Уште малку ќе си го земам моето Западношкотско териерче!
Сакам да прашам дали има некои посебни ритуали за избирање на кутре од леглото или се зема првото на рака, па да се воспитува кога ќе расте? Јас знам дека многу живите или многу срамежливите кутриња не се баш најдобри, зошто кога ќе пораснат можат да покажуваат знаци на агресија...

Вистина е тоа?
Ајде со среќа нека е, стави слики кога ќе го земеш
Треба да имаш искуство со кучиња и добро да го познаваш говорот на телото на кучињата, за да можеш да препознаеш кое кученце каков карактер има.
Има некои ситни покрети и движења кај кученцата, кои што многу кажуваат и покажуваат каков карактер има кученцето, а тоа почетник тешко може да го воочи.
Затоа најдобро е кога се зима кученце, да се оди со кучкар, значи под кучкар се подразбира искусен човек што чува кучиња, и што знае да го чита говорот на телото на кучињата, за да може да ти помогне при изборот на кученцето во леглото.
Тоа е точно дека треба да се одбегнуваат премногу смирените и повлечени кученца, како и премногу живите и доминантни кученца ... најдобро е златна средина, некое така сталожено, нормално, кученце.
И секако најголемото влијание за правилно градење на карактерот ќе го има сопственикот, но сепак добро е да се знае со каков потенцијал е вродениот карактер на кученцето, темпераментот, и сл.
Би сакал да ве прашам неколку прашања околу хранење на 2 месечно кутренце, златен ретривер.
Која храна препорачувате да му ја земам, по колку грама во порција да му ставам, дали да му давам млеко / да ја мешам купечката храна со млеко и дали може да му давам нешто домашна храна, и што?
Вчера му земав Pedigree Junior, препорачано од ветеринарката меѓутоа низ нет гледам дека нема баш позитивни коментари за оваа храна. Моментално му давам 4 порции по 40 грама, а морам да ви кажам дека кутрето ми е малку пуничко, тоа беше коментар и од ветеринарката.
Обично луѓето треба да се информираат пред да го земат кученцето, а на отпосле.
Незнам како ветеринариве можат да препорачуваат такви гомно храни како што е Перигре, на кученца што се во најважниот период од нивниот живот, тоест нивниот раст и развој.
Па тоа е практично најголема казна за кученцето да јаде таква храна како што е Педигре во неговиот раст и развој.
Одма фрли ја во ѓубре Педигре, или дај им ја на скитничињата, колку да си го напунат стомакот со нешто ... мада дури и храната што ја јадат на улица е боље од Педигри.
Млеко нетреба да му даваш, бидејќи во млекото има млечен шеќер - Лактоза, а организмот на кучињата не толерира Лактоза, и може само проблеми да си направиш со млекото.
Наместо млеко, давај му јогурт или кисело млеко.
За дехидрат, би ти препорачала (линк:
Brit Care), дефинитивно е еден од најдобрите дехидрати, со најквалитетен состав, што можеш да го најдеш во Македонија.
А и досега на сите луѓе што сум им го препорачала Brit Care, буквално сите се презадоволни од одличните резултати што ги добиле откако почнале со користење на Brit Care.
За повеќе информации околу исхраната, прочитај ја темата
Храна за кучиња