Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Обично за што ги препишуваат докторите еглонил со диазепам?

Еглонилот се користи за лечење шизофренија и го даваат со диазепам бидејќи диазепамот делува смирувачки го тера пациентот да мирува и да спие.
 
Обично за што ги препишуваат докторите еглонил со диазепам?
Еглонилот се користи за лечење шизофренија и го даваат со диазепам бидејќи диазепамот делува смирувачки го тера пациентот да мирува и да спие.
Еглонилот го даваат и за ублажување на депресија. Главната активна состојка му е Sulpiride.
 
Тоа е дрогата, незнам што е активна состојка. :smir:
Сулпиридот е дериват на бензамидот. Сулпиридот е селективен антагонист на допамински Д2 рецептор, уствари, неговото антипсихотично дејство ја блокира функцијата на допамин во мозокот. Најчесто се добиваат позитивни резултати по неколку недели од користењето на секојдневната терапија со сулпирид, кога ќе почнат да се повлекуваат симптомите од шизофренија, а пациентот станува смирен и повеќе комуникативен. Во пониски дози сулпиридот покажува антидепресивно дејство.

Дозирање:
кај акутни и хронични психози:
200 - 600 mg/ден (негативни симптоми);
800 - 1600 mg/ден (позитивни симптоми);

кај парентерално во акутни психози:
200 - 800 mg/ден;

кај невротски пореметувања:
100 - 200 mg/ден;

улкусна болест:
3 капсули од 50 mg/ден, 4 - 6 недели.
 
Сеа ќе се правиме кој повеќе знае или мајка википедија како ќе каже?
Не мораш да ме цитираш, убаво кажав за шизофренија.

Јас со мојот коментар што те цитирав сакав да те научам да не истрчуваш со заклучоци без везе, не постои таков израз активна состојка туку дрогата или лековитиот дел.

Тоа го пишав бидејќи постојано се залетуваш но ретко погодуваш.
Се извинувам што те нервирам али кога некој сака да се напрае попаметен на мое поле ќе се потрудам да го поправам.
Кон тоа одев тоа и го направив.
Се понатака ќе се смета за офтопик.
 
Извини ако повредив некое чувство, сепак ти си тој со алатките за модерирање.
Сега што и да кажам, ќе биде неприфатливо за тебе, ама ќе ти одговорам барем на прашањето (колку да не остане реторичко), а после можеш слободно да избришеш.
Сеа ќе се правиме кој повеќе знае или мајка википедија како ќе каже?
Не мора да се правиме "кој колку знае", а википедија ретко користам. Повели и најди на википедија релевантна информација за ова.
Ако темите се отворени на нив да делат совети само модератори, кажете. Тогаш би немало потреба ние да пишуваме тука, нели?

Мене не ме нервираш, чедо. Ако мислиш дека се правам паметен, се лажеш. :)
Поздрав и до тебе.
 
Колку пати треба да ти напишам дека не реков лошо за дополнувањето на мојот коментар туку со тоа твое коментирање напиша активна состојка, туку е дрога.
Некогаш треба и тој што информира да биде информиран, како што ти го направи во тој случај.



Дозирање: капсули: 2 x 50-200 mg на ден, шизофренија 2 x 400-800 mg; гастроинтестинален улкус 150 mg на ден поделени на 3 дози; сируп: интернистички индикации: 3 mg/kg, психијатриски индикации 5 mg/kg телесна тежина.



Стварно веќе неможам да се расправам.
Доволно беше.
 
од што осеќам кај грлото како топче. осеќам како кога голтам да имам заглавено воздух во грлото малце подоле кај што е ждрелото?
 
па не, едино на сабајле кога ќе станеме што ни е сува устата ама тоа мислам дека е нормално.. а што претпоставуваш дека е?

Можеби имаш некој фарингоезофагијален дивертикулум.
 
Може да ми објасниш што значи ова ? :)


Па то е како едно мало проширување во близина на грлото и хранопроводот каде има можност да заседне храна и се манифестира со чувство на топка, понекогаш тешко голтање и лош здив од застојаната храна во проширувањето.
 
аха, абе ова ми се случи и пред една недела, ама ќе се напијам чај нешто топло ќе ми помине, иначе бев настинат пред 2-3 недели и сеа мислам дека тоа што ми се собира таму дека ми е шлаем, оти носот уште не ми е скроз застанат со течење.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom