Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Остави ги така како што се , немој да ги пукаш . Имаш некое мало крварење под површината на кожата . Немој да го држиш прстот во близина на некој извор на топлина зошто така се прави вазодилатација ( проширување на крвните садови ) и можи крварењето да се зголеми .

За болката пробај под млаз ладна вода , би требало да се намали .
За среќа ме пројде идејата за пукање:) Болката исчезна, значи сега да избегнувам само топлина. Фала.
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
И јас имам исто, пред година дена ми се појави ама не ме боли ништо. Ај следен пат кога ќе одам на лекар ако бидам болен и јас ќе гледам да прашам. Вака специјално за ваква работа искрено не ми се оди ..
Колку години имаш?? Искрено ме изнасмеја со постов....(за годините не те прашав во афект туку да видам дали е нормално зошто машко си)
 
М

Мартин`

Гостин
Колку години имаш?? Искрено ме изнасмеја со постов....(за годините не те прашав во афект туку да видам дали е нормално зошто машко си)
17 иам, ептен мало топче (да кажам) иам и ми се појави пред година дена ...
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
17 иам, ептен мало топче (да кажам) иам и ми се појави пред година дена ...
Во ред иако требало да ти се јави порано(ако е тоа што мислам) се јавува во пубертет, сепак убаво би било да го погледне лекар за да види дали се работи за она што се јавува во секој пубертет(иако кај тебе е доцна) или се работи за нешто друго...
 
А само на едната страна треба или ? инаку непријатно ми е, ама кога ќе отидам ќе прашам сепак :))
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Дали некој знае за сечење (оперативно) корен на заб -дали боли за време и (последици) после тоа и дали е подобро сечење корен или вадење на забот?
Имал некој вакво искуство?
 
H

HITCH

Гостин
Дали некој знае за сечење (оперативно) корен на заб -дали боли за време и (последици) после тоа и дали е подобро сечење корен или вадење на забот?
Имал некој вакво искуство?
Зависи како ќе се погоди мајсторот! Мене мртов заб ми вадеа 2 недели. Настанаа некои глупави компликации и ми потече целата лева стана, ама не чувствував болка... И да се пофалам тие две недели не идев на школо. :vozbud:

Најдобро е да прашаш кој специјалист ќе ја врши интервенцијата и после да се распрашаш дали има лесна рака. :smir:

П.С. Подобро е сечење корен! Чувај си ги сите заби, ќе требаат на старост.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Зависи како ќе се погоди мајсторот! Мене мртов заб ми вадеа 2 недели. Настанаа некои глупави компликации и ми потече целата лева стана, ама не чувствував болка... И да се пофалам тие две недели не идев на школо. :vozbud:

Најдобро е да прашаш кој специјалист ќе ја врши интервенцијата и после да се распрашаш дали има лесна рака. :smir:

П.С. Подобро е сечење корен! Чувај си ги сите заби, ќе требаат на старост.
Проблемот е што тоа треба да се направи оперативно (кај орален хирирг) што значи сечење на непцето, сечење на корен, крпење...што искрено ме плаши од компликации и инфекции. Не е проблем за орален хирург, приватен или од фондот...мислење на забарката е да не го вадам, но ми здосади од одење по забари...годинаипол, со мали прекини секоја недела по двапати (досега и мостови и скулптури и музеј ќе направеа на толку бушење) и пак да се јави инфекција...само заради тоа што претходно кај еден забар и на клиника скоро цела година не ми го најдоа проблемот.
Не знам, на дваума сум ама преку глава од игли, бургии и раце во гумени ракавици.
 
H

HITCH

Гостин
Не знам, на дваума сум ама преку глава од игли, бургии и раце во гумени ракавици.
Епа сега за еден заб... вади штом ти се смачило. Навистина инфекциите се најопасни, а и најдосадни, оти целото лекување треба да запре да е санира инфекцијата и после пак почнува се` од почеток.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Ок, фала за информацијата и советот :)
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Кога јадам/џвакам во левото уво слушам нешто како пуцкање/шкрботење.
Два, три месеци го приметувам ова, не верувам дека е од некоја прехлада.
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Кога јадам/џвакам во левото уво слушам нешто како пуцкање/шкрботење.
Два, три месеци го приметувам ова, не верувам дека е од некоја прехлада.

Ако немаш болка , не е ништо страшно . Најверојатно зглобот што се наоѓа таму ( се вика темпоромандибуларен и ја поврзува долната вилица со коска од черепот ) е малку изместен или не лежи добро во своето лежиште , па затоа и се слуша таков звук при движење-јадење.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Имам две привремени пломби, ама заборавив дека ги имам и јадев варен ѓеврек... сега осеќам дека дупките се подлабоки, веројатно поради ѓеврекот. Да одам на заболекар да ми ги поправи или да чекам додека да дојде време кога треба да ми го ваѓа живецот?
 
Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4
Ме интересира дали цигарите делуваат смирувачки на нервниот систем, зошто долго време не пушев и се чуствував нервозно особено во последно време, почнав пак да пушам пред околу две недели и некако се чуствувам посмирен?
 
T

Tetro

Се` е тоа психологија.
Ама еден совет: Ако можеш, батали то срањето цигари што го викаме. Или редуцирај на користење што можеш повеќе. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom