Дресура

Имам хаска за 10 дена ќе наполни точно 3 месеци. За хигиена е научено уште од помало дома никако, си знае каде ако сум јас покрај него оди само на врата и седи пред неа чека да отворам, ако ме нема до него на едно исто место во бавчата која е веќе само негова :D
Сега за сега сум задоволен со тоа што ако кажам НЕ! слуша дали било тоа да гриза нешто или да тргне да оди некаде без моја дозвола (зборам прошетка).

Навикнато е кога возиме велосипед да е строго до мене на пола метар и нема бегање.

Сега за сега останува мал проблем се шета во поголема гужва со луѓе ако го довикне некој или пак има поблиску човек оди само да си игра скока.Мислам дека причина е староста, но со команди полека почнува и да гледа само.
За некоја недела ќе има и апдејт.
Премногу ти е рано за да го шеташ со точак, пред 6 месеци не се препорачува голема физичка активност.
Ти требаат пократки прошетки, да избегнувате скали и нагорнини и сл.
Чисто како совет ти го зборам ова
 
Знам фала, Јас не напишав добро дека се мисле на кратка патека ако може и да се каже патека. Чисто полека да се учи како треба и се :)
 
Знае ли некој дресер за кучиња каде НЕ го оставаш кучето еден месец тамо, туку со него работиш? Како и доколку некој знае колку чини и контакт :)
 
Ве молам некој да ме упати околу команди.
Пример да ме слуша тоа што ќе го речам,да се повлече и сите слични работи.

Пишете тука или ПП.
 
некои добри видеа за дресирање лабрадор, сега незнам дали ке биде проблем што е малку постара 2год ама сепак морам да пробам
 
Незнам што да речам туку сакам да побарам некоја тактика на учење т.е. дресирање на германски овчар бидејќи нерви немам веќе од такт ме вади, значи колку ме засположува на сабајле дупла повеќе ме нервира...се става во уста пластики, морска пења и што ли уште не...
 
Знае "остави"? Мене тој трик ми помогна. Исто и "не" помага.
 
Еве нешто вредно за гледање:
(и другите видеа од човеков се добри, штета само што се е на француски)

Напредок: се научивме да одиме без поводник. :oleee: Денес собрав храброст да ја пуштам од поводник и не забегуваше, не ни трчаше, само стапка зад мене одеше. Поминуваа луѓе, таа до мене одеше, не ги плашеше, не им скокаше. :ojeaa:
Сега со сигурност ќе ви го препорачам поводников:
84338_1000x1000.jpg

Ако сакате да го научите вашето куче да оди до вас и да доаѓа на повик. Улога во дресурата играа и саламчињата кои беа награди за послушноста. :)
 
Имам 4 месечен бигл, и можам да ви кажам дека најбитната команда од цела дресура е што кучето разбира кога ќе му кажам НЕ.

Можам да го шетам и на краток ланец и на долг, ланец, ако му речам НЕ и го тргнам 2-3 пати (онака лагано) ќе оди покрај мене, ако му речам, АЈДЕ, трча како улав.
Кој имал бигл знае дека носот не го одлепуваат од земја кога ги шеташ и многу е тешко да пазиш да не лапне нешто од земја. Кога и да лапне нешто, само ќе му винкнам НЕ и одма го плука.
Исто важи и за ако лае по други кучиња, мачки, скока по луѓе, само едно гласно и строго НЕ и кучето се смирува.
Дојдено е до тој степен и дома, пред да јаде, ако му речам НЕ, не почнува да јаде, дури и кога јас ќе излезам од соба... Проблем е што уште немам команда за да му речам да јаде, и пустиот стои додека јас под нос не му ја пикнам храната :)

Кратко кажано, прва команда која треба куче да ја научи е, НЕ, со висок и строг тон, а после тоа лесно е све понатака...
 
@Chorbikj мојата Ердел териерка секогаш кога ставам храна за неа, седнува и чека додека не и' кажам да јаде. Команда за да јаде и' е "Ајде".

А исто така, се обидела да чита, али женската нервоза ја фатило па ова се десило:
IMG_20150527_122927.jpg
Ердел Териер без да прави неред, не е Ердел Териер.
 
Малку ќе пишам и тука. 4 месечен машки бигл. Претходно 2 месеци бил во друго домаќинство и мислам дека се има поставено да биде алфа во групата. Се трудам да му ја одземам таа титула но некако многу тешко ми оди. Имам и 3,5 годишен златен ретривер и кај него учењето идеше како од шала, но јас го имав од прв ден и ми беше многу лесно да го направам "потчинет". Со биглот во овие 7 дена мака мачам. До сега златниот ретривер ќе напишеше дипломска. Се трудам многу, но од неговиот инаетлив карактер како да не допираат моите зборови до него. Сака да ја покаже доминантноста со тоа што посегнува да гризе по раце, трча да излезе прв од дома и ред други работи. Кога ќе го укорам почнува да се буни, да лае, да квичи...итн тин. Некој нешто да понудаи. Можеби некои видеа на интернет, некој туторијал. Благодарам.
 
Друже, поминале само 7 дена...Биглот спаѓа во групата на тврдоглави раси на кучиња, не може да очекуваш за 7 дена да го превоспиташ, посебно од место каде што он бил газда :pistoldz:, алфа мажјак.

Мислам дека ако знаеш како се тренира куче, а најверојатно знаеш пошо не ти е прво, прави го истото само со повеќе трпение и дисциплина. Не ти требаат видеа и туторијали, само ТРПЕНИЕ.
 
Постои ли начин, кучето кога е само дома да не лае ЦЕЛО ВРЕМЕ ???

Кога сум јас покрај него, дресурата оди супер, послушен е и немаме никакави проблеми. Ама кога и да го оставам само дома, комшиите викаат дека лаел нон стоп, цело време, се чуделе како не се уморувал...

Има ли некој паметен начин барем да се намали лаењето ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom