Дресура

Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Ајде помош со некои идеи...купивме нова маска,пробувам да му ја ставам значи нема шанси,ќе останам без рака.Пробувам и внатре со омилената храна да го излажам не се лаже гнаса,се знае.Еве го тормозам од прееска дека нема да оди надвор ако не ја ставиме маската,не сака ни да чуе.А морам некако да му ја ставам,веќе неколку пати добив усмена опомена,не дека јас не сакам да му ставам ама стварно не можам.Некој да имал сличен проблем?И како го решил?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.120
Поени од реакции
34.598
Мене, вака лаички, ми изгледа како да не сте се договориле кој е газда... :)

Ваљда треба му направиш филм, да ја поврзе маската со шетање и играње. Чекор по чекор, прво некое време само покажување на маска пред шетање (кога ќе го викнеш)... потоа по некое време и ставање, па вадење по кратко време. Трпение требало во изобилство.

Ова чисто од теоретско знаење го пишувам, од што имам површно читано (и сигурен сум дека набрзо ќе се напише нешто подетално како и што треба да правиш, од некој поедуциран и поискусен од мене). Си читам јас унапред за да не дојдам во твојава ситуација. ;)

Ама да знаеш дека не ти завидувам, такво големо куче чим не си го фатил на време да го учиш... никако нема да ти биде лесно сега.
 
Абе носевме ние маска од 5 месеци го учев со маска,до кај година,година и два месеци ја носеше,сега веќе не сака,напаѓа дури.Не знам зошто претходно не ја сакаше ама си ја носевме што му бидна стварно не знам.А мора да носи,голем е ќе ми пишат казна сигурно.А и плус сакам да си носи и чисто заради него да не јаде глупости од земја.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.120
Поени од реакции
34.598
Абе носевме ние маска од 5 месеци го учев со маска,до кај година,година и два месеци ја носеше,сега веќе не сака,напаѓа дури.Не знам зошто претходно не ја сакаше ама си ја носевме што му бидна стварно не знам.
Изгледа дека доминантно се поставува.
Прави проблеми за други работи? На пример како му даваш за јадење, мирно чека на страна или рипа окулу јадењето додека не му го ставиш во неговата чинија? Р’же ако се приближиш (ти, или друг домашен) до него додека јаде? Кога ќе залае агресивно по нешто веднаш слуша наредба да престане?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Изгледа дека доминантно се поставува.
Прави проблеми за други работи? На пример како му даваш за јадење, мирно чека на страна или рипа окулу јадењето додека не му го ставиш во неговата чинија? Р’же ако се приближиш (ти, или друг домашен) до него додека јаде? Кога ќе залае агресивно по нешто веднаш слуша наредба да престане?
Кога му давам јадење е многу мирен и чека,и надвор кога ке залае агресивно ме слуша,ама не смееме да му се доближиме до јадењето откако ќе му го дадеме.Тоа однесување го смени од година ипол навака,сега има две.До претходно му ги чепкав коските,му брцав во јадењето,намерно за да не биде агресивен,ама одеднаш се смени,зошто не знам.А не ми е прво куче,само со него до сега го имам овој проблем
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Azijat,ti imas seriozen problem so kuceto i bidi siguren deka ti i domasnite ste seriozno vo opasnost od nego. Ne e deka ne sakal i porano da ne mu cepkate vo hranata ili da ne nosi maska,samo vo poslednite meseci pocnal da pokazuva. I spored toa sto go pisuvas toa se poveke eskalira. Predupreduva samo zasega,a ako nema problem da te napadne tebe,voopsto nema da ima problem da napadne nekoj drug i za mnogu pomala rabota. Moja preporaka e pod najitno da pocnes da rabotis so dreser, ne bilo kakov,tuku od arm ili mvr, bidejki tie se mnogu posposobni da se spravat so nepredvideni situacii,a po moznost i ke mozat da pronajdat sto e predizvikuvac na problemot i da rabotat na resenie. Pocnete so opsta poslusnost,kolku ida te slusa momwntalno, mora da ima solidna osnova za da ima pravilna ponatamosna dresura.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.120
Поени од реакции
34.598
@азијат eве ти и мислење од стручњак. Мислам дека ќе погрешиш ако го игнорираш советов погоре, ама немој и премногу да се разочараш во кучето, пошто не е дека не може да се поправи работата. Но ете како што кажаа, дефинивно мора да се работи со дресер (можеби можат да ти препорачаат некој).

Проблемот, посебно со ваквите постари и/или работни раси, е што тоа се кучиња со многу поинаков карактер од оние раси што вообичаено се „правени„ за да бидат миленици по дома. Затоа и искуството со претходните кучиња не ти завршило работа во овој случај.
Со такви раси мора многу повнимателно да се постави човек. Разгалувањата и игнорирањето на потребата да се воспостават правилни односи газда-куче, тука многу полесно можат да направат големи проблеми.

Чисто информативно, погледај го документарецов долу.
Порелевантно би бил за тебе вториот дел со малото куче. Инаку ја барав епизодата со две дански доги (или така нешто) ама не можев да ја најдам.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Кога му давам јадење е многу мирен и чека,и надвор кога ке залае агресивно ме слуша,ама не смееме да му се доближиме до јадењето откако ќе му го дадеме.Тоа однесување го смени од година ипол навака,сега има две.До претходно му ги чепкав коските,му брцав во јадењето,намерно за да не биде агресивен,ама одеднаш се смени,зошто не знам.А не ми е прво куче,само со него до сега го имам овој проблем
Уф.... се сменил зашто сфатил дека може да се смени- си му дозволила. Никогаш не е касно, не се разочарувај и не паничи.Почни од утре да се понашаш со него како со нови куче (колку и да звучи банално). Стави му го тањирот со храна пред него и не му дозволувај да почне да јаде се додека не се смири- ама СМИРИ комплетно, дури да дојде до фаза да задремува (буквално), рачунај тоа може да потрае и повеќе од саат време, се е останато на тебе. Си му допуштила и мораш да се вратиш во нормала да сфати дека постојат некои граници и ограничувања а воедно и кој е газда дома.

Проблемов ти е сериозен и мораш пред се да поработиш на себе а после на него, колку и тоа да ти изгледа како измачување мораш да пројдеш низ тој процес ако не сакаш да те прејаде во буквална смисла.

Не е веќе малечок, прекини да го третираш како кутре, веќе е сигурно потежок од 60 кг, а тоа значи може да направи огромна штета. Премногу строго ќе му се поставиш и за краток период ќе се врати во нормала.

Практикувај го тоа со хранењето подолг период, додека да се смири. Откако ќе се смири и ќе му дадеш/допзволиш да јаде, повлечи му го тањирот и остави го пак да чека. Неколку вакви вежби и нема да имаш проблем. Ама прави го тоа решително без страв. Веруј, можат да осетат страв и од километри. Дижи длабоко, верувај во тоа дека ти си газда и практикувај ги овие вежби.

За маската, ако веќе не сака со милом секогаш постои опција силом. Ќе се буни, ќе се буни и ќе прекине. Само мораш да бидеш истрајна и да не го жалиш, притоа повторувајќи си во себе колку многу се големи казните за неговото негодување во врска со маската. Да не ти ги постирам пак клиповите за тренинг со маска, отвори на youtube, имаш еден тон начини како.
Очигледно не си била доволно упорна со него. Тука ќе да е проблемот.

Али имај во предвид стварно дека никогаш не е касно. Јас ротвајлеров го најдов некаде кога имаше од прилике 5-6 години, @Lu знае колку она беше агресивна, и со кучиња и со луѓе а за храна веќе да не зборам, моравме во друга соба да ја заклучуваме за да јадеме на раат. Денес е перфектен пес. Се што ти треба е само трпение и упорност, а воедно и да знаеш што правиш. Мала слабост, ќе те однесе- никако покажување слабост. Ти си газда, ти кажуваш што ќе се случува и кога ќе се случува, ти кажуваш кога ќе е јаде а кога ќе се прекине, ти кажуваш кога ќе се игра а кога не! Граници- тоа е тоа што му е потребно на едно куче за да биде во најдобро стање. Без граници (без правилно лидерство), кучињата развиваат аресивност... а тоа може да те кошта живот, или твој или нечив друг и за ова не се заебавам- сфати го сериозно.
 
L

Lu

Гостин
Кога му давам јадење е многу мирен и чека,и надвор кога ке залае агресивно ме слуша,ама не смееме да му се доближиме до јадењето откако ќе му го дадеме.Тоа однесување го смени од година ипол навака,сега има две.До претходно му ги чепкав коските,му брцав во јадењето,намерно за да не биде агресивен,ама одеднаш се смени,зошто не знам.А не ми е прво куче,само со него до сега го имам овој проблем
Кучињата го менуваат својот карактер, до кај година - година ипол се однесуваат како деца, не покажуваат доминација во толку голема мера, доколку ги искараш најчесто ќе си ја прифата вината и нема да се бунтуваат и сл.
Но сето тоа се менува кога кучето ќе созрее и ќе стане свесно за својата вистинска моќ.
Твојот Азијат како што велиш до година ипол, се однесувал како друго куче, мирен бил, не покажувал доминација и сл. ... но после година ипол го сменил својот карактер.
Тоа се случило затоа што после година ипол почнал да созрева и да станува свесен за својата вистинска моќ, и свесен за својот потенцијал дека може да го превземе лидерството во чопорот (фамилијата) и да стане Алфа.

Тоа што го опиша во твоите постови е типично превземање на лидерството во чопорот.
Дозволувал да му се става маска, сега не дозволува.
Дозволувал да му се брца рака во тањирот додека јаде, сега не дозволува.
Тоа е типично однесување на Алфа ... бидејќи само Алфата одлучува што смее, а што несмее да се прави.
Така што со неговото однесување, сега за сега само со предупредување ти покажува што смееш, а што несмееш да правиш.
Само многу гадно ќе биде ако прекине да те предупредува, и почне да дејствува.

Ајде помош со некои идеи...купивме нова маска,пробувам да му ја ставам значи нема шанси,ќе останам без рака.Пробувам и внатре со омилената храна да го излажам не се лаже гнаса,се знае.Еве го тормозам од прееска дека нема да оди надвор ако не ја ставиме маската,не сака ни да чуе.А морам некако да му ја ставам,веќе неколку пати добив усмена опомена,не дека јас не сакам да му ставам ама стварно не можам.Некој да имал сличен проблем?И како го решил?
Абе носевме ние маска од 5 месеци го учев со маска,до кај година,година и два месеци ја носеше,сега веќе не сака,напаѓа дури.Не знам зошто претходно не ја сакаше ама си ја носевме што му бидна стварно не знам.А мора да носи,голем е ќе ми пишат казна сигурно.А и плус сакам да си носи и чисто заради него да не јаде глупости од земја.
Ова е веќе премногу сериозно ... подитно е потребна дресура, бидејќи ако продолжи вака да се однесува не ни сакам да помислам за последиците што можат да се случат.
Ако сакаш ќе ти дадам број од Саше, еден од најдобрите дресери (ако не и најдобар) во Македонија.

Ние тука можеме да ти дадеме еден куп совети, и како ти да се однесуваш во одредени ситуации, и се тоа можеме да ти објасниме, али верувај има огромна разлика помеѓу теорија и пракса.
Затоа најдобро решение е стручно лице (дресер) да ти покаже во пракса како да се однесуваш и како правилно да го казниш кучето.

Најважен елемент е вистинска казна во вистински момент.
Ако ја утнеш казната (тоест употребиш погрешна казна) и ако го утнеш вистинскиот момент (тоа е дел од секунда) се е џабе и нема да има апсолутно никаков ефект врз кучето.
Значи за да го решиш проблемов, се што ти е потребно е вистинска казна во вистински момент ... е тоа е таа пракса за која што зборев погоре во постот, теоретски може да знаеш се, но треба во пракса да го спроведеш на вистински начин и во вистинско време.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Заборавија да ти кажат, доколку не се осеќаш толку доволно моќна, почни да работиш со дресер, ти кажа Улуру каде да побараш. Сепак се работи за магаре од мин. 50кг кое не се контролира толку лесно. Лично јас би одбрала стручна помош затоа што имаш проблем и тоа проблем од потешка категорија.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Имам проблем и тоа голем,сум размислувала за дресер,многу пати,и сакам да го пратам на дресура,а како оди тоа?Кучето треба да се остави кај дресерот некое време или?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Имам проблем и тоа голем,сум размислувала за дресер,многу пати,и сакам да го пратам на дресура,а како оди тоа?Кучето треба да се остави кај дресерот некое време или?
Тренерот што ти го препорача Лу работи лично со тебе, односно ти кажува како ти да работиш со твоето куче, што според мене е прекрасен начин на тренинг на кучето а воедно и за тебе, со тоа што ќе стекнеш поголема доверба во себе (дека можеш да го контролираш кучето) а воедно и кучето учи да те слуша и почитува тебе, а не само тренерот (како што е случај со многу други тренери, кои сами работат со кучето). Ќе се чуеш, ќе му кажеш за која раса станува збор и ќе потенцираш дека имаш проблеми со алфа статусот.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Cisto da znaes,sekako deka ne velam deka imas pobesnet zver, toj ke si ostane tvojot bebush :) no,mora da imas v predvid deka e mnogu silen i zatoa potencijalno mnogu opasen. Na Zina i na Lu ke se nadovrzam vo smisla sto jas ne mislm deka se raboti za smena na karakterot,tuku za doagjanje do izraz na vistinskiot karakter na kuceto. Osven toa,toj veke naucil deka moze da te natera da ne mu stavis maska i da ne mu go cepkas jadenjeto,taka da mozes da ocekuvas deka toa ke se prenesuva i na drugi raboti. I ako zasega predupreduva,prasanje na koga a ne ako e koga ke se oseti primoran da te 'popravi' koga nema da go poslusas predupreduvanjeto. Sakam da kazam moze tebe ne ti e jasno sto se slucuva,no nemu toa mu e normalno i logicko hierarhisko odnesuvanje. Zatoa,jas pak ke recam,pred da pocnes bilo sto da rabotis na nego,prvo pobaraj pomos od dreser. Mnogu e bitno da pocnete sopravilna korekcija na ova odnesuvanje pred da premine na vistinsko napagjanje,bidejki i toa kako i predupreduvanjeto e nauceno odnesuvanje a sekoe nauceno odnesuvanje e mnogu potesko da se popravi otkolku da se spreci.
Jas od dreserite go poznavam dobro Riste,znam deka znae sto raboti i cesto pati rabotel so kucinja so razlicen stepen na agresija. Inaku, Riste e dreserot sto rabotese so Zile. Za Riste i Sase, znam deka dobro rabotat, drugi dreseri sekako ima, no kako rabotat ne znam. Sto se odnesuva do dresurata, moze da go zemat na pansion,moze da rabotat so nego i doma, no toa najdobro ke ti go kaze dreserot otkoga ke go vidi i proceni negovoto odnesuvanje.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Cisto da znaes,sekako deka ne velam deka imas pobesnet zver, toj ke si ostane tvojot bebush :) no,mora da imas v predvid deka e mnogu silen i zatoa potencijalno mnogu opasen. Na Zina i na Lu ke se nadovrzam vo smisla sto jas ne mislm deka se raboti za smena na karakterot,tuku za doagjanje do izraz na vistinskiot karakter na kuceto.
Па не би се сложила дека е доаѓање до израз на вистински карактер- вистинскиот карактер кај кучето е оној кој ти ќе го изградиш- дали ќе му допуштиш да биде алфа или ќе си остане најслабата карика во хиерархијата. Реални да бидеме, немаат некој нивни вистински карактер- едно куче може да се понаша различно (multiple personality disorder :pos:) во однос на тоа кој работи со него.

Еве ти и примери-
Мајка му на Ото (женка пинч) кога е дома со газдите е релативно ок (зборам за агресија), релативно зашто имаат заработено неколку конци по раце од неа. Јас кога ќе се појавам кај нив, знае дека не може да ми покаже заби, а и да ми покаже не ми мења многу па се смирува веднаш. Кога ќе ја однесат на гости кај баба и и дедо и :)icon_lol:) Пени (името на песов од 7 кг) се претвора во чудовиште кое контролира секое движење, секаква интонација... контролира се и се понаша како типична пирана што ги глода по нозе ако прават нешто што нејзе не и се свиѓа.

Мила, песов мој, ја можам бубрег што се вика да и извадам и она нема да реагира, а дечко ми (живееме заедно пази) не може да и го извади нит топчето од уста без јас да реагирам.

Што значи, пак се сведува на тоа дека немаат посебен карактер, туку прикажуваат онолку од карактерот колку што ќе им се дозволи.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.120
Поени од реакции
34.598
Практично, ако добро разбирам, пожелно е сите домашни да земат активно учество во воспоставувањето на доминантен однос, во однос на кучето?

Не знам дали сум јасен. Муабетот ми е, како да се избегнат ситуации кога би биле во опасност одредени луѓе од истиот дом. Или гости.
Дали ова спаѓа во општа социјализација на кучето, или треба нешто друго?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom