Усовршување на англискиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата MUTANT
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2012
Мислења
131
Поени од реакции
27
Не знаев каде да прашам па се решив да отворам овде тема, ако сум згрешил модераторите нека поправат... Значи сакам некој кој што студира или завршил филолошки факултет (Англиски јазик) да ми даде совет. Значи кога е во прашање граматиката немам некои којзнае какви значајни проблеми но се чуствувам како "речникот" англиски да ми е 0. Како можам да научам повеќе зборови т.е да си го надополнам речникот по повеќе зборови? Повеќе ми е за читање книги на англиски што се зошто ако земам сега да читам некоја книга моментално на англиски ке треба на секоја 3та реченица да застанувам и да барам превод на непознат збор :( Ако може совет?? Фала однапред.
 
Гледај филмови со англиски превод,може да ти помогне тоа. Пробај во контекст да ја сфатиш реченицата,пробај да си ги преведуваш текстовите на песните на македонски и слично.Друго нешто не ми текнува што би можело да ти помогне.

Со лесно :D
 
Не знаев каде да прашам па се решив да отворам овде тема, ако сум згрешил модераторите нека поправат... Значи сакам некој кој што студира или завршил филолошки факултет (Англиски јазик) да ми даде совет. Значи кога е во прашање граматиката немам некои којзнае какви значајни проблеми но се чуствувам како "речникот" англиски да ми е 0. Како можам да научам повеќе зборови т.е да си го надополнам речникот по повеќе зборови? Повеќе ми е за читање книги на англиски што се зошто ако земам сега да читам некоја книга моментално на англиски ке треба на секоја 3та реченица да застанувам и да барам превод на непознат збор :( Ако може совет?? Фала однапред.

Ако сакаш да си го збогатиш речникот единствен начин ти е да бидеш љубопитен - читај колку можеш и секојпат кога ќе наидеш на непознат збор пробарај го во речникот и запамти го значењето. Најлесен начин е пример кога читаш вести, извештаи, книги или што и да било на нет отвори онлајн речник во друг прозор и шибај. Досадно е но тоа е единствениот начин. Никој нема да дојде со инка да ти тура зборови в памет, мора сам да ги најдеш.

Во врска со читањето книги, одморо малце не ти треба речник постојано (освен ако не сакаш да го научиш секој единствен збор, како што спомнав погоре, но тоа би ти го убило интересниот дел од читањето). Кога читаш книги важно е да ја сфатиш суштината на книгата, не секој збор што значи во превод. Кога имав 13 или 14 години може, роднини од странство ми пратија книги (Хари Потер 6 и 7 дел) зашто се уште не беа преведени кај нас. И исто како и ти, почнав да читам и на секој трет збор го отворав речникот да проверам и почна да ми здосадува и го баталив речникот и почнав да читам само од книгата. На крајот видов дека се разбрав од дејството на книгата иако имаше еден тон зборови што не ги знаев. Што значи дека не мора секој збор да го знаеш за да разбереш што се случува :)
 
Imav pacienti od edno zabutano selo, kade sto internetot bese neverojatno spor i televizija osven satelitska, nemaa nikoja druga,devojceto nivno na 10 godini zboruvase perfektno germanski...duri i mi preveduvase uspeala da go usovrsi so gledanje crtani, nemozev da go razberam toj fenomen, zatoa sto ne se izlezeni nikade od seloto ednas bile 3 dena vo dojran i tolku, mislev deka si igra majtap so majka i i tatko i.
dojdoa nekoi luge od germanija isselenici od istoto selo, i rekov da razgovara so niv...lugeto mi rekoa deka zboruva duri i bez akcent...i odgovara sto ke ja prasaat, znaci se razbirale. zborot mi e...samo so gledanje tv. ako imas cnn ili drugi novinarski tv. sigurno ke go usovrsis.
pozz
 
Не знаев каде да прашам па се решив да отворам овде тема, ако сум згрешил модераторите нека поправат... Значи сакам некој кој што студира или завршил филолошки факултет (Англиски јазик) да ми даде совет. Значи кога е во прашање граматиката немам некои којзнае какви значајни проблеми но се чуствувам како "речникот" англиски да ми е 0. Како можам да научам повеќе зборови т.е да си го надополнам речникот по повеќе зборови? Повеќе ми е за читање книги на англиски што се зошто ако земам сега да читам некоја книга моментално на англиски ке треба на секоја 3та реченица да застанувам и да барам превод на непознат збор :( Ако може совет?? Фала однапред.
Ако ти е за вокабулар, тогаш читање книги е најдобар начин.
За да го поедноставиш целиот процес, моја препорака ти е да земеш kindle, ем лесно ќе доаѓаш до добри книги на англиски, ем има вградено речник така да само треба да го ставиш курсорот до некој збор и ќе ти се појави дефиниција и како се користи.
 
Не знаев каде да прашам па се решив да отворам овде тема, ако сум згрешил модераторите нека поправат... Значи сакам некој кој што студира или завршил филолошки факултет (Англиски јазик) да ми даде совет. Значи кога е во прашање граматиката немам некои којзнае какви значајни проблеми но се чуствувам како "речникот" англиски да ми е 0. Како можам да научам повеќе зборови т.е да си го надополнам речникот по повеќе зборови? Повеќе ми е за читање книги на англиски што се зошто ако земам сега да читам некоја книга моментално на англиски ке треба на секоја 3та реченица да застанувам и да барам превод на непознат збор :( Ако може совет?? Фала однапред.
Ќе си ја набавиш книгава, или некоја слична на неа и ќе си ја читаш. Во самата книга е објаснето како најдобро е да се користи.
А паралелно можеш и со читање. Некои од издавачките куќи за учење англиски јазик, Кембриџ мислам ама не сум сигурен дали беа тиа, имаат изданија на познати дела специјално обработени и прилагодени за изучување на јазикот и воведување на нови зборови. Има за различни степени на познавање на јазикот.
А со гледање телевизија и филмови, заборави. Функционира само кај деца до 7-8 години. Впрочем тоа е и начинот на кој го учат и мајчиниот јазик. Кај возрасни многу тешко.
 
Гледај филмови без превод или со англиска транскрипција.
Слушај англиска музика.
Читај книги на англиски.
Кога ќе наидеш на непознат збор гуглај зборот + define, пронајди синоними и види пример во контекст како се користи и секако види кој е директен превод со гугл транслејт.
Најди си пријателче со кое ќе можеш да правиш муабет на англиски.
Посети земја каде се говори Англиски, пример Англија или УСА, Австралија.
 
Фати си женска од англиско говорно подрачје.
 
Фала на сите за советите.
Ќе си ја набавиш книгава, или некоја слична на неа и ќе си ја читаш. Во самата книга е објаснето како најдобро е да се користи.
А паралелно можеш и со читање. Некои од издавачките куќи за учење англиски јазик, Кембриџ мислам ама не сум сигурен дали беа тиа, имаат изданија на познати дела специјално обработени и прилагодени за изучување на јазикот и воведување на нови зборови. Има за различни степени на познавање на јазикот.
А со гледање телевизија и филмови, заборави. Функционира само кај деца до 7-8 години. Впрочем тоа е и начинот на кој го учат и мајчиниот јазик. Кај возрасни многу тешко.
Да сум слушал за такви ситуации со деца кои научуваат јазик преку цртани. Не сум којзнае колку возрасен но сигурно не сум 7-8 год хахахаха.
 
А со гледање телевизија и филмови, заборави. Функционира само кај деца до 7-8 години. Впрочем тоа е и начинот на кој го учат и мајчиниот јазик. Кај возрасни многу тешко.
напротив јас го научив англискиот со помош на филмови и музика граматиката што ја научив од филмовите можда не знам дефиниции или табели и глаголи И.Т.Н. али знам да ја користам
 
Неможеш за еден јазик да кажеш дека целосно си го научил, па така јас уште го усовршувам англискиот со гледање на филмови без превод, слушање на англиски песни, читање на англиски спортски и светски вести и слично...
 
Па и професорите што се англиски во школите да им дадеш некоја книга да ја прочитаат ке најдат можеби не повеќе ама едно 10 збора што прв пат ги гледаат (или им го заборавиле значењето).
 
напротив јас го научив англискиот со помош на филмови и музика граматиката што ја научив од филмовите можда не знам дефиниции или табели и глаголи И.Т.Н. али знам да ја користам
Едно е да научиш јазик колку да се разбереш во основна комуникација, друго е да научиш јазик за можеш да читаш и пишуваш есеи или стручна литература. Со гледање филмови и слушање музика тешко дека второво ќе го постигнеш
 
па баш и можам не ми е проблем ниту читањето стручна литература ниту пишувањето есеи можеби ќе заглавам на некое зборче но чичко google ми помага а ретко кој и со константно учење ќе може да го усовш странскиот јазик без користење на речник граматиката во филмовите е точна само до тебе е колку брзо ќе се навикнеш да ја користиш и најважно е да не ја споредуваш со граматиката со своиот мајчин јазик зошто не е иста чим го сватиш тоа не ти е проблем да го научиш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom