Здраво на сите !
Значи нова сум на форумов, имам некој вид на " проблем " , но нестрплива сум па сакам да го споделам со вас, да чујам ваше мислење доколку некој имал слично искуство.
После 14 дневно доцнење, добив менструација, меѓутоа истата воопшто не изгледа нормално: оскудна е, ми траеше само 3 дена ( иако обично ми трае по 7 ), и беше кафеникава.
Уште кога ми доцнеше зедов "бременост" како опција, иако немам ниту еден вообичаен симптом за бременост ( не ми е лошо, не повраќам, не ме болат гради и не се напнати, немам болки во стомакот, немам одбивност спрема одреден тип на храна ), па направив тест за бременост кој излезе негативен. Исто така морам да наведам дека после последниот сексуалниот однос што го имав, добив нормална менструација која изгледаше и траеше нормално ( значи тоа беше претходната, по што следуваше оваа која доцнеше 2 недели ).
Секако, бидејќи сето тоа не ми изгледа нормално денеска направив уште еден тест за бременост кој исто така беше негативен.
Сега, моето прашање е - дали има шанси да сум бремена и покрај 2 негативни тестови и немање на никаков карактеристичен симптом во 9 недела од бременост ( сметајќи од последниот сексуален однос ), и ако ја исклучиме таа опција што друго би можело да предизвика пролонгирање на менструалниот циклус како и хипоменореа.
Секако сето ова е хипотетички , но не можам да дочекам до понеделник да чујам стручно мислење.
Фала однапред .