Тогаш еве, нека е било која песна место двете споменати, направена во периодот од поранешна Југославија, а која ја имаат преслушано исто толкав број на луѓе колку и „Ми смо шампиони“. Може така?Уште да не правиш две огромни подвалувања во паралеливе заклучокот за двојни аршини ќе ти биде точен.
Прво, „Хеј Словени“ и „Рачунајте на нас“ се директни потсетници за еден период. Едното е химна, другото е директно обраќање до Маршалот и тогашната владеачка елита. Да им ги пуштиш и на луѓе родени после Југославија, ќе ги препознаат. „Излези момче“ е препев на некоја „Ми смо шампиони“. Сега гуглав за да го најдам името на српската песна. Од 1000 Срби, најверојатно 999 не би ја препознале песната кога би им ја пуштил.
Второ, се изедначи себеси со кошаркарите во најуспешниот период. Нормално дека песната што ја пеат вториве многу полесно ќе биде прифатена. И тоа нема врска со двојни стандарди, туку со општествена релевантност. Доколку утре при некој друг успех, некои други спортисти пеат друга песна и таа ќе стане препознатлива исто како „За добра стара времена“ со Кометал и „Излези момче“ со кошаркарите.
Сумарно, Излези момче е најобична навивачка песна (навивачките групи по дефиниција се екстремни) која стекна слава после спортски успех. Во нејзе немаше (и нема) ништо спорно, ниту беше толку битен дел од целиот тој фолклор додека една група политички дунстери, кои немаат никаков сенс и талент за политика, а имаат неверојатна желба да се бават со истата, не ја направија „проблем“ и некаков „преседан“.
„Излези момче“ е проблем уште пред кошаркарите! Се пееше и пред нив на стадионите, не ја измислија они, и можам да кажам дека мене воопшто не ме потсетува на нив.
И она што е најинтересно - не сум добил, а верувам ни ќе добијам задоволителен одговор: зошто, ако сме толкави патриоти, на стадиони не ја пееме „Навивачка“ на Дени Те Чува, место некој плагијат на српска песна? Ко ќе слушнам како ечат трибините:
„Дојдовме, од сите страни ние за тебе,
заедно на едно место да те бодриме,
исток, запад, север, југ се тука со тебе,
сигурни сме - ќе победиме!“
е дури тогаш би можел да се почувствувам горд што сум Македонец! Вака, се срамам.