Кога му давам јадење е многу мирен и чека,и надвор кога ке залае агресивно ме слуша,ама не смееме да му се доближиме до јадењето откако ќе му го дадеме.Тоа однесување го смени од година ипол навака,сега има две.До претходно му ги чепкав коските,му брцав во јадењето,намерно за да не биде агресивен,ама одеднаш се смени,зошто не знам.А не ми е прво куче,само со него до сега го имам овој проблем
Кучињата го менуваат својот карактер, до кај година - година ипол се однесуваат како деца, не покажуваат доминација во толку голема мера, доколку ги искараш најчесто ќе си ја прифата вината и нема да се бунтуваат и сл.
Но сето тоа се менува кога кучето ќе созрее и ќе стане свесно за својата вистинска моќ.
Твојот Азијат како што велиш до година ипол, се однесувал како друго куче, мирен бил, не покажувал доминација и сл. ... но после година ипол го сменил својот карактер.
Тоа се случило затоа што после година ипол почнал да созрева и да станува свесен за својата вистинска моќ, и свесен за својот потенцијал дека може да го превземе лидерството во чопорот (фамилијата) и да стане Алфа.
Тоа што го опиша во твоите постови е типично превземање на лидерството во чопорот.
Дозволувал да му се става маска, сега не дозволува.
Дозволувал да му се брца рака во тањирот додека јаде, сега не дозволува.
Тоа е типично однесување на Алфа ... бидејќи само Алфата одлучува што смее, а што несмее да се прави.
Така што со неговото однесување, сега за сега само со предупредување ти покажува што смееш, а што несмееш да правиш.
Само многу гадно ќе биде ако прекине да те предупредува, и почне да дејствува.
Ајде помош со некои идеи...купивме нова маска,пробувам да му ја ставам значи нема шанси,ќе останам без рака.Пробувам и внатре со омилената храна да го излажам не се лаже гнаса,се знае.Еве го тормозам од прееска дека нема да оди надвор ако не ја ставиме маската,не сака ни да чуе.А морам некако да му ја ставам,веќе неколку пати добив усмена опомена,не дека јас не сакам да му ставам ама стварно не можам.Некој да имал сличен проблем?И како го решил?
Абе носевме ние маска од 5 месеци го учев со маска,до кај година,година и два месеци ја носеше,сега веќе не сака,напаѓа дури.Не знам зошто претходно не ја сакаше ама си ја носевме што му бидна стварно не знам.А мора да носи,голем е ќе ми пишат казна сигурно.А и плус сакам да си носи и чисто заради него да не јаде глупости од земја.
Ова е веќе премногу сериозно ... подитно е потребна дресура, бидејќи ако продолжи вака да се однесува не ни сакам да помислам за последиците што можат да се случат.
Ако сакаш ќе ти дадам број од Саше, еден од најдобрите дресери (ако не и најдобар) во Македонија.
Ние тука можеме да ти дадеме еден куп совети, и како ти да се однесуваш во одредени ситуации, и се тоа можеме да ти објасниме, али верувај има огромна разлика помеѓу теорија и пракса.
Затоа најдобро решение е стручно лице (дресер) да ти покаже во пракса како да се однесуваш и како правилно да го казниш кучето.
Најважен елемент е вистинска казна во вистински момент.
Ако ја утнеш казната (тоест употребиш погрешна казна) и ако го утнеш вистинскиот момент (тоа е дел од секунда) се е џабе и нема да има апсолутно никаков ефект врз кучето.
Значи за да го решиш проблемов, се што ти е потребно е вистинска казна во вистински момент ... е тоа е таа пракса за која што зборев погоре во постот, теоретски може да знаеш се, но треба во пракса да го спроведеш на вистински начин и во вистинско време.