НБА Сезона 2013/2014

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.535
Поени од реакции
17.946
Oчигледно задњи (и једини пат) си играл баскет на плејстејшн. Ај одјеби
Бес навреда ама глупост е,од кога одразот пресудува кој е подобар плеј?примарна работа на плејот е,да асистира и поени,секако пожелно е да има скок,ама пресудно,дај не заебавај.
 
G

garthok

Гостин
Бес навреда ама глупост е,од кога одразот пресудува кој е подобар плеј?примарна работа на плејот е,да асистира и поени,секако пожелно е да има скок,ама пресудно,дај не заебавај.
Не бе Нино не реков дека е пресудно туку покомплетен играч ми е Рондо од Паркер баш ради тој сегмент, али ипак прашање на вкус и аналитичка перспектива, нели?
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Koja crna analiticka perspektiva...znaci Gerald green e najdobriot igrac na denesnicava...I ti si igral kosarka mnogu ama kade

Sent from my HTC Desire X using Tapatalk
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.535
Поени од реакции
17.946
Не бе Нино не реков дека е пресудно туку покомплетен играч ми е Рондо од Паркер баш ради тој сегмент, али ипак прашање на вкус и аналитичка перспектива, нели?
Е да де нормално секој си има свое мислење нормално тоа?ама ете гледам ти даваш предност на Рондо ради скокот.Еве убоо ти даде пример дечкото погоре,Грин е атлетски граден,кажи ми дали тоа го прави подобар играч од останатите?
 
Последно уредено:
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Џералд Грин плеј ? мхм....[DOUBLEPOST=1398287695][/DOUBLEPOST]
Методите на оценување кој бил подобар плеј или не ви се :facepalm:. И мене ми се допаѓаат повеќе оние стари pass first плејмејкери како Nash, Stockton и компанија ама не значи дека pass first плејмејкерите се по default подобри од другите. Реалноста е дека заради повеќе причини (промената на hand-checking правилото, воведувањето зонски одбрани и појавата на аналитичко/статистичко размислување) она што се бара од плејмејкерот во денешната НБА е доста изменето. И за да се определи кој е најдобар на позиција плејмејкер не можи само да се гледа кој е најдобар додавач, кој има "најголем одраз", кој има најголема кошаркарска интелигенција и слично. Се е битно и се зема во предвид. Додавање, шут, влезови, пик енд рол игра, одбрана еден на еден, пик енд рол одбрана и слично. Во некои аспекти е еден подобар во други друг. И згора на сето ова, плејмејкерската позиција е најдлабока од сите и има еден куп плејмејкери кои се од врвен квалитет.

Инаку се на се ми се чини дека горе долу сите ќе се согласиме дека моментално најдобар плеј е Крис Пол. А после него јас би рекол дека има група од едно 4-5 и тоа: Westbrook, Curry, Parker, Rondo. Зависно од здравјето тука може да се додаде и Rose. Не се далеку ни Conley, Wall, Lillard, Lawson, Holiday, Lowry, Irving и Rubio и наскоро некои од нив можеби и ќе се приклучат на погорната група (Wall беше на граница и сезонава).
Абе со кој ќе се разбереш, две тешки повреди имаше Вестбрук, се враќа и игра како да е на дроги, а они ти велат дека тој бил најголемиот проблем во ОКЦ, абе шта речи...хејтери...:D
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.270
Поени од реакции
8.403
Кај плејот клучот е во организацијата, пасовите а не шутот а и Рондо никогаш не се ни замарал да биде некаков шутер ниту пак троши топки. Колку сакаш збори Рондо е најинтелигентниот плеј моментално
Да на крај диплома од колеџ доделуваат за најбрзо решена равенка по четвртина :pos:.

Се игра КОШАРКА целта е да се даде КОШ оh wait одразот го заборавив.:facepalm:
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Bulls се убедливо најпреценетата екипа за оваа сезона(иако според играчите кои се на располагање во тимот, можеби и до некаде прeјак збор!), како во регуларен дел, па особено во дуелот со Wizards со почетокот на плејофот. Не дека заклучоков произлегува од моменталните случувања на терен и водството од 2:0 па сега ќе се правиме генерали, проблемот и целата онаа фама и билдање на рејтингот до облаци (непотребно) како тимски , а пред се на поединци во екипата(прикаски за МВП, да не беа смешни ќе беа жалосни) , датира многу порано оваа сезона. И донекаде и е можеби оправдано, особено ако си фан на Булс за целата таа еуфорија оваа сезона, доста динамична и турбулентна за нив со оглед и како испаднаа многу од работите, со сите тие трејдови, повреди , старо-нови играчи, адаптација за кратко време, факт е дека на крајот и треба да бидат нивните фанови многу задоволни = би рекол и презадоволни !!!!
(што Булс успеа да преживее и да обезбеди плејоф пласман, и тоа доста висок пред се и бидејки истокот испадна катастрофа оваа сеозна со многу разочарувања, повреди итн итн.... )
Е токму тука е и проблемот !

Еве зошто целата таа галама е пред се медиумски исфорсирана=модерен сензационализам да се привлечат читатели и внимание и е доста нереална, ако се гледа малку подетално на работите и од сите агли и објективно!


Ако се фрли едно око на последната третина од регуларниот дел, конкретно последните 24 натпревари на Булс(од Март до самиот крај), кога и Булс имаа одлична серија и се "разиграа"
веднаш едно нешто боде очи и тоа од Месечината, а тоа е квалитетот на противниците во сите тие натпревари. Како што се гледа од листата, најголемиот дел од победите на Булс
во тој период се остварени против екипи како : 2 x Sixers, 2 x Pistons (утка на декадата), 2 x Boston, Bucks, Orlando или на кратко - тињата на Истокот и генерално најслабите тимови во лигата за оваа сезона. Споменативе екипи практично имаа едвај 5 победи од Нова Година и како минеше времето и немаа многу елан за било каква игра и чекаа само да куца саатот и да си прават бајрам за драфтот кој следи.
Па тука се и Knicks (големо разочарување), Sacramento, Wolves....па и Атланта спаси глава (по повредата на Хорфорд) ....значи се се ова екипи кои завршија далеку од плејоф пласман и играа пеку целата сезона многу лошо и не се воопшто benchmark за било која плејоф екипа, со која треба да се мерат !! Од тие 24 партии, најголемиот дел дуели со посериозните екипи Булс ги загуби , како што и се гледа на листата (некои од тие и прејаки екипи за Булс и претежно од Западот, и ова не е некое изненадување) Значи Булс во оваа ситуација беше како онаа народната "подобро прв у село отколку последен у град". Е Биковите повеке во оваа аналогија
ми тераат кон оној делот со селото од поговорката (и не поради тоа што природно на говедото местото му е во село и тој амбиент и природа му одговара повеке)

Заеби сточарство, конкретно на серијата со Wizards

Од новите дечки кај Булс, најпријатно изненади и беше клучот за успехот на Булс во завршницата од регуларен дел (оние 20-30 партии) DJ Augustin (покрај Noah)Овој во Булс оваа сезона , воопшто не личи на оној стариот Augustin, крајно неефикасен на моменти, кој често троши топки и има големи осцилации во играта. И не случајно Пацерите и Bird, рано го прочитаа минатата сезона и се ослободија без многу да се замараат со него ! Да не зборувам кое тенеќе беше во Bobcats со години(ај демек бил млад, има време, ова она -клише муабет). Речиси цела кариера (иако веке 6 години е во лигава ама е анонимус, и се уште е до доаѓањето во Булс) за него беше Лото да има 40% ефикасност. Последниве 10 партии за Булс е навистина откровение (45% и 19.2 поени) битно што од апект на волуменски со колку поени допринесува за Булс па
и во ефикасност, која пак ќе повторам е крајно нетипична за него , баланс меѓу квантитет и квалитет ! Нема дилема дека оваа е негова најдобра сезона до сега во неговата кариера, може и конечно го погоди вистинскиот тим !

Да ме демантира дека сепак има нешто останато, онаа неефикасна компонента од неговата DNA која не може тука така да се искорени преку ноќ, од оној стариот DJ (my middle name is ќутук) Augustin првата со Wizards беше 3/15 (+3 продадени топки) и покрај тоа сепак со 16 поени беше прв стрелец кај Биковите! Како и да е, многу ќе биде битно да во најмала рака пумпа барем 15 поени за Булс во наредните партии и може да биде џокерот за Булс ако при тие
15-20 поени успее да одржи преку 40% ефикасност! Некоја златна средина за него и Булс !(нешто налик втората партија , ама и тоа не беше доволно) Очајно му треба да Булс таков поединец !

Wizards искрено се пред се поизбалансирана екипа од Булс во поглед младо/старо и ги покриваат офанзивно речиси сите позиции и тука е најголемата предност. Имаат добар баланс напад/одбрана, не дека во двата сегменти имаат некоја спектакуларна игра но нема голема разлика и дупка, т.е играат колку толку и напад и одбрана. Во тој контекст се можеби и една од
најизбалансираните екипи од Истокот и општо лигава.Млaдо и крeвко и на моменти шуто со атлетицизам/дриблинг/гас во транзиција и scoring punch (Beal/Wall) по потреба + искусни батки под кош и доста ветерани особено битни кога е плејоф искуство (Ариза, Ал Капоне, Андре, Drew) Но најголемата предност и разлика со Булс е главно во версатилноста или универзалноста на позиција 4 и 5. Имаат дечки снажни и јадри да одговорат на погруба физичка игра и добро да го затвораат рекетот по потреба со доста мобилен тандем за тие позиции(Нене/Гортат Боксерчето), а во истовреме овие имаат и предност во игра на низок пост и игра 1on1 и се поснаодливи споредено со Nоah/Boozer/Taj (особено Nоah колку е лимитиран во тој дел и практично овој сегмент во играта е непостоечки кај него!!!) Едноставно покомплетни играчи (па и шутче од дистанца) Ако го ставам и тука и Gooden кој по толку дремење и неизвесност за неговата кариера игра фантастично во Wizards, налик онаа прва сезона во Cavs со Lebron(иако многу минутажа и не добива, сепак ќе се најде кога тогаш ) Кој ги гледал Wizards знае дека Drew не личи на себе и какви фантастични партии пружи оваа година!
Евреинот , Nene и Gooden се во најдобрите години и сите имаа добра километража зад нив ......тоа е !

А и секако Miller, со последниот воз го собраа, подобар играч за backup PG не можеа да донесат , особено кога е прашање плејоф играта. Ако Wall влезе у филм каубојци-индијанци у FULL HD и почне да ја губи контролата во нападот а со тоа и Wizards да личат дека летаат од колосек, кaкo брз воз во катастрофална сообраќајка среде Tokyo, Ренди (ако му светне) доволно е да го уфрли Андре во тие моменти, кој е мајстор да го успори темпото а и во најмала рака им одговара на стратегијата на која Tibodo ќе преферира (а и нема избор) оваа серија да ја успори играта на Wizards, ете и тука е баш на место Андре, па дури и кога се решава утакмицата при тесен резултат, Андре обожава и едвај чека да удри и не бира жртви(прифаќа дуели со играчи 2-3 глави повисоки и ги праќа по семки, фстаци и други неопходни артикли за мезе, без никаков срам). Овој е феномен и како виното, колку постаро толку подобро. Пак ќе повторам , подобар играч не можеа да најдат на таа позиција !
Првата утакмица влезе при крај на трета четвртина начука 10 поени за 10 мин ко на к-р ташак и си отиде на клупа без многу галама !

Најголемата критика и проблем на Wizards целата оваа сезона е неконстантната игра на Wall (со на моменти форсирани шутеви од неизградени позиции и доста солирање) и пред се хемијата во тимот(која не беше на ниво) + ефикасноста на одредени играчи (најмногу Beal +Wall, бидејки и од овие најмногу се очекува)Па и големи осцилации на цела екипа во текот на еден меч која често се рефлектираше на терен во "од готово вересија". Во овој дел единствено може да се каже дека само Ариза беше на ниво (овој ја игра без дилема најдобрата сезона во кариерата и е најконстантен кај Wizards цела сезона)! Ако само се види game log за Wall за оваа сезона (доволно за тие кои слабо ги гледале а бааѓи ги има такви на форумов) http://espn.go.com/nba/player/gamelog/_/id/4237/john-wall
цела сезона игра стани падни, во пракса една партија е 50-60% и прв стрелец, другава троши тон топки со мизерни 35%. Како и да е тоа не е ништо ново и веќе 4 сезони e најголема критика за Wall и голем непоправлив минус за него. И Beal не беше нешто поарен во тој дел. Пример првата партија и двајцата беа многу лоши (4-14, 3-11) среќа ја добија таа партија па овој сегмент од играта и се подзаборави инаку главна причина за пораз и ќе беше токму неефикасната игра од овие двајца (и залуден ќе беше МВП учинок на Бразилецот кој на Дефанзивецов на годинава му удри едно родео, како го јаваше цел меч и го претвори од бик во магаре со тоа што ни понуди шведска маса во сите сегменти од играта !)
Кога сме кај осцилациите, се виде во втората утакмица кога спичкаа 20 разлика експресно за 5-6 минути во втората четвртина .Такви моменти имаше многу оваа сезона за Wizards во регуларен дел !!!

Всушност ефикасноста е голем проблем на двете страни, особено за Булс, кој се последни сезонава во FG%(ништо ново тука) а и шутот за 3 е ахилова пета веќе 2-3 години наназад за Булс и тој сегмент од играта кај нив е речиси непостоечки и се ценкаат за 2-3 тројчиња по меч! Бадијала е дедо Dunleavy (кој се уште се држи добро на терен), тој е само една мала утеха за Булс да компензираат за Robinson и Marco, кои имаа одлични сезони, а двајцата беа голем фактор во шутот од далечина. Добра замисла во комбо со Rose, Mike e и од секогаш бил троа спор(малку поспор), а и веќе во години, овој не може да се дигне на шут во игра 1на1 а да не е тоа игра преку блок, т.е некој друг да одработи за него и му сервира на тацна чиста позиција и отворен шут, да не зборам што е дефанзивно црна дупка против било кој играч на терен и а спушти топка на дриблинг веројатноста да ја изгуби е голема! Да додадам дека и Wizards беа 4-та најефикасна екипа за 3 во лигава и секако тука има предност (кога им оди шутот, ама па тоа важи и за секоја екипа, горе доле)

Не може само Булс да чека и да се надева на добра одбрана ( на стара слава), ќе им треба мнооогу повеќе од тоа, против оваа екипа на Wizards ! Се бара јунак во клучни моменти да понесе одговорност, офанзивно, а таков реално нема во овој ростер на Булс. Captain Ray-ban никогаш и не бил во неговата кариера clutch а и пo default стално под притисок се губи, сепак прави колку што може , би рекол и за годините над можностите. Ќе видиме DЈ-ов каква музика ќе понуди во наредниве мечеви и како ќе игра на таа музика Wizards. Со оглед дека веќе Wizards украде 2 на гостински , нека спреми за секој случај Augustin некој микс со погребална музика, да му се наоѓа при рака, иако не е ништо готово !

А и Волот со оваа екипа на Куршумите има несекојдневна прилика и ретка можност да оди во втора рунда плеј, што за Wizards историски гледано е премија и се случува на некои 10-15 години (последен пат 2005 и Arenas кога беше незапирлив и пукаше на сите страни, а и Wizards од 1980 само два пати имаат стигнато втора рунда, по доминацијата и успехот во 70-те )
ЗАтоа и ова треба да биде мотивација плус за Wall (атер за Магзи) и да ја подигне играта на едно друго , респектабилно за лидер во еден плејоф ниво , бидејќи и првиве две партии беше само чад од испукана чаура во празно, реално ! Греота се бе, не за друго !



На крај на есапов, куршумот од секогаш бил најголема закана за бафалата во САД , па така и сега, ништо ново тука, само историјата се повторува !
 
G

garthok

Гостин
Да на крај диплома од колеџ доделуваат за најбрзо решена равенка по четвртина :pos:.

Се игра КОШАРКА целта е да се даде КОШ оh wait одразот го заборавив.:facepalm:
И тебе ли сине треба да ти објаснувам ко на дебил што ми беше муабетот со одразот и скокот, еве го трт се врати он обично се впушташе во дискусии кои алудираа на кавга ја не планирам пошто ме мрзи. :)
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.270
Поени од реакции
8.403
И тебе ли сине треба да ти објаснувам ко на дебил што ми беше муабетот со одразот и скокот, еве го трт се врати он обично се впушташе во дискусии кои алудираа на кавга ја не планирам пошто ме мрзи. :)
Да го ставиш комплетниот ефект на Паркер и комплетниот ефект на Рондо на кантар и да кажеш дека тежи накај Рондо треба да се преиспита дебилноста што ја спомнуваш.
 
G

garthok

Гостин
Да го ставиш комплетниот ефект на Паркер и комплетниот ефект на Рондо на кантар и да кажеш дека тежи накај Рондо треба да се преиспита дебилноста што ја спомнуваш.
Каде бре виде дека го оспорувам Паркер ко плеј бре несреќнику? Jaс кај плеј пред се гледам организација на игра и пасови а не поени, не знам ти што гледаш не ме ни интересира (прашање на вкус, капираш?) Значи заклучок еве ја дркам на Рондо и помири се со тоа :icon_lol:
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
@trt123trt Што ќе кажеш ти братче на темата за најдобрите плејови моментално во НБА :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom