапна.
 
Aбе викса, има и за големи раси...
 
Ima de samo ti pisav ne sum pobaral seriozno ke sednam da razglidam, inace u toj stor nema

Sent from my lumia 520 using Tapatalk
 
Уште малку ќе си го земам моето Западношкотско териерче!:vozbud:

Сакам да прашам дали има некои посебни ритуали за избирање на кутре од леглото или се зема првото на рака, па да се воспитува кога ќе расте? Јас знам дека многу живите или многу срамежливите кутриња не се баш најдобри, зошто кога ќе пораснат можат да покажуваат знаци на агресија...:cautious: Вистина е тоа?
 
Би сакал да ве прашам неколку прашања околу хранење на 2 месечно кутренце, златен ретривер.
Која храна препорачувате да му ја земам, по колку грама во порција да му ставам, дали да му давам млеко / да ја мешам купечката храна со млеко и дали може да му давам нешто домашна храна, и што?
Вчера му земав Pedigree Junior, препорачано од ветеринарката меѓутоа низ нет гледам дека нема баш позитивни коментари за оваа храна. Моментално му давам 4 порции по 40 грама, а морам да ви кажам дека кутрето ми е малку пуничко, тоа беше коментар и од ветеринарката.
 
Ајде со среќа нека е, стави слики кога ќе го земеш :)

Треба да имаш искуство со кучиња и добро да го познаваш говорот на телото на кучињата, за да можеш да препознаеш кое кученце каков карактер има.
Има некои ситни покрети и движења кај кученцата, кои што многу кажуваат и покажуваат каков карактер има кученцето, а тоа почетник тешко може да го воочи.
Затоа најдобро е кога се зима кученце, да се оди со кучкар, значи под кучкар се подразбира искусен човек што чува кучиња, и што знае да го чита говорот на телото на кучињата, за да може да ти помогне при изборот на кученцето во леглото.

Тоа е точно дека треба да се одбегнуваат премногу смирените и повлечени кученца, како и премногу живите и доминантни кученца ... најдобро е златна средина, некое така сталожено, нормално, кученце.
И секако најголемото влијание за правилно градење на карактерот ќе го има сопственикот, но сепак добро е да се знае со каков потенцијал е вродениот карактер на кученцето, темпераментот, и сл.

Обично луѓето треба да се информираат пред да го земат кученцето, а на отпосле.

Незнам како ветеринариве можат да препорачуваат такви гомно храни како што е Перигре, на кученца што се во најважниот период од нивниот живот, тоест нивниот раст и развој.
Па тоа е практично најголема казна за кученцето да јаде таква храна како што е Педигре во неговиот раст и развој.
Одма фрли ја во ѓубре Педигре, или дај им ја на скитничињата, колку да си го напунат стомакот со нешто ... мада дури и храната што ја јадат на улица е боље од Педигри.

Млеко нетреба да му даваш, бидејќи во млекото има млечен шеќер - Лактоза, а организмот на кучињата не толерира Лактоза, и може само проблеми да си направиш со млекото.
Наместо млеко, давај му јогурт или кисело млеко.

За дехидрат, би ти препорачала (линк: Brit Care), дефинитивно е еден од најдобрите дехидрати, со најквалитетен состав, што можеш да го најдеш во Македонија.
А и досега на сите луѓе што сум им го препорачала Brit Care, буквално сите се презадоволни од одличните резултати што ги добиле откако почнале со користење на Brit Care.
За повеќе информации околу исхраната, прочитај ја темата Храна за кучиња
 
Ајде со среќа нека е, стави слики кога ќе го земеш :)

Треба да имаш искуство со кучиња и добро да го познаваш говорот на телото на кучињата, за да можеш да препознаеш кое кученце каков карактер има.
Има некои ситни покрети и движења кај кученцата, кои што многу кажуваат и покажуваат каков карактер има кученцето, а тоа почетник тешко може да го воочи.
Затоа најдобро е кога се зима кученце, да се оди со кучкар, значи под кучкар се подразбира искусен човек што чува кучиња, и што знае да го чита говорот на телото на кучињата, за да може да ти помогне при изборот на кученцето во леглото.

Тоа е точно дека треба да се одбегнуваат премногу смирените и повлечени кученца, како и премногу живите и доминантни кученца ... најдобро е златна средина, некое така сталожено, нормално, кученце.
И секако најголемото влијание за правилно градење на карактерот ќе го има сопственикот, но сепак добро е да се знае со каков потенцијал е вродениот карактер на кученцето, темпераментот, и сл.

Ќе ставам слики. (y)
Благодарам многу за советот.

Нема да наоѓам кучкар, ќе си купувам уште повеќе книги и ќе гуглам.:rolleyes: Се интересирам за кучињата, а и од 3то одделение купувам книги за кучиња со мојот џепарлак. (nerd):unsure: Ама сакам да си го одберам кучето самостојно.:D
 
Предлог за куче за чување за у стан? Не сакам само од оние чивавите или пекинезер или нешто така од тие малите...Имав пред 2 години лабрадор,ама него го чував на отворено,у двор и ми го отруа. Сеа би сакал пак да си купам,ама не сум баш сигурен како би се снашол во затворен простор.
 
Зависи од големината на станот и твоето слободно време. Треба да се шета 3 пати на ден. Треба да пазиш да не се згои. Една другарка има лабрадорка и предебела е зошто не трча многу и не ја изнесуваат често. А, ако се дебели кучињата пократко живеат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom