Религија - општа дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата SuBZerO
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не бе ич. Само што првин кажа дека оној што не возвраќа на сила со сила треба да е виновен и да го заслужил тоа. Фактот што Исус го направил токму тоа, за тебе е небитен.

Да, сеуште велам дека виновникот не треба да возвраќа на казната, оти има причина да биде казнет, како што сеуште велам дека Христос ништо не погреши, а беше шамаран...
 
Не е ни Исус така наивен, пред своите се фалеше дека храмот че биди разурнат дека тој за 3 дена ќе го обновел ко ќе се урне, а пред Пилата ко го прашаа, одма као не е то вистина, лажат....
Оти не призна бе?
 
Она кое Христос го рекол, наведувајќи го храмот, не се однесува на храмот ерусалимски, граден од камен, туку се однесува на Христовото тродневно погребување, каде трите денови се симболика на времето од престојот Христов во гробот, а градењето/обновувањето на храмот е симболика на телесното воскресение Христово.

Према томе, Христис не кажа(л) ништо лажно, оти во Неговата уста не се најде лага, туку оние кои погрешно (!!!) ги разбраа тие Христови зборови, лажно сведочена против Него...
 
Последно уредено:
.

А бе Мики, знаеш ли колку книги прочитал @ let 3 ?
Па ти ли ќе му кажуваш нему нешто?
Зачекај сега само да видиш како ќе ти објасни дека Исус не зборувал Духовно за Прасветиот Храм на Неговото прачисто Тело, туку телесно и буквално за материјалниот храм во Ерусалим. ... :ROFLMAO:

.

Луѓето што се раководат според својата телесна природа мислат само на телесни работи,
додека оние што допуштаат да ги води Божјиот Дух, мислат на духовни работи
и се стремат кон нивно остварување.
Но раководењето според телесната природа води во смрт,
а раководењето според Божјиот Дух донесува живот и мир.

(Римја. 8:5+)

.
[DOUBLEPOST=1398356131][/DOUBLEPOST]
Има извор за текстов по нетов?

.

Ќе треба да се поврзеш со еден друг нет, ако сакаш да дојдеш до Најверодостојниот и Прачист Извор!

Си слушнал ли некогаш за вечниот БОЖЈИ (Логос) Збор?

.
 
Последно уредено:
Јас го разбирам како порака да се биде пасивен, и да не се возвраќа. Има некое друго значење според вас?.
Тоа е првиот стих, вториот како го разбираш. Молчењето е пасивност ’’Зошто ме удираш’’, не е пасивност.Ајде напрегни се помисли.
 
Јас ти кажав како го разбирам - како што си пишува. Зошто ти избегнуваш да кажеш и на прашање одговараш со прашање?
 
Пишува во првиот ’’заврти го другиот образ’’, а во другиот ’’зошто ме удираш’’?
Имаш ли одговор.Размисли ли?
Јас ти ветив дека ќе ти одговорам, но чекам од тебе одговор.
Одговорот како ’’што си пишува’’ не е плод на твое размислување, или е поточно немање на одговор. Ако немаш одговор(неможеш да мислиш кажи)
 
Јас тебе те прашувам! Не обратно! Најмалку три пати ти кажав дека за мене "Зошто ме удираш?" незначи "на сила возврати со сила"! Како што другар ти Мики кажа дека било случајот, т.е. дека Црквата учела како треба на сила да се возврати со сила!
 
Ти секогаш прашуваш, и до толку се возгордеа што еднаш те прашав а ти несакаш да одговориш, небаре сме ти должни тебе да ти одговараме, а несмее да прашуваме.
Трипати ми кажа што кажал Мики и што незначи, но ниеднаш не кажа што значи.Ниту еднаш не даде твое мислење.Ако несакаш или неможеш да одговориш кажи.
 
Она кое Христос го рекол, наведувајќи го храмот, не се однесува на храмот ерусалимски, граден од камен, туку се однесува на Христовото тродневно погребување, каде трите денови се симболика на времето од престојот Христов во гробот, а градењето/обновувањето на храмот е симболика на телесното воскресение Христово.

Према томе, Христис не кажа(л) ништо лажно, оти во Неговата уста не се најде лага, туку оние кои погрешно (!!!) ги разбраа тие Христови зборови, лажно сведочена против Него...
Не сведочеа лажно, Ако Исус навистина зборал за уривање на храмот а некој кој го слушнал тоа сведочел, то не е лажно сведочење.
Обвинетиот ќе објасни што мислел како мислел во кој контекст тоа го рекол, али сведокот не е ни лажен ни лажно сведочење. Него го обвинија за тоа што рекол, што го кажал со устата.
 
Последно уредено:
Ти секогаш прашуваш, и до толку се возгордеа што еднаш те прашав а ти несакаш да одговориш, небаре сме ти должни тебе да ти одговараме, а несмее да прашуваме.
Трипати ми кажа што кажал Мики и што незначи, но ниеднаш не кажа што значи.Ниту еднаш не даде твое мислење.Ако несакаш или неможеш да одговориш кажи.
Најмалку три пати ти кажав дека за мене "Зошто ме удираш?" незначи "на сила возврати со сила"!

Јас ти кажав како го разбирам тој стих - како што и пишува! Значи таму стои ако некој те удри, не му возвраќај, сврти го и другиот образ! Јас така го разбирам, затоа што така пишува!
Јас го разбирам како порака да се биде пасивен, и да не се возвраќа. Има некое друго значење според вас?
 
.

Ќе треба да се поврзеш со еден друг нет, ако сакаш да дојдеш до Најверодостојниот и Прачист Извор!

Си слушнал ли некогаш за вечниот БОЖЈИ (Логос) Збор?

.

Лог_ос,ништо не ми значи ама Глоси-Глас, тоа е веќе нешто друго?
 
Последно уредено:
.

А бе Мики, знаеш ли колку книги прочитал @ let 3 ?
Па ти ли ќе му кажуваш нему нешто?
Зачекај сега само да видиш како ќе ти објасни дека Исус не зборувал Духовно за Прасветиот Храм на Неговото прачисто Тело, туку телесно и буквално за материјалниот храм во Ерусалим. ... :ROFLMAO:

.

Луѓето што се раководат според својата телесна природа мислат само на телесни работи,
додека оние што допуштаат да ги води Божјиот Дух, мислат на духовни работи
и се стремат кон нивно остварување.
Но раководењето според телесната природа води во смрт,
а раководењето според Божјиот Дух донесува живот и мир.

(Римја. 8:5+)

.

.

Не се сомневам дека Let3 прочитал подоста овосветовна литература, која нештата ги толкува или овосветновно или еретички, но знам и тоа дека секој став од Let3 е погрешен став....[DOUBLEPOST=1398370611][/DOUBLEPOST]
Него го обвинија за тоа што рекол, што го кажал со устата.

Аааа, значи Христос Е обвинет за она кое го кажал, а не за она кое го сторил, така? А уопште не е битно тоа што сведоците зборувале за нешта кои самите не ги разбрале, така? И не е битно што погршено разбраното не може да биде веродостојно сведоштво, туку лажно, така?...

То‘ ми звучит џоа „вербален деликт„, џоа некој од власта е навреден со збор па навредениот треба да му „опне„ максимална казна на навредувачот...
 
Последно уредено:
Не се сомневам дека Let3 прочитал подоста овосветовна литература, која нештата ги толкува или овосветновно или еретички, но знам и тоа дека секој став од Let3 е погрешен став....
Mногу народ бе се собра со погрешни ставови, пагани, хииндуси, будисти, муслимани, католици, протестанти, јудејци, атеисти, јеховини сведоци, комунисти, либерали, дарвинисти, геолози, филозофи, историчари, астрономи....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom